Влада на Македонија

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Уште нешто околу ЕУ. Да си бидеме искрени према себе си нам ни одговараше да бидеме условно кажано лажени околу членството во ЕУ, посебно убаво им доаѓаше на политичките елити кога ќе дојдеше некој наконтен дипломат од унијата и со дипломатски речник ќе ни кажеше каква корумпирана тиња од држава сме, НО ако напорно работиме, еден ден ќе станеме членка на ЕУ и дека вратите на унијата се секогаш отворени за нас. За после тоа, владините мегафони ги разводнат суштинските пораки и критиките околу судството, партизацијата и.т.н и го пренагласат само делот околу поддршката и остатокот стандардна дипломатска куртоазија.
Колку само изборни циклуси преживеавме каде што членството во ЕУ беше столб на сечија кампања, и на власт и на опозиција. Иронично, но таа ЕУ утопија на некој начин ги одржуваше на власт политичките елити кај нас, му даваше ветер во грб на нивниот популизам. Нив ги лажеше корумпиранта ЕУ бирократија, политичарите не лажеа нас, народот, и на сите некако ни беше убаво да не лажат. Ваљда убава лага беше тоа, само што рокот на употреба еве и заврши и сега сите некако глумиме изненаѓени и увреѓени, демек не знаевме што не чека.
Тоа не го правеа само како дел од кампања за привелкување гласови, туку и ради тоа што тоа им е главниот избор на финансии откако ќе дојдат на власт. Македонија без европските пари буквално нема да постои. Веќе е предоцна за тргнување на друга рута.

No turning point за Македонија беше 2008ма и тогашното „прво“ вето на Грција. Тој беше последниот воз за влез во Европа без големи последици. После тој потег беше јасно дека ќе треба да се откажеме од името и дека само ќе се чека моментот кој ќе го даде. Е сега тоа што овие не го дадоа само името туку и милион други непотребни работи е веќе друго. Но моментот да се влезе како ФИРОМ и да се скрие проблемот под тепих повторно беше тогаш во 2008.

Европа itself исто така веќе е влезена во пат од кој нема враќање без сериозни последици. Нејзиниот no turning point беше мигрантската криза. Тоа беше клучниот момент Европа да се покаже како ентитет. Но пред се ради политиката на „гостољубливост“ на Германија, тој момент пропадна. Сега самата Европа е во период во кој станува трусно подрачје да биде ново буре барут, каков што беше (и сеуште е) Балканот.

Доволно е да се навратиш на муабетите од пред неполни 10 години, кога се најавуваше дека Европа ќе се исламизира жестоко во првата половина на 21 век, па тука имаше негирања од либералните „експерти“ дека тоа не е можно и дека е непотребно ширење стереотипи кон доселениците од Африка и Блискито Исток.

Но ете се деси фингирана бегалска криза, што е најдобриот заеднички проект на САД и Русија, поддржан од кумот Ердо, во модерната историја.

Така, наместо силна Европа, сојуз на членки кои се спремни да се бранат себеси безусловоно и се спремни да го тргнат америчкото и руското влијание од нив, сега добиваме поделена Европа во која само Франција и Австрија се трудат да направат нешто кое би ја одложило катаклизмата на ЕУ, затоа што е прекасно таа целосно да се одбегне.

Наместо силна Европа, сега имаш ЕУ без УК, со држ-недај политики и со преку 50.000 муџахедини во неа кои се спремни да креваат у воздух све што е потребно за да добијат 77 девици.

Крајно, наместо силна Европа имаш Европа што не може да им се спротистави на дилајли ко Орбан и дефинитивно најтрагичното, не може да му се спротистави на Бојко Борисов.

Тоа е заедничката работа што ЕУ и Македонија ја имаат моментално, што си ги испуштија шансите за стабилност. Сега им останува само како што вика добитнкот на... што ли доби уствари заборавив, да се надеваме. Ете и пругата со Бугарија ако ја доградат некад, нека ја крсти Пријателство, ама на бугарски, да не се налутат браштата.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
За кој временски период некоја од идните македонски влади ќе ги прифати барањата на бугарската држава?
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.594
Dosta vekje so toj kaurski mentalitet deka bugarija vrsi necii valkani raboti za nekoi pogolemi evropski sili i interesi.
90% od narodot vo bugarija se slozni deka treba da ni mavnat kloca pred vratata na eu.

Koi crni valkani raboti? Ova e direktna odluka na bugarija i bugarskiot narod i nikoj drug!
Ispadnaa najgolemi dushmani i grobari na Makedonija i dosta im go perete gazot!
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.695
Поени од реакции
5.527
За кој временски период некоја од идните македонски влади ќе ги прифати барањата на бугарската држава?
Замина возо, никој освен заев не е во состојба да ги прифати уцените и барањата на бугарската држава.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Тоа не го правеа само како дел од кампања за привелкување гласови, туку и ради тоа што тоа им е главниот избор на финансии откако ќе дојдат на власт. Македонија без европските пари буквално нема да постои. Веќе е предоцна за тргнување на друга рута.

No turning point за Македонија беше 2008ма и тогашното „прво“ вето на Грција. Тој беше последниот воз за влез во Европа без големи последици. После тој потег беше јасно дека ќе треба да се откажеме од името и дека само ќе се чека моментот кој ќе го даде. Е сега тоа што овие не го дадоа само името туку и милион други непотребни работи е веќе друго. Но моментот да се влезе како ФИРОМ и да се скрие проблемот под тепих повторно беше тогаш во 2008.

Европа itself исто така веќе е влезена во пат од кој нема враќање без сериозни последици. Нејзиниот no turning point беше мигрантската криза. Тоа беше клучниот момент Европа да се покаже како ентитет. Но пред се ради политиката на „гостољубливост“ на Германија, тој момент пропадна. Сега самата Европа е во период во кој станува трусно подрачје да биде ново буре барут, каков што беше (и сеуште е) Балканот.

Доволно е да се навратиш на муабетите од пред неполни 10 години, кога се најавуваше дека Европа ќе се исламизира жестоко во првата половина на 21 век, па тука имаше негирања од либералните „експерти“ дека тоа не е можно и дека е непотребно ширење стереотипи кон доселениците од Африка и Блискито Исток.

Но ете се деси фингирана бегалска криза, што е најдобриот заеднички проект на САД и Русија, поддржан од кумот Ердо, во модерната историја.

Така, наместо силна Европа, сојуз на членки кои се спремни да се бранат себеси безусловоно и се спремни да го тргнат америчкото и руското влијание од нив, сега добиваме поделена Европа во која само Франција и Австрија се трудат да направат нешто кое би ја одложило катаклизмата на ЕУ, затоа што е прекасно таа целосно да се одбегне.

Наместо силна Европа, сега имаш ЕУ без УК, со држ-недај политики и со преку 50.000 муџахедини во неа кои се спремни да креваат у воздух све што е потребно за да добијат 77 девици.

Крајно, наместо силна Европа имаш Европа што не може да им се спротистави на дилајли ко Орбан и дефинитивно најтрагичното, не може да му се спротистави на Бојко Борисов.

Тоа е заедничката работа што ЕУ и Македонија ја имаат моментално, што си ги испуштија шансите за стабилност. Сега им останува само како што вика добитнкот на... што ли доби уствари заборавив, да се надеваме. Ете и пругата со Бугарија ако ја доградат некад, нека ја крсти Пријателство, ама на бугарски, да не се налутат браштата.
Апсолутно се согласувам. Сега е моментот Европа да одлучи што ќе прави со Западен Балкан, дали ќе не земе под закрила или ќе не пушти низ вода, ќе не втурне во прегратките на султанчето Ердо и неговите неоотомански влажни соништа. Со нивното изигрување на Понтиј Пилат околу бугарскиот шовинизам, дистанцирањето околу решавањето на косовското прашање, новиот начин на преговарање за членство кој што не е ништо повеќе отколку индиректно ставање до знаење дека ЕУ проширувањето постои само формално а во реалноста е запрено, по што правењето на поглавјата реверзибилни, т.е отвори - затвори, давање можност за вето на секое поглавје, притоа знаејќи дека З. Балкан е фабрика за производство на банални спорови, новата методологија на преговори ја прави невозможна и мислам дека тоа е свесно, намерно направено. Не можат да ни речат дека проширувањето е запрено а притоа да го изгубат единственото оружје за уцени - ЕУ членството. Вака го ставаат проблемот под тепих, го одлагаат на неодредено та и да почнеме преговори јасно е дека нема да ги завршиме во догледна иднина, ако не и евер.
Така да мантрата ЕУ е веќе станата мит за нас, само нема кој да ни каже дека возот ни замина.

За ЕУ, мислам дека Германија ќе ја цеди унијата уште некое време, по што реално од ваквата Унија едино само тие видоа најголем бенефит, посебно после воведувањето на еврото и еврозоната. Со текот на времето влијанието на ЕУ како сојуз ќе бледнее, ќе се претвори во леш над кој што ќе се борат Кина и САД. Единствено ако членките не направат некаков сериозен реформски преокрет, нешто за што искрено се сомневам, имајќи во предвид дека се работи за таква една амфорна маса на членки склони кон туѓи влијанија, до заедничка политичка кохезија меѓу нив никогаш не би дошло. Додајте кон тоа дека Европа е континент кој што континуирано старее а глобалните популациски текови скоро насекаде се растечки, посебно во југоисточна Азија и Африка, ресурсите се лимитирани... тешко и се пишува и на ЕУ како сојуз, а богами уште повеќе и нам ако се распадне во целост.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Добро ај доста му е радување.

Реално до денеска не ја сфаќав големината на бугарскиот комплекс. Така да од сега па натаму треба да се консултираме со психијатар пред што и да се разговара со нив.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Јас не би се кладел на ова, дури и спротивно очекувам да се најде и таква будала за не повеќе од 1 деценија.
Прво ние не влегуваме во ЕУ за една деценија, второ до тогаш ќе има друга ЕУ.

Дури и да има будала нема потреба.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.695
Поени од реакции
5.527
Да сме живи и здрави па ќе видиме. Ова ќе биде проект на BDI, веројатно тие ќе бидат моторот. :)
Сега сета надеж ви е во сојузниците од втора светска војна, а шо бидна со заев-националниот интерес на бугарија, толку беше?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom