Во Струмица има една кујна, од Евангелско-методистичката (протестантска) црква. Пред некоја година, луѓето изградија објект, и даваат бесплатни оброци за социјални случаи, немоќни стари лица и сл. дури и по дома им доставуваат на неподвижните. Но сепак, тоа е верска институција, не е државата преку свој орган.
Ми се допаѓа идејата за народни кујни. Ги има насекаде по светот. Но, овде во Македонија, ние сме научени, во се да гледаме перење пари, малверзации и злоупотреби, благодарение на искуството од претходните години, од сите оние кои ја практицираа власта, како инструмент за инстант богатење и разграбување на се и сешто коешто можеше да се разграби и злоупотреби во личен интерес.
Тоа е еден од начините преку кои државата најдиректно ја остварува идејата за социјална држава презентирана во Уставот на РМ.
Ако нема злоупотреби и ако се организира правилно, тогаш тоа е во ред. Ја поддржувам идејата.