Владата ќе дели ваучери за струја за најсиромашните

B

Borg_Drone

Гостин
Не е трагичен постот,трагични се условите во кој живееме и некои мислења кои се шетаат од едно до друго уво кај некого:smir:
Некогаш е бесполезно да објаснуваш некои работи а тоа е така зошто има луѓе кои животот го живеат под стаклено ѕвоно, и мислат дека за да стигнеш до врвот потребно е да потполниш процедура од три чекори."Животот е тркало" велат старите па ќе дојде ден кога и овие луѓе ќе ја почуствуваат на сопствена кожа суровоста на самиот живот.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Бараат луѓето работа било каква и не можат да најдат дали го знеш тоа ти или не.

Транзициските богаташи не се снаодливи, туку им ги дадоа фабриките на тацна, снаодлив човек е кога од нула ќе направи фабрика, а не да ја земи без пари и 70 посто од вработените да ги избрка дома.
Не, живеам во Јамајка.

Повеќето од транзициските богаташи се снаодливи, искористиле момент.
Можеби се криминалци но тоа е тоа, сега живеат убаво.
Има многу луѓе кои за време на војната во Босна и Србија беа итри и искористија момент каде да ги пласираат своите земјоделски производи. Луѓето беа обични земјоделци, а сега се големи трговци кои имаат фабрики во Србија и Македонија, но тоа го постигнаа со труд а не со плачење и чекање социјална помош.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Сакаш да кажеш преку крв и лешеви!
Ја знаеме таа приказна....60 ДМ литро зејтин!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Сакаш да кажеш преку крв и лешеви!
Ја знаеме таа приказна....60 ДМ литро зејтин!
Чесни трговци од војната во бивша Југославија, обични земјоделци :vozbud:

:pos2::pos2::pos2:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не, живеам во Јамајка.

Повеќето од транзициските богаташи се снаодливи, искористиле момент.
Можеби се криминалци но тоа е тоа, сега живеат убаво.
Има многу луѓе кои за време на војната во Босна и Србија беа итри и искористија момент каде да ги пласираат своите земјоделски производи. Луѓето беа обични земјоделци, а сега се големи трговци кои имаат фабрики во Србија и Македонија, но тоа го постигнаа со труд а не со плачење и чекање социјална помош.
Види друже,во оваа држава транзициски богаташи станаа луѓе кој имаа позиции и пред тоа,а искористија и поединци како нивни роднини и пријатели,но и по некој партијски локален или било каков друг челник.За способноста и снаодливоста не стануваше ни збор,кога овие предходниве пуштија пипци во институциите на системот,од полиција до војска,преку УЈП или инспекции,во собрание или влада.Ги настаменија сопствените доушници на такви места кој не се сменуваат со промена на власта.Од сето тоа произлегоа луѓе наизглед неинвентивни,безперспективни па ја дотераа и до социјала.Не можеш ти да го обвиниш оној кој останал во некое претпријатие за некаква се помизерна плата,додека еден ден не му рекле како фирмата му заминува под стечај а него веќе го навасале години за да оди во странство,да спие на отворено и да бере овошје по Грчките или Италјанските плантажи.Згора на се тука беше и воспоставеното ГЕТО,благодарение токму на тие транзицијски богаташи кој го предложија а педофилите од Брисел едвај чекаа да го прифатат.Рака на срце многу им помогна и ембаргото против Србија,кога целиот транспорт на стока се одвиваше преку нивните веќе воспоставени канали и купени,односно закупени железнички коридори со композициите за транспорт,кога со амин на одредени корумпирани државни службеници во вагоните со мазут се шверцуваше различна акцизна стока која го забрза затворањето на нашите тутунски комбинати но и многубројни фабрики кој дотогаш работеа колку-толку за потребите на пазарот,а сега станаа неконкурентни.
За ова има уште многу да ти се разјаснува,ама во друга прилика оти сега ме фати мрза да ти пишувам.:toe:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Овој потег на Грујо ме изненади навистина:vozbud:.Ако земеме во предвид дека предходните апаши не дадоа ни денар на народот ниту од ТАТ ниту од приватизацијата , овие можеме комотно да ги ставиме во категорија на „хумана власт„ .Од како се утепаа дрпање пари преку увозот на струја и разните малверзации со хидроелектраните и термоелектраните и сл , решиле да фрлат некоја трошка од парите народот , од истиот оној од кои се украдени .Ама нема врска , барем нешто фрлаат .......:toe:
 
Рака на срце,предлогот е прилично добар,иако малку закаснет,за по 10 месеци.Е сега тоа што струјата дотогаш можеби ќе биде 3 евроценти на светските берзи,а многумина од нас ќе ја плаќаат по 6-12 евроценти,тоа е друга работа.Барем владата да кажеше отворено дека оние кој ја плаќаат струјата,ја плаќаат дупло или четиридупло токму за да им се помогне со по 1000 денари бонус на оние кој немаат од каде да ја платат.Вака испаѓа дека оние кој се фалат како ќе издвоеле средства за социјалците,практично тоа го прават со парите на другите граѓани кој ја плаќаат струјата неколкупати поскапо одколку нејзината реална цена на берзата.На овој начин власта си го покрива срамот со тоа што ќе издвои дел од парите платени со разликата на цени од граѓаните,со пари кој се многу поголеми одколку оние што наводно ќе се “издвојат“ за социјалците.:toe:
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Сакаш да кажеш преку крв и лешеви!
Ја знаеме таа приказна....60 ДМ литро зејтин!
Какви крв и лешеви бе?

Луѓето земјоделци си имаа земјоделкси продукти и ги продаваа таму. Дали на цивили или на војска незнам. Битно е што искористиле момент.

Види друже,во оваа држава транзициски богаташи станаа луѓе кој имаа позиции и пред тоа,а искористија и поединци како нивни роднини и пријатели,но и по некој партијски локален или било каков друг челник.За способноста и снаодливоста не стануваше ни збор,кога овие предходниве пуштија пипци во институциите на системот,од полиција до војска,преку УЈП или инспекции,во собрание или влада.Ги настаменија сопствените доушници на такви места кој не се сменуваат со промена на власта.Од сето тоа произлегоа луѓе наизглед неинвентивни,безперспективни па ја дотераа и до социјала.Не можеш ти да го обвиниш оној кој останал во некое претпријатие за некаква се помизерна плата,додека еден ден не му рекле како фирмата му заминува под стечај а него веќе го навасале години за да оди во странство,да спие на отворено и да бере овошје по Грчките или Италјанските плантажи.Згора на се тука беше и воспоставеното ГЕТО,благодарение токму на тие транзицијски богаташи кој го предложија а педофилите од Брисел едвај чекаа да го прифатат.Рака на срце многу им помогна и ембаргото против Србија,кога целиот транспорт на стока се одвиваше преку нивните веќе воспоставени канали и купени,односно закупени железнички коридори со композициите за транспорт,кога со амин на одредени корумпирани државни службеници во вагоните со мазут се шверцуваше различна акцизна стока која го забрза затворањето на нашите тутунски комбинати но и многубројни фабрики кој дотогаш работеа колку-толку за потребите на пазарот,а сега станаа неконкурентни.
За ова има уште многу да ти се разјаснува,ама во друга прилика оти сега ме фати мрза да ти пишувам.:toe:
Јас знам добро што и како било.
Читај другите постови јас сум против паразитите во оваа држава кои се на наш грб.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Какви крв и лешеви бе?

Луѓето земјоделци си имаа земјоделкси продукти и ги продаваа таму. Дали на цивили или на војска незнам. Битно е што искористиле момент.
Јас знам добро што и како било.
Читај другите постови јас сум против паразитите во оваа држава кои се на наш грб.
Tи верувам,ама си против и оние кој немаат шанса да се пробијат со сопствените способности,за кој мислиш дека се мрзи и неснаодливи,без да бараш причини зошто и од кои причини станале такви.Па во услови на ГЕТО вистинско чудо е што нивниот број е толку мал,дури треба човек да се чуди како нема повеќе социјалци,особено кога вака се скратуваат можности за слобода на движење.:toe:
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
socijalcite poleka izumiraat ,cekajki nekoj da im pomogne,zatoa im se namaluva brojot,ne deka gi nema.
kolku i da vikaat dzabe,nema koj da gi slusne i da gi proglasi za socijalci.
baska i zakonite gi smenija,pa se potesko e da dojde do status socijalec.
kade vo svetot ima socijalna pomos (detski dodatok od 500 denari)
i toa ke go dobie samohran roditel koj e raboto nesposoben,ili pak ako raboti no da ima pomalku od 1700 denari po clen.
za primer :ako samohrana majka ima dve deca treba da ima pomalku od 5100 den plata za da dobie detski dodatok.
koj e toj sto presmetal deka trojca vo edno semejstvo moze da preziveat so
5100 denari
i ova ke bide strasno.
ke im davaat po 1000 den . za struja ,a tie nemaat ni za leb,pa zatoa sega
nasiroko se otvora temata za prosiruvanje na grobistata ,veke nema ni kade da ne zakopaat.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
На најголемиот број вистински социјални случаи им е срам да бараат помош...се снаоѓаат кој како стигне.
А кој се „стварните социјални случаи’’ секој има можност ако сака да ги види, доволно е да се прошета до центрите за распределба на некоја си помош......има стварно што да се види!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вака така стигнавме до бројка на мрзливи за кој дечкото мисли од 50 до 100 души :) :)
Во паразити да ги набројам и осудените лица кои јадат и се бањаат на наша сметка насекаде низ затворите.
Има милион под категории каде системот мора да излезе во пресрет.А за висината на социјалниот пакет,мое мислење е дека би требало да биде во висина на трошоците за живот,а не по некои мизерни 2-3 000 денари за четири члено семејство.И останатите земји даваат социјални пакети со полесни услови од кај нас,па ниту пропаднаа ниту се осиромашија..Но главната разлика е што таму не ги крадат парите како да не виделе,туку има за сите по малку.Овде апашка држава од сиромашниот краде.Државна служба над 20 000,социјално 2 000 :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А за висината на социјалниот пакет,мое мислење е дека би требало да биде во висина на трошоците за живот,а не по некои мизерни 2-3 000 денари за четири члено семејство......

Овде апашка држава од сиромашниот краде.Државна служба над 20 000,социјално 2 000 :)
Па ондак да им се даи по 12.000 денари за храна колку кошта потрошувачка кошничка за четричлено семејство, 4000 денари за сметки (струја вода, ѓубрарина, телефон...) 3000 денари за облека тетратки, средства за хигиена..., се на се да им ги покриеме трошоците на живот со 19.000 денари.
А велиш плата од 20.000 била ехехееее кизнај колку голема за владин службеник?? тоа е плата која покрива трошоци на живот во месецот за 4члено семејство, па сега нек бира народот дали сака да работи во државно за 20.000 или ќе биде социјален случај за 19.000.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па ондак да им се даи по 12.000 денари за храна колку кошта потрошувачка кошничка за четричлено семејство, 4000 денари за сметки (струја вода, ѓубрарина, телефон...) 3000 денари за облека, се на се да им ги покриеме трошоците на живот со 19.000 денари.
А велиш плата од 20.000 била ехехееее кизнај колку голема за владин службеник?? тоа е плата која покрива трошоци на живот во месецот за 4члено семејство, па сега нек бира народот дали сака да работи во државно за 20.000 или ќе биде социјален случај за 19.000.
Не мора 19 000,може и со солна киселина да ги потуриме:smir:
Муабетот ми е дека можевме повеќе да направиме,ако имавме праведна држава,но ете и во овој сегмент се гледа колку сме мизерни.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не мора 19 000,може и со солна киселина да ги потуриме:smir:
Муабетот ми е дека можевме повеќе да направиме,ако имавме праведна држава,но ете и во овој сегмент се гледа колку сме мизерни.
Просечна плата во МК е плата која покрива трошоци на живот.
И половина просечна плата да му дадеш на социјално семејство (10.000) нема да стигни за се, и пак секој 2-3 месеци ќе им ја исклучуваат струјата не ќе имаат за лекарства за дрва за вода и пак ќе треба владата да им додава и подава.
Треба државата да започни огромни проекти, градење брани, патишта тунели, канали за наводнувања, пошумувања, расчистувања на смет и отпад, големи ... и тука да ангажира социјала. Да им се дава по 10.000 плата и еден оброк и да работаат. Кој не сака или неќе, да изгуби право на секаква помош.
За 10 години Македонија ќе биде испресецена со патишта до секое селце, ќе има вештачки акумулации ќе биди пошумена, земјата обработена чисто секаде и сите ќе работаат.
Дури и би му дал земјоделски земјишта на семејства социјалци да го обработуваат и да живеат од тоа. Па како живееше и опстојуваше народот кога не постоеше социјална помош???? Со векови и тоа поголеми семејства од денешните опстанаа и преживееа а сега не се миожело никако така?!?!?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom