Зошто живееме во држава,а не во природа каде важат овие закони на посилниот кој ти ги застапуваш на темава.Затоа е и создадено современото општество,зошто сите луѓе не се еднакви и неможат да се рамнат со успешност.Во држава,посилниот е поуспешен,послабиот мора да се згрижи од сервисите на државата,ако не да го срушиме системот и да се понашаме како во глутница,па може и ќе успееш да дојдеш до храна:smir:
Незнам зошто се продава приказната за мрчатори и плачипички во државата,како сите ние да сме се обесиле за неа па од неа леб чекаме.Зарем не гледате секојдневно колку е променет животот,колку луѓе за крајна егзистенција бараат леб во контејнер зошто и да растовараш камиони денес ред се чека.Иди на Јужен булевар и види колкава конкуренција има.На тоа додаи ги луѓето над 50 кои и физички не се способни да се борат со младината која без работа им станува конкуренција.За да аплицираш некаде ти требаат пари да тргнеш,кој заминал со празен џеб?Кој денеска на некого му позајмува пари?Банките не даваат кредит на лепе очи.Продај го станот и почни бизнис виц на годината.Како овде што и да отвориш мед и млеко тече,а ако пропадне каде ќе ги сместиш децата?
Лесно е за козата на комшијата да се зборува,недај боже да се најдеш во ситуација кога тебе треба системот да ти помогне а некој од удобна фотеља да ти кажува закони на природата:smir: