Владата ја убива економијата

Член од
6 септември 2008
Мислења
19
Поени од реакции
2
девалвација нема да има , се уште се брани денарот, и се зависи од времетраењето на светската рецесија, ама до крај на годинава ке нема девалвација кој сака може и со мене да се клади како со другарчево погоре, па заедно ке ги трошиме парите , ке го трупаме буџетот :) , а не ке да е лошо и бугарскиот модел сега да се употреби кај нас, однодно оние што лапаа тешки пари у транзицијата а ги чуваат по странски банки да ги донесат тука .... бар мал дел, супер ке му дојдат на опшеството овој период.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Процедурално за вашите постскриптуми: Зборот не е факман туку е фахман, и е германски збор (Fachman) кој на македонски значи стручњак.
Replika

Marsovka mislese na fuck(man) sto bi trebalo da znaci ebac,fraer ili vo nekoj takov konteks
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Kako што тргнала работава богами не е арно.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Мислам дека си возрасен и зрел за да ме разбереш онака како што кажувам,и те молам без вакви крижи мижи финти:smir:Ме праша,ти кажав,не гледам што не е јасно.Не е ова фудбалски натпревар па еден да победи,овде има многу елементи кои се поврзани,ти ги објаснив,да не се повторувам.
И ти согледувајки ги тие елементи до каков заклучок дојде? Кое е твоето мислење? Ке има или ке нема девалвација на денарот?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И ти согледувајки ги тие елементи до каков заклучок дојде? Кое е твоето мислење? Ке има или ке нема девалвација на денарот?
Како може да нема?????, па колку знам...испуштена диња...треснува и се распрснува на земја, не сум слушнал дека некоја полетала кон облаците кои ги црта Гwујо и министерот му финансов... :) ..освен , ако не откриле нешто ко перпетум мобиле..па си траат, преговарајќи наоколу за колку ќе го продадат........:)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Како може да нема?????, па колку знам...испуштена диња...треснува и се распрснува на земја, не сум слушнал дека некоја полетала кон облаците кои ги црта Гwујо и министерот му финансов... :) ..освен , ако не откриле нешто ко перпетум мобиле..па си траат, преговарајќи наоколу за колку ќе го продадат........:)
Не заебавај сега и ти.....кога Трајко вика дека ќа полета..мора да полета:vozbud::pos2:
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
19
Поени од реакции
2
ај бране сега со екипата експерти све ке среди знае он од порано како треба :pos2::pos2::pos2:
 
M

marsovka

Гостин
Кризата и денарот
Принудна девалвација Не се сомневам во истрајноста на НБМ во одбрана на курсот, но ако не се промени фискалната политика, борбата ќе биде апсурдна. Ќе влеземе во состојба на неминовна т.е. принудна девалвација бидејќи евра ќе нема, а побарувачка ќе постои

Ќе почнам со еден виц, кој е малку можеби детски и стар, но многу ефектен за дадени ситуации. Во еден мравјалник спокојно и вредно си живееле илјадници мравки. Но, нивниот мир го нарушувал слонот, кој секое утро одејќи да се напие вода газел на мравјалникот, го растурал нивниот дом и згмечувал стотици од нив. Мравките решиле веќе да не го трпат тоа и едно утро одлучиле да го нападнат слонот. Кога тој дошол, сите како еден почнале да се качуваат на слонот и набрзо скоро целото негово тело било прекриено со мравки. Кога тој ги забележал, мрзоволно го растресил своето тело и сите мравки се струполиле наземи, освен мравката Перо, кој храбро и упорно се држел некаде кај вратот на слонот. Кога тоа го виделе другите мравки, сите во еден глас почнале френетично да навиваат и да скандираат: „Перо задави го!...“.

На вицот ќе се навратиме негде на крајот од текстот, а пред тоа неколку зборови за нешто што, за жал, има се' повеќе шанси да се случи во Македонија, а можеме да го крстиме „принудна девалвација“. Јас сум од оние што тврдат дека најлошото нешто што може да и се случи на македонската економија во овој критичен момент, е евентуална девалвација. Можам да се обложам дека такво нешто во ова време ќе доведе до целосен колапс на економијата, нагли социјални немири (кои за жал и без девалвација стануваат се поизвесни) и политичка дестабилизација. Ако пред 4 -5 години пропаднаа обидите да се направи промена во политиката на фиксен девизен курс и негова замена со политика на таргетирање на инфлацијата ( предлог на Виенскиот институт за економија и некои домашни професори) или предлогот за евроизација (прифаќање на еврото како валута во РМ што го спомнуваа претставници на ММФ и СБ), сега мора да се истрае во нејзино спроведување и веднаш после опоравувањето на економијата да се мисли за корекции.
Но, главното прашање е дали во услови на ваква економска политика во дадениов момент ќе биде возможно да се одржи цената на едно евро во рамките на 61-62 денари. Се' повеќе станувам песимист за тоа. За да објаснам ќе го третирам еврото како и секоја поспецифична стока (на пример масло за јадење) за која постои понуда и побарувачка и за која властите чуваат одредени резерви ( кои не се неограничени) за не дај боже ситуации. Како и кај сите стоки, и кај еврото главни детерминанти на цената остануваат нејзината понуда и побарувачка. Власта со своите политики интервенира да ги испегла разликите во понудата и побарувачката и така ја држи стабилна цената. Но, тоа не е можно тогаш кога јазот помеѓу понудата и побарувачката е огромен и кога е тој на долг рок. Ако се потсетиме, минатата година дојде до период во кој имаше помала понуда на масло за јадење (на регионално ниво), цената почна да расте, владата се обиде да интервенира со оние количини кои ги имаше во стоковните резерви и да ги кара трговците, но јазот беше таков што цената порасна и се стабилизираше на многу повисоко ниво одколку пред една година. За жал, приказната е сосема слична и со еврото. Во Македонија веќе долг период имаме ситуација во која понудата на евра далеку заостанува зад побарувачката и сосема е извесно дека таквиот јаз секојдневно ќе се продлабочува. На што се темели ова?

Прво, кратко би објаснил зошто ќе се намалува понудата на евра т.е. странска валута. Едноставно заради тоа што трите основни извори, а тоа се извозот, странските директни инвестиции и дознаките од странство во првото тромесечје од 2009 се на историско ниско ниво од осомастојувањето на Македонија. И за трите од нив прогнозите се дека допрва ќе ги рушат неславните рекорди. Така само за потсетување, во јануари разликата помеѓу увозот и извозот изнесува фантастични 153,3 милиони евра, или извозот го покрива увозот со само 42,6 отсто. Слично е со приватни трансфери од странство, а странските инвестиции можеме слободно да ги заборавиме. Странското задолжување кое владата го најави во висина од 250 милиони евра е капка во море. (ќе покрие трговски дефицит за 2-3 месеци и толку од тоа).

Од друга страна, побарувачката за евра ќе остане иста или ќе бележи постојан раст. Македонија останува очајно увозно зависна економија. Во овој момент паѓаат само компонентите од увозот кои се прават заради иден извоз но сите негови останати компоненти растат. Посиромашните потрошувачи се обидуваат да купуваат поефтини производи. Многу почесто поради кризата во светот и дампинг цените од страна на големите светски компании, некои увозни производи сега се далеку поефтини отколку домашните. Од друга страна, побогатите граѓани кои не ја чувствуваат кризаат продолжуваат со купување на скапа увозна стока.Така, компаниите кои работат со увоз на производи од широка потрошувачка секојдневно се јавуваат на девизниот пазар и бараат нови количини на девизи.

Но, за жал, не е само личната потрошувачка онаа која ја одржува побарувачката на девизи на високо ниво. Постојат два други момента за кои, пред се', Владата е таа што има директно влијание. Прво, владата со својата фискална политика (ако се гледаат проекциите во ребалансот) не се откажува од желбата да оствари раст годинава и вели дека во отсуство на инвестиции, потрошувачка на домаќинствата и извозот ќе продолжи со зголемена јавна потрошувачка и инвестиции во инфраструктурата. Тоа и може да е логично но само во ситуации кога немате ваков дефицит и кога сте сигурни дека нема поголем дел од тие средства да продуцираат увоз. Тоа во Македонија нема да е случај и дефинитивно најголем дел од овие средства (без разлика како тоа владата мисли да ги дава проектите на македонската оператива) ќе завршат како нов притисок на страна на побарувачката на девизи. Второ, Владата во овие три години со ниеден потег не поработи на подигање на довербата во домашната валута, напротив.
Несфатливо е како некој субјект во Р.М. ќе верува во денарот, кога самата влада има донесено илјадници акти и закони во кои местото каде треба да се наведе паричен износ (казни, глоби, минимален основачки капитал и сл.) стои вредноста во евра, а потоа изразена во противвредност во денари. Владата дефакто постојано продуцира страв од можна девалвација. Тоа го прифатија останатите субјекти, па банките постојано ја зголемуваат разликата на каматните стапки помеѓу денарските и девизните депозити. Не постои банка која одобрува кредит, а тој да нема девизна клаузула. И поради тоа граѓаните и компаниите се повеќе ќе ги претворат своите денари во девизи и ќе вршат притисок на побарувачката за евра. (Нема да помогне карањето на Министерот за финансии дека рационалното однесување на субјектите кои купуваат евра е демек гнасна шпекулативна операција на поединци насочена против владата и РМ).

И на крајот меѓу овие две работи останува НБМ. Таа постојано интервенира на пазарот. Од една страна, со издавањето на записи ги повлекува денарите и со тоа ја намалува побарувачката за евра, од друга страна ги пушта еврата од девизните резерви и ја зголемува понудата. Секако меѓувремено ги трпи шлаканиците од владата и на некои провладини големи газди кои не станаа банкари, дека води иста политика и во услови на инфлација и во состојба на дефлација, и засега молчи. Се разбира никој не смее да и каже на владата дека и она води иста погубна фискална политика и во време на инфлација и во време на дефлација, и во време на експанзија и во време на извесна рецесија.

Како и да е. Ресурсите за интервенција се ограничени. Не се сомневам во истрајноста на НБМ во одбрана на курсот но ако не се промени фискалната политика, борбата ќе биде апсурдна. Ќе влеземе во состојба на неминовна т.е. принудна девалвација бидејќи евра ќе нема, а побарувачка ќе постои. Првиот знак ќе биде тогаш кога ќе посакате да купите евра и во некоја од менувачниците ќе ви кажат дека моментално немаат, а веднаш на првиот агол некој демек случајно ќе ви понуди да купите евра, но за 70 ден. Се надевам разумот, а пред се среќата нема да не напушти и тој филм нема до гледаме.

П.С. Никој не го знае крајот на вицот од почетокот на текстот. Некои велат дека мравката не го задавила слонот ама дека му направил непријатности и тој веќе никогаш не поминувал таму. Други велат дека сепак тој завршил трагично. Како и да е, на крајот морам да кажам дека сите личности во вицот се измислени и секоја сличност е случајна.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A0E06DE6598FD54BBC851C0FD4E84F4A

Колку време до девалвација ?тик,так,тик,так
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Кире Наумов....:toe: :)

Дур будалата Гошев е во НБМ, не ми е страв...е ако си отиде...би вери афрејд!:vozbud:
 
Член од
30 април 2009
Мислења
43
Поени од реакции
2
Vladava ne turna vo bezdna. Kaj sto pile ne pee, kaj sto vozduh ne strui, kaj sto voda ne zubori. I redno e vladava da si se povlece.:kesa:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нови построги правила воведува Народната банка. Двојно, од 10 на 20 проценти ја зголемува задолжителната резерва за кредитите исплатени во денари со девизна клаузула, какви што се најголем број од кредитните пласмани во земјата.
Од 10 на 13 проценти се зголемува резервата за кредити пласирани во странска валута.
Банкарите што ги контактираше А1 немаа многу информации за новата монетарна политика. Но, велат ваквите чекори на централната власта водат кон ново поскапување на кредитите, бидејќи поголема сума на пари сега ќе биде блокирана и нема да може да се пушта во оптек.
Целта, меѓу другото, како што се наведува во соопштението од НБРМ, е на ваков начин да се поттикне штедењето во денари, да се намали побарувачката за девизи.
Во време кога НБРМ воведува построги правила во монетарната сфера, стопанствениците чекаат нови кредити за нивните бизниси.
Ѓорѓи Јанчевски, „Тутунска банка“
„Банките ќе си ги одобруваат согласно нивните политики и процедури, Владата нема воопшто да се меша“, изјави на 14 мај Ѓорѓи Јанчевски, „Тутунска банка“.
„Доколку зборуваме од наша перспектива, не ги заоструваме условите за проценки, тоа е принципот на кој работи нашата банка од почетокот на воспоставување - детална кредитна анализа и утврдување кој е капацитетот на клиентот, колку може да враќа“, рече на 26.06.2008 Јованка Јолеска Поповска, „Прокредит банка“.
Континуирано намалување на девизните резерви. За 20 насто се намалени за пет месеци. И дефицитот во тековната сметка постојано расте. Јазот меѓу увозот и извозот континуирано се зголемува.
Статистиката покажува дека се пораснати девизните депозити за 24 насто, а депозитите во денари се пониски за 8 проценти од истиот период лани. Поголемо забавување е евидентирано кај кредити на домаќинствата.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109225

Еве го одговорот на Народна Банка за вишокот ликвидни средства во банкарскиот систем(вишок кој го добија од каматите што Славе ги пумпаше).Овие средства во задолжителна резерва банките неможат да ги користат,им ги зема НБРМ да ги чува.Што значи способноста за пласирање на кредити кај населението и стопанството на банките им им се намалува.До сега поради страв од девалвација банките даваа кредити со девизна клаузула.
Ова е една од најстрогите мерки која може Централна Банка да ја преземе во бранење на курсот на денарот.Задолжителната резерва е она што најмногу го мразат банките(јебига незнаат да играат домино:)).
Да не сака некој записи од 9,2%?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
А да не сака некој над 20% камата за муштерии? За редовни попуст 0.1% :) Изгледа стварно ќе одат нагоре, ако вака се продолжи, дали џабе беше мојот оптимизам? ЈБГ, ги урочив. :kesa:
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
А да не сака некој над 20% камата за муштерии? За редовни попуст 0.1% :) Изгледа стварно ќе одат нагоре, ако вака се продолжи, дали џабе беше мојот оптимизам? ЈБГ, ги урочив. :kesa:
Е, па другпат да не збориш пред рака :)
А за понудата што ја даваш ќе размислам :)
 
Член од
26 мај 2009
Мислења
73
Поени од реакции
2
Мислам дека оваа криза најмалку ќе се познае во Македонија затоа што овде се навикнати на отпустање а во др земји не се
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Международни инвестиционни фондове дов'ршват строителни проекти

Международни инвестиционни фондове са готови да подпомогнат дов'ршването на
строителни проекти в Б'лгарија и в региона, които са на стојност повече от 30 млн. евро. Това с'обштиха в Националнија пресклуб на БТА представители на б'лгарскија офис на компанијата CENTURY 21.

Международни фондове са готови да отпуснат финанси на стојност до 100 милиарда евро. За територијата на Б'лгарија и Македонија кандидатите трјабва да се св'ржат с'с "CENTURY 21 Б'лгарија и Македонија", като представјат п'лна документација за проекта и необходимата финансова информација.

Представителите на "CENTURY 21 Б'лгарија и Македонија" ште правјат предварителна обработка на документите и ште ги препраштат на отговарјаштите за проекта в международната му част.

Предстои в нај-скоро време да б'дат с'здадени и фондове, работешти на с'штија принцип, които ште обслужват проекти с по-ниска стојност, с'обштиха от компанијата.
Автор: Елица Елефтерова
Money.bg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom