Владата ја убива економијата

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Стопанството е пред колапс, малите и средни претпријатија се во тешка состојба поради кризата. Ова го заклучија бизнисмените и економисти на тркалезната маса, тези и антитези за Македонија и светската криза.
„Нашето стопанство, особено малите и средните претпријатија се најдоа во многу тешка ситуација“, рече Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.
Аналитичарите на власта и предложија шест мерки за справување со кризата - да не склучува аранжман со ММФ, да го зголеми буџетскиот дефицит, да обезбеди флексибилен курс на денарот.
„Владата треба да ги заборави фантазиите за странски инвестиции. Тие можеби ќе дојдат, а можеби и не, без разлика дали владините претставници ќе шетаат по светот и ќе бараат инвестиции. Владата треба да се фокусира на домашните инвестиции и на обезбедување работни места“, изјави Сем Вакнин, економски аналитичар.
„Оваа година Република Македонија е соочена со реалната опасност за тотален крах во финансискиот систем, и затоа неопходни се мерки“, вели Ден Дончев, економски аналитичар.
Мирче Чекреџи
Власта под итно да преземе мерки за падот на индустриското производство, бараше денеска и опозицијата во Собранието.
„Обемот на производството на претпријатијата во изминатите три до четири месеци опаѓа и продолжува да опаѓа и во тековниот месец. Залихата на суровини и репроматеријали се под нормалата“, рече Јани Макрадули, СДСМ.
Возврати премиерот Груевски, Владата одобрила земање кредит од Европската инвестициска банка. Тоа ќе им овозможело на малите и средни претпријатија, земање кредити со стапка од шест проценти.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109231










Денеска има топ вести од економија.Првата сосема очекувана,ама оваа вторава се прашувам дали има грешка во болдираниов текст или луѓево сосема полуделе во земјава.Овие мерки кој се преложени ќе значат смрт за македонската економија.Флексибилен курс,односно промена на сегашниот фиксен курс во услови на огромен буџетски дефицит,стопрен извоз и преполовени резерви,ќе значи слободна движење на вредноста на денарот до неговата рамнотежна точка,а таа е над сто денари.Во првата флуктација,денарот ќе девалвира и повеќе од колку што е рамнотежата,значи може да се случи да дофрли до 200 денари за евро.И што ќе се случи,оние фирми кој набавуваат производи од странство,а кај нас увозот е голем започнувајќи од прехрамбени продукти,се до лиени коњи,имаат долгорочни договори со набавувачите,се разбира во евра.Ако досега за литро млеко плаќале 1 евро,61 денар,сега на партнерот ќе му платат 200 денари за литро.Кога они ќе платат 200 (бројкава е произволна,само за пример) денари за литро,овде ќе го продадат за 250 денари.Кога домашните млекари ќе видат таква цифра,своето млеко од 45 денари,ќе го дигнат на 100,бидејќи ќе нема увезено млеко и конкуренција.Кога ќе рипне цената на млекото,ќе рипнат и сите продукти основни за живот.Увозот ќе се намали,а инфлацијата ќе се зголеми.
Од страната на извозот,ако млекото ни чинеше досега на пример едно евро,со флексибилниот курс сега ќе чини пола евро (ако е 120 денаро за едно евро).И сите ќе се свртат од кај нас да земаат млеко.Како ни плаќаат странците така идат девизи,еврејки во резервите.Тоа ќе го бутка девизниот курс надоле и за брзо време ќе го симне надоле,бидејќи е флексибилен.И кога ќе го симне,никој нема да ни го купува млекото повторно,бидејќи нема да биде без пари.
И кога ќе дојде рамнотежата,се по старо.
А ова во усови на светска криза,тргнете го извоозт,бидејќи сите се вртат кон домашно производство и гледајте што ќе ни нарави увозот.Ако се случи флексибилен сега,на нас како увозна земја деновите ни се одбројани до тотален колапс.
Флексибилен ограничен курс до +_5 се прави во поволно економско опкружување,со издржлив дефицит и одморена монетарна политика.Фиксниот курс ни помогна многу како земја,но долгото користење допринесе да ни се зголемува константно увозот,а извозот да ни умре,бидејќи денарот е преценет,а ние упорно го браниме бидејќи тоа е столбот на стабилност,во спротивно сега во вакви услови ќе беше тотална паника.
 
M

marsovka

Гостин
Сакаш да кажеш дека сме осудени?На пропаст и економија која еквивалент на некоја афрчка држава?
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Сакаш да кажеш дека сме осудени?На пропаст и економија која еквивалент на некоја афрчка држава?
Ne be kaj nas se cveta,uspesni firmi , banki na sekoj kjos vo koi se slevaat enormni sumi na pari, platite se kacuvaat na sekoi 15 dena , lugjeto prosto blikaat od srekja i komsii so komsii se srekjavaat nekade okolu svetot koga odat na 6 mesecni krsttarenja so ogromnite luksuzni brodovi.

A be se e super ama samo na hartija vo kancelariite na vladata na RM.

So bi dal da mi kazat so narkoticni sredstva koristat za da vlezat vo takvi filmovi!!!!!

Alal da im e!!!!!!!

:salut::salut::salut::salut::salut::salut:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
За оние кои што не излегле од Македонија и единствено што гледаат А1 и Сител неколу информации...
Кризата удри секаде па и во Македонија,да беше Ангела Меркел овде премиер исто ќе си беше,таа не може да си ја среди нејзината држава а камо ли нашата?
Во сите држави на ЕУ производството е намалено за повеќе од 40% и поголем дел од работниците се пуштени на неплатен одмор не по своја вина.
Зошто се затвараат многу фирми во Македонија?!
Владата нема ама баш никаква вина,нема побарувачка на пазарот а нема и потрошувачка,ако ги нема тие 2 основни работи фирмите кај нас што произведуваат разноразно стоки треба да ги складираат во магацини,треба да плаќаат за тоа складирање а ќе им требаат и пари за репроматеријали за да го продолжат производството...
Гледајте ги работите реално а не со очите на вашата партија,знам дека е тешко ама мораме да издржиме,кај сите Турци таму и гол Асан...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
..................Во сите држави на ЕУ производството е намалено за повеќе од 40% и поголем дел од работниците се пуштени на неплатен одмор не по своја вина.........
-40% од нешто големо, пак доста останува....... а за -40% од такаречи ништо е друг муабет...:helou:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
-40% од нешто големо, пак доста останува....... а за -40% од такаречи ништо е друг муабет...:helou:
Имаше една легендарна изјава на БЦ пред неколку години а гласи вака:
Ние сме како едно мртво тело кое потонува ама кога ќе дојде до дното по сите закони тоа мора да исплива...
Арно ама тој глупчо што му го пишал говорот заборавил дека мртвото тело и после испливувањето пак е МРТВО!
Виновниците треба да ги бараме малце наназад а не вчера...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
За оние кои што не излегле од Македонија и единствено што гледаат А1 и Сител неколу информации...
Ако гледаат сител немаат проблем, овде е подобро и од Луксембург и Норвешка заедно :smir:. Според сител нема потреба од економско емигрирање и грижа воопшто.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Имаше една легендарна изјава на БЦ пред неколку години а гласи вака:
Ние сме како едно мртво тело кое потонува ама кога ќе дојде до дното по сите закони тоа мора да исплива...
Арно ама тој глупчо што му го пишал говорот заборавил дека мртвото тело и после испливувањето пак е МРТВО!
Виновниците треба да ги бараме малце наназад а не вчера...

Не издржа да направиш релација со тоа кој е крив што сме сега во оваа состојба, па реши да се вратиш назад.

Убава амнестија направи за моменталната состојба во која е Македонија, ама некако не се сеќаваш на празната каса што ја имаше Македонија по осамостојувањето, блокадите од Грција и педерскиот начин на кој што постапи ЕУ спрема Македонија. Практично земја не призната, без пари и ниту едно членство во некаква СТО, ОН, и други сојузи и пактови.

Ако за оваа криза ги амнестираш сегашниве, тогаш автоматски ги правиш невини како бебиња тогашните.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Виновниците треба да ги бараме малце наназад а не вчера...
Заеби тоа ...кој е крив...никаква фајда нема од тоа...што ме боли кој е крив..од тоа не се живее...ништо не ми користи тоа што ќе знам кој бил крив...
....додека ние се натегаме кој и зошто е крив отидовме и под муљот на дното......ќе се закопаме..
..треба...рез...сечи кадар..
....требаат нови идеи....но луѓе со идеи изгледа во моментов нема, дефицитарни се или се негде длабоко сокриени од ова меѓупартисково плукачко лудило...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Заеби тоа ...кој е крив...никаква фајда нема од тоа...што ме боли кој е крив..од тоа не се живее...ништо не ми користи тоа што ќе знам кој бил крив...
....додека ние се натегаме кој и зошто е крив отидовме и под муљот на дното......ќе се закопаме..
..треба...рез...сечи кадар..
....требаат нови идеи....но луѓе со идеи изгледа во моментов нема, дефицитарни се или се негде длабоко сокриени од ова меѓупартисково плукачко лудило...

Е то е финтата, Воне, затоа ме изнервира неговиот пост, држава за никаде ни е, а партискиве кадри си се амнестираат и си се напаѓаат едни со други и ич мува не ги лази, каква е состојбава, затоа што ете тие не се криви.

И се во круг, задоволството на квадрат... ама за нив.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За оние кои што не излегле од Македонија и единствено што гледаат А1 и Сител неколу информации...
Кризата удри секаде па и во Македонија,да беше Ангела Меркел овде премиер исто ќе си беше,таа не може да си ја среди нејзината држава а камо ли нашата?
Во сите држави на ЕУ производството е намалено за повеќе од 40% и поголем дел од работниците се пуштени на неплатен одмор не по своја вина.
Зошто се затвараат многу фирми во Македонија?!
Владата нема ама баш никаква вина,нема побарувачка на пазарот а нема и потрошувачка,ако ги нема тие 2 основни работи фирмите кај нас што произведуваат разноразно стоки треба да ги складираат во магацини,треба да плаќаат за тоа складирање а ќе им требаат и пари за репроматеријали за да го продолжат производството...
Гледајте ги работите реално а не со очите на вашата партија,знам дека е тешко ама мораме да издржиме,кај сите Турци таму и гол Асан...

Јас разбирам дека има светска криза,но да речеш дека таа е виновна за овие катастрофални макроеконмски показатели кај нас е перење на газот со ладна вода.Ете ги резултатите од експанизвната фискална политика,која е веќе две години.Се знае кој се резултатите на расфрлање буџетски пари без покритие,нула економски раст,и пораст на депрецијација.Експанзивна фискална делува ефикасно 6 месеци,најмногу една година.Ако не се сопре во умерена,се добива она што го имаме денес.Порастот го прави монетарната политика на долг рок,со олабување на камати,се намалување на резерви со стабилен курс и стабилна стапка на инфлација.Но денес имаме обратна ситуација,кога едните го врзуваат јажето Гошев само им го бутка столчето,нема што друго да прави човекот.Тие му се инструментите,тие ги користи.Него најдобро му е да лабаво и сите среќни и он без работа.Светската криза се игра со штедење,не со расфрлање.Тоа го зборувам уште од почеток.Ако сега не се стегне на сите страни,ни кучињата со маст не не јадат.Мене не ми е страв за денес,мене најмногу ме плаши што утре ќе се случи.Од ова денес што се игра,ќе преминеме во жикино за 2-3 години.Германија 2010 ќе рипне на нозе,но Македонија во 2010 ќе осети што е чекан во глава.
Само што видов експресна реакција на Тутунска Банка денес со покачување на 1% на своите камати,од утре рипаат и во другите банки.На крајот на месецот најавуваат уште едно покачување.Од 15,9 до 18 ќе стасаат,прашај кај другите како е.
Време е да се седне на газот и добро да се размисли каде одиме.Не е државава за еден мандат,не е економијата само за две години.Потребна е рестриктивна фискална,потребно е замрзнување на се што значи непотребно и без примат во моментов,а не да ми гради кујни и резиденции.Стојам на ставот дека ММФ ни е потребна во моментов,дека не треба да се оди со обврзница од 13% камата,дека кредитот од ММФ и нивното присуство овде ќе го стишат ова лудило.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Заеби тоа ...кој е крив...никаква фајда нема од тоа...што ме боли кој е крив..од тоа не се живее...ништо не ми користи тоа што ќе знам кој бил крив...
Можи работата е да се најде некој кој е прав (некој бараше со фенерот Човек), за криви пуна капа :smir:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
ама некако не се сеќаваш на празната каса што ја имаше Македонија по осамостојувањето, блокадите од Грција и педерскиот начин на кој што постапи ЕУ спрема Македонија. Практично земја не призната, без пари и ниту едно членство во некаква СТО, ОН, и други сојузи и пактови.
Јас не амнестирам никого бидејќи никого не ми дал ни едно денарче ама ако се вратиме наназад и се сетиме на оној закон некаде од 94 или 95 кога ако имаш неплатен данок до 50.000 Германски Марки и фирмата ти отиде во стечај не плаќаш ништо на државата,е тогаш наместо да се полни државната каса таа се празнеше а луѓето само го менуваа имињата на фирмите и ја научија азбуката тогаш бидејќи вака барем во Струмица беше,ако му се викаше фирмата Кајгана после првиот стечај стануваше КАЈГАНА А,после вториот стечај КАЈГАНА Б па КАЈГАНА В и се така редум...
Блокадата од Грција не ни беше само заради името,сето тоа беше и бизнис? Си се запрашал ли ти како патуваше нафтата во времето на ембаргото од Грција за Србија?
Најди го датумот кога на Србија и им ги скинаа санкциите и датумот кога Грција пак ги отвори границите спрема Македонија и ќе видиш неки сличности?

Заеби тоа ...кој е крив...никаква фајда нема од тоа...што ме боли кој е крив..од тоа не се живее...ништо не ми користи тоа што ќе знам кој бил крив...
Од некаде морало да почне ова пљачкосување кое продолжило и ден денешен или треба сега да викаме МОРЕ МАМЕ МУ Е..М КОЈ ПРВ ПОЧНА!
Сите тие се исти само со поинакви лаги...

Јас разбирам дека има светска криза,но да речеш дека таа е виновна за овие катастрофални макроеконмски показатели кај нас е перење на газот со ладна вода.
Пак ќе се навратам на мојот пост и делот со Ангела Меркел!
Џабе не напишав дека и таа да дојде пак кај нас нема да се оправи а тоа дека Германија ќе се оправи е точен податок,живеам и работам овде повеќе години и ја знам целата ситуација каква е?
Што се однесува до банките,ако така продолжат со зголемување на каматните стапки мислам дека брзо ќе одат и тие во стечај,нема никој да им зема кредити а сите банки натрупале недвижности и нема кому да ги продадат,сува пара нема и ете ти го нивниот крај.
Мислиш ли дека го оправдуам ова расфрлање на пари кое се случува сега односно со кое се купува социјалниот мир кај државната администрација за ВМРО и понатаму да остане на власт?
Сите тие се исти,не треба да ги амнестираме туку како во средниот век да ги запалиме на клада или како што Ромаците го убија Чаушеску,овде треба БАГЕР револуција инаку со сите овие луѓе што ги имаме како економисти или водачи на државата заминавме јабана!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Иако сме делумно изолирани со визите, не значи дека светската економија нема влијание и кај нас. Едноставно не сме сами на пуст остров.
Цената на струјата останува иста
За ЕВН-Македонија ваквата одлука е дискриминирачка бидејќи регулаторите не ги признале нивните трошоци од 105 милиони евра, со што се доведувала во прашање ликвидноста на фирмата

ИМБ го зголемува откупот на млеко

Зголемени каматите на депозитите и на кредитите

Рудниците пред банкрот

Лихварски камати на кредитите
Банкарите вчера загрижено пресметуваа колку одлуката за повисока резерва за депозитите ќе им ги зголеми трошоците за досега прибраните депозити.

Уште 4,7 отсто невработени во индустријата

Со новите мерки на НБМ ќе се заштити курсот на денарот
Со зголемување на задолжителната резерва на депозитите и останатите нови мерки што Народната банка ќе ги спроведе, ќе се заштити девизниот курс на денарот.

Стопанството пред колапс


Стопанството е пред колапс, малите и средни претпријатија се во тешка состојба поради кризата. Ова го заклучија бизнисмените и економисти на тркалезната маса, тези и антитези за Македонија и светската криза.
„Нашето стопанство, особено малите и средните претпријатија се најдоа во многу тешка ситуација“, рече Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.
Аналитичарите на власта и предложија шест мерки за справување со кризата - да не склучува аранжман со ММФ, да го зголеми буџетскиот дефицит, да обезбеди флексибилен курс на денарот.
„Владата треба да ги заборави фантазиите за странски инвестиции. Тие можеби ќе дојдат, а можеби и не, без разлика дали владините претставници ќе шетаат по светот и ќе бараат инвестиции. Владата треба да се фокусира на домашните инвестиции и на обезбедување работни места“, изјави Сем Вакнин, економски аналитичар.
„Оваа година Република Македонија е соочена со реалната опасност за тотален крах во финансискиот систем, и затоа неопходни се мерки“, вели Ден Дончев, економски аналитичар.
Власта под итно да преземе мерки за падот на индустриското производство, бараше денеска и опозицијата во Собранието.
„Обемот на производството на претпријатијата во изминатите три до четири месеци опаѓа и продолжува да опаѓа и во тековниот месец. Залихата на суровини и репроматеријали се под нормалата“, рече Јани Макрадули, СДСМ.
Возврати премиерот Груевски, Владата одобрила земање кредит од Европската инвестициска банка. Тоа ќе им овозможело на малите и средни претпријатија, земање кредити со стапка од шест проценти.
Е тој Дончев, е тој Вакнин, дрмаат. Нели Вакнин беше со името врзан, требало да се мења. Или експерт за се и сешто. Кога споменав експерти, на вакви типови мислев, матни.


Инаку на глобално поле сегде е лошо. И секаде домашниот есап и од пазар не е ист (есапот на ОН подолу)

Пад на индустриско производство во Србија од 21,1 отсто

Џенерал Моторс на чекор до стечај

„Горење“ со загуби од 14,7 милиони евра

ОН предвидува пад на светската економија за 2.6%

[28.05.2009] Светската економија годинава ќе опадне за 2,6 проценти, наместо претходно предвидените 0,5 посто, се наведува во најновата прогноза на Обединетите нации (ОН).
Но некој растура и во криза.

Стопанска банка Битола ќе им подели дивиденда на акционерите за минатата година
Милион и пол евра, толку стопанска банка Битола ќе им подели дивиденда на акционерите за минатата година.

Одлуката вчера ја донесе Собранието на банката. Стопанска банка Битола лани остварила нето добивка од близу 185 милиони денари или три милиони евра.

Износот на дивидендата по акција изнесува 240,00 денари или 8 проценти на номиналната вредност, а последен ден за тргување со право на дивиденда за 2008 година е 8 јуни.

Вкупните приходи на банката во 2008 година достигнале една милијарда денари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom