Владата ја убива економијата

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Токму поради оваа причина сакам некој да не контролира,бидејќи без разлика во која боја доаѓаат облечени, коските ни ги изглодаа.
Сите се од ист калибар.Едните „приватизација“ другите „екперти за се“,народов пропати и уште не му текнува дека ќе пати вечно поради самиот себе.
Што душа ќе имаа луѓево и како навечер си легнуваат со мирна совест не ми е јасно.
проблемот е што тие кои ќе не контролираат......немаат мандат да апсат, кратко да судат и брзо да дават во кофа со вода....без такво прочистување...можат до судни ден да не контролираат, на народ нема да му биде ништо подобро....
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
проблемот е што тие кои ќе не контролираат......немаат мандат да апсат, кратко да судат и брзо да дават во кофа со вода....без такво прочистување...можат до судни ден да не контролираат, на народ нема да му биде ништо подобро....
не заебавај какво давење какво прочистување, човекот сам се удавил поради чуство на вина:baeh:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.788
Поени од реакции
12.272
Еднаш веќе нека ја убие. Тие не се чесни на микрониво, нека некој проба да побара поврат на данок, ќе исповрати од мака. А да не збориме за начинот на водење на макроекономија. В'ци
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Еднаш веќе нека ја убие. Тие не се чесни на микрониво, нека некој проба да побара поврат на данок, ќе исповрати од мака. А да не збориме за начинот на водење на макроекономија. В'ци
Таа лудост не се препорачува.......под итно ти се нацртуваат неколку инспекции.....:kesa:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
проблемот е што тие кои ќе не контролираат......немаат мандат да апсат, кратко да судат и брзо да дават во кофа со вода....без такво прочистување...можат до судни ден да не контролираат, на народ нема да му биде ништо подобро....
Имаш право,треба да се реформира ммф:)
Баш типичен пример кога ммф треба да тепа беше во 93 тата.Тогаш им наредија на нашиве владатари да го прекинат ланецот плати,пензии инфлација (зошто македонциве земаа плати во милиони:)) и бате бране пред избори ги покачи платите на администрација за 20%.Инфлацијата од 1000% рипна на 1995%:)
Замисли сега овој како што е тврдоглав што може да направи ако ни постават услови:pos2:една вреќа сол до него и одлуки!
 
Член од
28 април 2009
Мислења
91
Поени од реакции
3
...na balkananot imate sluchaj, kade sto edna drzava kaza odluchno NE na MMF...slovenija, megutoa posle raspadot na SFRJ taa drzava beshe ustavo-tvorna i vo praktika, za samo dve nedeli...spremna i poshtena od pocetok do den denes...tamu nikoj ne kradeshe na samiot pochetok i site bea svesni deka e toa edinstveniot pat za pravenje mlada drzava...sho ne e sluchaj i so drugite ex YU drzavi...

znachi, narodot zasluzuva drzava kakov shto e toj samiot(voglavnom):smir:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
НБМ предвидува рецесија

НБМ предвидува рецесија

Народната банка на Македонија (НБМ) излезе со ревидирана проекција за економскиот раст на Македонија во 2009, предвидувајќи негативна стапка од 0,4 отсто, што би значело влез во рецесија.

Стапката на економски раст за 2009 година, за која претходните проекции изнесуваа од 3-4,4 отсто, е ревидирана на -0,4 отсто, при очекување на значително забавување на домашната побарувачка во вториот квартал, соопшти денеска НБМ.
Истовремено НБМ предвидува исклучително ниска стапка на инфлација од 0,6 отсто, поради намалените притисоци на побарувачката и понудата и повисока споредбена основа.

http://www.time.mk/story_d10733c770_article_5f1b4c1034.html

Плелодба или абортус беше....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.788
Поени од реакции
12.272
tamu nikoj ne kradeshe na samiot pochetok i site bea svesni deka e toa edinstveniot pat za pravenje mlada drzava...sho ne e sluchaj i so drugite ex YU drzavi...
Зецот е тука во џбунчето. Како република беа најјаки и економски, социјално-беа посебно општество во рамките на ЈУ и имаа голема самоконтрола. Знам многу добро како работеа, татко ми работеше за нив (во СФРЈ).
Заради тоа и не им беа потребни финансиски инекции и совети од ММФ. Македонија како една од најслабите, заедно со тогашно Косово и Метохија, не беше за пример на економија и совесност во работата.
Како да бараме поштење од нашите власти кога успеаја да ги мавнат неколку милиони УСА долари уште пред 10-тина 15 години од проектот на СВ Банка за бележење на добитокот и од зачетокот на земјоделската берза. Кога можат од ваква институција каде има поприлично контрола да тргнат пари, тогаш може да замислиме редовниот буџет каде се се слева.

Како пример за слабо организирана држава е и патот кон ЕУ реформите. Од 1994-1995 сме во проектот ФАРЕ, се до сега немаме некои поголеми промени. За разлика од нас, во тој проект учествуваат Полска, Унгарија и сличните (затоа е и кратенката PHARE) кои направија драстични резови, ја дигнаа економијата на доста повисоко ниво и сите реформи ги завршуваа на време. Тој напредок и имплементација одеа по области и сектори. Кај нас тие реформи се само обланда, налик на реформи. Еве ако некој знае конкретна реформа која е успешно спроведена и завршена и добро функционира-пример здравство, образовен систем, администрацијата, ит секторот и имплементацијата во општеството... или се започнати, а незавршени или се наводно завршени, а не функционираат. А овие институции ММФ и остали будно го следат тоа и при најмала можност пробуваат да се имплементираат. можеби (како што пишав на едно место) нема резултати од ММФ соработката, тоа е можеби меч со 2 оштрици, но ако не не контролира некој ние самите сме залутани во магла. Преведовме тони и тони европски закони, а имплементација?
И мислам дека и Зевсусот фино ми одговори, а после и самиот си подразмислив дека не се когаш треба кривица да се бара кај друг-во случајов кај ММФ. Ми одговори дека ние сме виновни што, иако се прават аранжмани со ММФ, истите многу не се почитуваат. Се застранува од зацртан курс.

И се додека ние скокаме дека сите други се виновни за нашето каскање, се до тогаш ќе тонеме. Јес, виновни се оние кои не блокираат, но ние самите дали сме мрднале со прст? Јок. Сеуште нема едношалтерски, сеуште нема ит имплементација во школите и здравството, тие секотир ни се голема нула, администрацијата е навистина трома и неработна (жив сведок сум секојдневно на таков однос), судство, капиталните инвестиции кај се, коридорите до каде се...да не ги набројувам, ги знаете.

А тие институции ММФ, СВ Банка, европските институции...сите тие се поврзани и постојано ги следат извештаите, како од секој проект кој се извршил кај нас, така и од тековните проекти. Затоа постојано ќе бараат причина, у ствари повод повеќе за да мораме да го исполниме за влез во евроско-американските сојузи.

Со шминка не се поправаат брчки, потребен е фејслифтинг за такво нешто.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
З

И се додека ние скокаме дека сите други се виновни за нашето каскање, се до тогаш ќе тонеме. Јес, виновни се оние кои не блокираат, но ние самите дали сме мрднале со прст? Јок. Сеуште нема едношалтерски, сеуште нема ит имплементација во школите и здравството, тие секотир ни се голема нула, администрацијата е навистина трома и неработна (жив сведок сум секојдневно на таков однос), судство, капиталните инвестиции кај се, коридорите до каде се...да не ги набројувам, ги знаете.
Искрено јас не верувам во приказната дека нас некој 19 години не блокира да влеземе во систем каде условите (Мастрихт) се од економска природа.Можеби оти сум човек кој секогаш тргнува од себе си,па потоа од останатите.Јас не гледам дека ние имаме исполнето барем еден услов од поставените,можеби оти не ме палат партии гледам пообјективно од широката народна маса која смета дека Грција е единствен фактор за нашата беда.Ние како земја ако ги имаме тие критериуми исполнето,нема да ни треба ни ЕУ ,ни свети ЕУ.Но за жал популизмот кај нас е главна одлика,додека сите земји се свртени кон економијата ние како замутавени магариња продаваме политики за Александар Македонски дали бил наш или нивни,а човекот умрел пред нашата ера.Мене Александар Македонски нема да ми донесе леб дома,нема да ми ги направи децата среќни,зошто луѓево се слепи?

Имав големи очекувања од оваа влада,мислев дека се неискусни потичари,млади нема да влезат по стапките на самоуништување.Но кога го видов профилот и кадарот,кој уште нема ни факултет завршено,а оние што имаат се со врски (од луѓе што студирале со нив) се ми стана јасно.Сакам да престанат со економски грешки.Незнам зошто правниците не се бунат,не ми е јасно.Па зарем има правник кој им ги прави законите кои паѓаат како круши.Зарем неколку милиони не заминаа во ветер.Кој им е правник планер?Ги промашиле основните сектори,економија и право,тешко нас.
За крај еден совет ако ме чита некој планер:Прекинете да вработувате во администрација!!!Фрчат огласи секој ден,срамота!!!Нема да успее ни ребалансот,скроз ќе испадне од маргини!
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..............................Како да бараме поштење од нашите власти кога успеаја да ги мавнат неколку милиони УСА долари уште пред 10-тина 15 години од проектот на СВ Банка за бележење на добитокот и од зачетокот на земјоделската берза. Кога можат од ваква институција каде има поприлично контрола да тргнат пари, тогаш може да замислиме редовниот буџет каде се се слева.

Како пример за слабо организирана држава е и патот кон ЕУ реформите. Од 1994-1995 сме во проектот ФАРЕ, се до сега немаме некои поголеми промени. За разлика од нас, во тој проект учествуваат Полска, Унгарија и сличните
ne bi sakal da povtoruvam...no bez kofa so voda vo koja ke zavrsat edno500-1000 preporoditeli, tranzicioneri, obezbeduvaci i ostanati delikventi...NEMA NISTO od prikaznava ...ke si staneme bugari kade i da e vo bliska idnina so tempo od 200000 pasosi godisno... :)
...ako dobro podrazmislis ...site go sakaat toa i na ovoj ili onoj nacin rabotat vo toj pravec...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.788
Поени од реакции
12.272
можеби оти не ме палат партии
Ај во услови на дожд-сонце и квачење денеска дома (богами утре Марков Манастир, врнело не врнело идам) да дополнам. Партиите откако почнаа да се менуваат, фактички од 1998, со мали ситни разлики во некои сфери, кон економијата и политиката кон еу се однесуваа сосем исто. Кон еу ноншалантно како да сме ние тие околу кои се врти светот и животот на земјата. Значи партиите мене ме "палеа" на почеток на самостојна Македонија, заради тоа се испокарав со доста пријатели. Сега јок, еднообразие кое се граничи со самобендисаност и улога на Бог во општеството. Велеа за здрава економија треба здрави инвестиции, а за нив здрави закони и уште поздрав катастар. Ниту еден од овие услови сеуште не е исполнет. А одамна одевме на преговори со катастарот (Геодетска) каде ветуваа дека за пола година до година се ќе се среди. Значи економија врз нездрави услови (претходно наведени, а и други) не може да е здрава сама по себе, а ниту да заздравее. Значи е болна (очигледно од сите податоци), во тој случај или треба да се излекува или да тежнее кон болно вегетирање. Кога веќе пишувам, да прашам -До каде се инвеститорите во Бунарџик, дали има нешто абер за отворање или...?

no bez kofa so voda vo koja ke zavrsat edno500-1000 preporoditeli, tranzicioneri, obezbeduvaci i ostanati delikventi...NEMA NISTO od prikaznava
:) :) уба идеја
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Од муабетов турли тава се направи. Почнавме за записи и стигнавме до огласите за вработување во Аеродром.:helou:
Со некои работи во новиов твој пост се сложувам. Ама со некои... :kesa:.

Ај да почнеме од грешките,која е прва:)За да може владата да ги усогласува приходната и расходната ставка прво и основно треба да го направи планот за годината кој се вика буџет.Во буџетот се предвидуваат приходите и расходите за тековната година.Кога знаеш дека има криза,кога на тацна ќе ти донесат податоци,неможеш да донесеш таков гломазен буџет со јасна како бел ден слика дека нема да собереш приходи.Значи првата грешка мил мој е во стартот,т.с. некој не предвидел како што треба.
Така е бе мила моја.

Потоа кога ќе го кикснеш стартот,се натаму оди надоле.
Да, оди надолу се додека не сватат дека приходите не се онака како што планирале. И тогаш се прави РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ . Ако не знаеш секоја година од нашето осамостојување досега се правел ребаланс на буџетот. Со ребаланс на буџетот Владата решава што ке прави( намали расходи, зголеми приходи преку даноци, задолжување итн). Во конкретниов случај Владата реши да ги намали расходите.


Така на ред дојдоа записите.Да видиме колку сум смешна,а ти колку си буквалист:)Нормално дека на краток рок не се усогласуваат приходите и расходите,но кај нас во пракса никогаш и не се усогласувале.Минусот што се создава мора да се надополни со плус.Сакаш во ЕУ,дефицитот мора да е 3% од бдп,затоа ќе се прибереш малце.Не се само овие записи,не се само овие долгови,плати,пензии,споменици.Проблемот е што приходите се мали за такви луксузи.Може владава ако сака и 300% да се задолжи и не само во Лондонски туку и во Париски клуб,но кој тоа го плаќа?Муабетот ми е дека пирамидално со ваква политика влегуваме во дупка,...морам да испаднам ќе допишам после за да не го бришам:smir:
Што сакаш да кажеш? Дека ние како држава со овие ``луксузи`` драстично се задолжуваме и потоа некои други генерации ке треба да го плакаат тоа што денес ние го трошиме?
Те советувам да го посетиш сајтот на министерството за финансии за да видиш како се движат долговите што ги има државава.


До кај застанав,до записите...:smir:
Никој не е против како инструмент да се користат државни записи кој имаат намена непредидена дупка да се пополни.Тоа е нивната цел.Но во нашиот случај тие средства што ги собраа не беа за тековни проблеми,туку за хронични проблеми,кој знае дека нема да ги решат со емисии на записи.
Смешки. Од каде таа идеа дека ги користеле државните записи за хронични проблеми? Хронични проблеми во Македонија се високата невработеност, дефицитот на тековната сметка, малиот број на инвестиции итн. Со 10 милиони евра колку што зема владата од издавање на записите не можат ни да влијаат на тие проблеми, а камо ли да се решат.
Треба да сватиш дека 10-15 милиони се ништо кога се работи за држава. Буџетот на РМ е 2 800 000 000 евра. Платите на администрацијата се 400 000 000 евра. Така да со 10 000 000 евра што ке ги приберат од записите не можат ни К-15 да им дадат на вработените.


Втора битна работа е што дадоа каматна стапка со која директно ја нарушија монетарната економија,која и така е во големи тешкотии со одбрана на курсот.Применија политика сам себе уби.
Тоа не е правилна политика. Гувернерот и министерот за финансии мора да ги усогласат политиките. Ама тоа е Македонија.:toe:

Затоа е мојот револт,бидејќи без план се работи,а ни нанесуваат огромни загуби.Од каде еднаш издадоа записи со високи каматни стапки едномесечни,се полакомија и уште еднаш издадоа.
Високи каматни стапки?:vozbud: Спореди ги овие каматни стапки сега( се движат од 8 до 9%) и оние во 2004 и 2005( се движеа од 10 до 11%) и потоа почни да судиш. Плус земи си во предвид дека денес имаме економска криза во која што ретко кој се откажува од ликвидни средства.

Во истата недела НБРМ не собра доволно средства за благајничките записи и со тоа се создаде можност за хаос во монетарниот систем.Ако се случеше и на третата рака кога НБРМ беше приморана да ја дига на 9% каматната стапка,банките да не покажат интерес ќе крахираше банкарскиот систем на среден рок.
Ај те молам објасни го процесот на крахирање на банкарскиот систем на среден рок!!:smir:

Се знае кој им е шеф нив,среќа што навреме се опаметија и се вратија кај НБРМ,а ги избегнаа примамливите емисии од владата,кој директно значеа дека ќе рипаше каматната стапка уште некое посто.
Каков шеф бе?? Она што ги интересира банките е каматната стапка. Да носеа државните записи повисока каматна стапка тогаш тамо ке вложеа. Они вложија во благајничите записи затоа што НБРМ ги зголеми каматите. Толку едноставно.


Македонија е средно задолжена земја,тоа не значи да влеземе со двете раце по странски пари без вистинска намена.Позајмување од странство без капитални инвестиции (патишта,брани,терени за бизнис инвестиции и слично) значи џабе фрлени пари.И да емитуваат еврообврзница,а да ги дадат парите за плати и споменци на долг рок што ни носи?Парите ќе се изедат,а ние после десет години пак ќе бидеме како и денес сиромашни.
Си го погледнала ли буџетот за 2009? Знаеш ли колку од расходите ке одат за капитални инвестиции, а колку за споменици?Еве ти го буџетот, па провери си.Можеш и да видиш кои проекти ке се финансираат од буџетот, а кои ке се финансираат преку заеми.
http://www.finance.gov.mk/files/Rebalans_za_sobranie_0.pdf


Треба да го сменат планерот на буџетот и со овој ребаланс пак ќе има дефицит од 4-5% иако е планиран на 2%.Секој ден една индустрја крева раце,до крајот на годината останаа уште неколку месеци,па ќе ги сумираме резултатите.Антикризниве мерки што ги донесоа,уште толку ќе ги намалат приходите,дај боже да им помогне на стопанството,иако не сум убедена.
Црната економска слика е на среден рок,не е утре,не е задутре.Јас сакам да живеам во просперитетна држава со здрава економија.Несакам да гледам почетнички грешки,несакам да плаќам за неефикасни проекти,несакам да им давам плата на бирократи кај кои четири саати чекам ред на шалтер.
Ах што убаво кажано. Ама не се политичарите криви. Дедо ми стално викаше ``Што се жали народов. Зар не знае дека се дури има овци ке има и кој да ги стрижи `` . Така да од плачење пред телевизор за ситуацијата и стално обвинување некој друг нема фајде.

Несакам да ме лажат дека ги замрзнале вработувањата како мерка за скратување на расходи кога општина Аеродром денес објавува оглас за вработување на 4-5 луѓе.
Буџет на Општина и буџет на Влада се два различни буџети и за нивно донесување одговараат два различни ентитети( Општината и Владата).


Несакам да ме прават будала при здрава свест и очи.
И што ке направиш околу? Баш ме интересира?

Еве и линк за мерката на владата за кратење на расходи
http://prijava.ads.gov.mk/application.aspx [/quote]

Не работи линкот.:toe: Нема врска ти верувам.

Нека издадат повторно записи и уште две еврообврзници да ги исплатиме вработениве:smir:
И со таа мерка ке исплатат 5% од вработените.:vozbud:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од толку реченици,толку глупости немам исчитано досега:)Ајде ќе почнам да цртам сега,бидејќи ми продаваш демагогии:

Да, оди надолу се додека не сватат дека приходите не се онака како што планирале. И тогаш се прави РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ . Ако не знаеш секоја година од нашето осамостојување досега се правел ребаланс на буџетот. Со ребаланс на буџетот Владата решава што ке прави( намали расходи, зголеми приходи преку даноци, задолжување итн). Во конкретниов случај Владата реши да ги намали расходите.
Она што ти е болдирано„ребаланс на буџет“ го разгледа за оваа година?Има таму мерка замрзнување на плати и стоп за вработувања.Има раст од 1% на економијата,НБРМ излезе со предвидувања од - 0,4%.Не ми е муабетот дали да се прави или не ребаланс,туку како ќе го направиш.И овој ќе треба да го ребалансираат:)Ги знам дефинициите,те молам не ми бладај на секое,после срч гугл.



Monti Pajton напиша:
Што сакаш да кажеш? Дека ние како држава со овие ``луксузи`` драстично се задолжуваме и потоа некои други генерации ке треба да го плакаат тоа што денес ние го трошиме?
Те советувам да го посетиш сајтот на министерството за финансии за да видиш како се движат долговите што ги има државава.
ДА.
Те советувам да го избегнуваш сајтот на министерство за финансии,лошо делува.



Monti Pajton напиша:
Смешки. Од каде таа идеа дека ги користеле државните записи за хронични проблеми? Хронични проблеми во Македонија се високата невработеност, дефицитот на тековната сметка, малиот број на инвестиции итн. Со 10 милиони евра колку што зема владата од издавање на записите не можат ни да влијаат на тие проблеми, а камо ли да се решат.
Треба да сватиш дека 10-15 милиони се ништо кога се работи за држава. Буџетот на РМ е 2 800 000 000 евра. Платите на администрацијата се 400 000 000 евра. Така да со 10 000 000 евра што ке ги приберат од записите не можат ни К-15 да им дадат на вработените.
А знаеш ли дека се тоа спаѓа во макроекономија или не?Знаеш ли што е дефицит на тековна сметка?Треба да сфатиш дека немаме од каде да ги покриеме тие записи,дека немаме средства,пари,како сакаш да ти објаснам.Дека немаме нафта,злато,курви по улица.Појасна ли сум?
Земи ја твојата плата како пример.Давај цело време бончиња,а за тоа плаќај камата.До кога ќе издржиш?Нема да влезеш во минус некоја плата?Што ќе добиеш?




Monti Pajton напиша:
Високи каматни стапки?:vozbud: Спореди ги овие каматни стапки сега( се движат од 8 до 9%) и оние во 2004 и 2005( се движеа од 10 до 11%) и потоа почни да судиш. Плус земи си во предвид дека денес имаме економска криза во која што ретко кој се откажува од ликвидни средства.
Човече кои каматни стапки си ги гледал?Еве сам спореди си ги,господе боже:

• 15.90% годишно Стопанска Банка (потрошувачки кредит)
- 14% Комерцијална Банка
- 18,9% годишна камата Тутунска

Кај помалите се поголеми!

Еве ти извештај за 2005 од НБРМ,дали знаеш воопшто како беше економијта тогаш или напамет зборуваш?Читај добро!:

Во првото полугодие од 2005 година монетарната политика на НБРМ се спроведуваше во амбиент на зголемена економска активност, дисциплинирана буџетска потрошувачка и поволни движења во екстерниот сектор. Остварен е реален пораст на БДП од 3,7% и намалување на дефицитот на тековната сметка од платниот биланс за 58,8% во однос на истиот период од претходната година. Народна банка на Република Македонија ја одржа ценовната стабилност, бидејќи при поволни движења на девизниот пазар и стабилен номинален девизен курс на денарот во однос на еврото остварена е просечна стапка на инфлација од 0,2%. Во првата половина од 2005 година регистриран е пораст на вкупниот депозитен потенцијал на банките од 29,4% на годишна основа, што претставува индикатор за натамошно јакнење на довербата во банкарскиот систем. Воедно, регистриран е и висок годишен пораст на вкупните пласмани на банките од 23,2%, што упатува на натамошно јакнење на финансиската интермедијација на банкарскиот сектор.

Бруто девизните резерви на крајот на јуни 2005 година изнесуваа 778 милиони евра и во однос на 31.12.2004 година се повисоки за 61 милион евра, главно како резултат на високиот нето откуп на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ, при едновремено навремено извршување на обврските на Република Македонија кон странство. Девизните резерви се пласирани во финансиски институции со висок кредитен рејтинг, странски централни банки и меѓународни финансиски организации, во соодветни финансиски инструменти. При ракувањето со девизните резерви Народна банка се раководи од принципите на сигурност, ликвидност и рентабилност.

Monti Pajton напиша:
Ај те молам објасни го процесот на крахирање на банкарскиот систем на среден рок!!:smir:
Ај да се повторам од друга тема.Со невработеност од 30% и низок стандард и камати кои одат нагоре,знаеш кој ќе ги врати кредитите?Денес еден нема да врати,утре друг,каматите нагоре,банките надоле.така се создава должничка криза.Банките ќе ги активираат хипотеките,граѓаните на улица.Тие хипотеки кој ќе им ги купи?И се така ланчано се нарекува должничко-хипотекарна криза.

Monti Pajton напиша:
Каков шеф бе?? Она што ги интересира банките е каматната стапка. Да носеа државните записи повисока каматна стапка тогаш тамо ке вложеа. Они вложија во благајничите записи затоа што НБРМ ги зголеми каматите. Толку едноставно.
Знаеш ли што зборуваш или онака пишуваш во економија?



Monti Pajton напиша:
Си го погледнала ли буџетот за 2009? Знаеш ли колку од расходите ке одат за капитални инвестиции, а колку за споменици?Еве ти го буџетот, па провери си.Можеш и да видиш кои проекти ке се финансираат од буџетот, а кои ке се финансираат преку заеми.
http://www.finance.gov.mk/files/Rebalans_za_sobranie_0.pdf
Сум го погледнала и анализирала.Оди прочитај ја анализата низ темиве во економија.Или бујрум ти направи анализа:)




Monti Pajton напиша:
Буџет на Општина и буџет на Влада се два различни буџети и за нивно донесување одговараат два различни ентитети( Општината и Владата).
:pos2:
Сакаш да пребараш што значи терминот консолидиран буџет или?



Monti Pajton напиша:
И што ке направиш околу? Баш ме интересира?
Ќе се трудам да објаснувам вака по цел ден,може некој ќе ме сфати:)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Така е бе мила моја.
а бе по втор пут овде ти викам ...читај што пишува девојчево..и не булазни, читај да научиш нешто , да не викаат види го смешен ко преродбенички икономист...:)
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Сите влади до сега само кокодакаат за ЕУ.
Ниту еден услов од потребните (а тоа се економските) немаме исполнето.
Кандидатскиот статус беше само морковче за стапот што го обравме...
Во белата книга за прием на нови членки јасно стојат критериумите кои треба да бидат исполнети за некоја земја да се надева :))) за прием.
Ние немаме ништо.
И да ни дадат преговори...ќе траат повеќе од турските...не не сакаат бе таму...
Циган коа ќе ти дојде пред врата....или му даваш МАЛКУ лебче, или го бркаш....не го прибираш да ти седи дома...
Жалосно е што чувашите заминаа светлосни години пред нас...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom