Владата ја убива економијата

Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
A навистина владава престана да се финасира со државни обврзници или банките па и поединци престанаа да и веруваат на владава дека ќе им ги врати парите со толкава камата назад.Јас мислам дека со последниве делумно “успешни“ емисии на државни обврзници се гледа реалноста на сцена,онака сурово без “влакна на јазикот“,на ВЛАДАВА никој повеќе не и верува.:toe:

Емисиите пропаѓаат затоа што банките и фирмите немаат доволно ликвидни средства да ја финансираат Владата. Не заради тоа што не и веруваат. Државни емисии( особено оние со рочност од 3 и 6 месеци) се најсигурни хартии од вредност заедно со благајничките записи издадени од Народна Банка. Најсигурни се затоа што државата во секој момент може да ги крене даноците за да ги исплати долговите и плус се многу краткорочни(3 и 6 месеци). И ако на Банките им е страв да купат државни емисии тогаш како може државата да очекува странски банки да ни дадат кредит кога кредитот е многу пати поризичен од државните емисии.

Значи Владата престана да се финансира преку емисии затоа што банките и фирмите немаат доволно ликвидни средства. Затоа сега ке се задолжуваат во странство. Не дека не требаше да го направат тоа порано ама...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Економијата ни е на смртна постела.Владата планираше од тиа пари шо ги има у буџетот 1.5 мијарди да врати од металната индустрија.Али цената ан металите паѓа.Сега нема од кај да идат големи пари.Па затоа сега народот ќе го осакатат ќе почнат даноци и казни за се и сешто да стават.Сеа мислам за оџаците че имало нешто данок да се плате дали 200 или 2000 денари од оџак?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

а тебе јасно ти е дека металната индустрија ни зависи од извоз што значи од побарувачката од надвор
а сега во оваа криза сите гледаат да намалат трошоци а не да зголемат
што значи металната индустрија директно е погодена од светкста криза, а не од Грујо
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Али Грујо планирал од металната инустрија да земе пари за да буџетот не отиде у - а не дека грујо ја злоупотребуе металната инустрија.Али Грујо грешка го има исплан ирано целиот буџет.Затоа треба да ги намали трошоците и да не става старно железо на сред град.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Емисиите пропаѓаат затоа што банките и фирмите немаат доволно ликвидни средства да ја финансираат Владата. Не заради тоа што не и веруваат. Државни емисии( особено оние со рочност од 3 и 6 месеци) се најсигурни хартии од вредност заедно со благајничките записи издадени од Народна Банка. Најсигурни се затоа што државата во секој момент може да ги крене даноците за да ги исплати долговите и плус се многу краткорочни(3 и 6 месеци). И ако на Банките им е страв да купат државни емисии тогаш како може државата да очекува странски банки да ни дадат кредит кога кредитот е многу пати поризичен од државните емисии.

Значи Владата престана да се финансира преку емисии затоа што банките и фирмите немаат доволно ликвидни средства. Затоа сега ке се задолжуваат во странство. Не дека не требаше да го направат тоа порано ама...
Па домашните банки делат дивиденда по 20 милиони евра,а немале пари да ја финансираат владата,тоа на друг да му го кажеш.Кога може Комерцијална да подели дивиденда од 20 милиони евра,тогаш може да купи и државни емисии во поголем обем од дивидендата.Само се зависи од довербата во владата.:toe:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Емисиите пропаѓаат затоа што банките и фирмите немаат доволно ликвидни средства да ја финансираат Владата. Не заради тоа што не и веруваат. Државни емисии( особено оние со рочност од 3 и 6 месеци) се најсигурни хартии од вредност заедно со благајничките записи издадени од Народна Банка. Најсигурни се затоа што државата во секој момент може да ги крене даноците за да ги исплати долговите и плус се многу краткорочни(3 и 6 месеци). И ако на Банките им е страв да купатдржавни емисии тогаш како може државата да очекува странски банки да ни дадат кредит кога кредитот е многу пати поризичен од државните емисии.

Значи Владата престана да се финансира преку емисии затоа што банките и фирмите немаат доволно ликвидни средства. Затоа сега ке се задолжуваат во странство. Не дека не требаше да го направат тоа порано ама...
Ова ти е како препишано од учебник.Да,така е,така треба и да биде според економските принципи.Но ајде да видиме дали може кај нас ова да се случи.Владава досега се задолжи кон домашната јавност со неколку милиони.Издава едни записи,за да ги финансира претходната емисија на записи.И така зема пр еден милион,враќа милион и половина.Зема милион и половина,враќа два милиона и половина.Економијата не оди,нема од каде да се финансира,неможе да принта пари,значи нема прилив за да ги враќа средствата,а трошоци и луксузи не крати. Според тебе,во ваква ситуација Владава ќе ги покачи даноците и ќе ги собере милионите за да им врати на банките за записите.Ќе заборавев дека во ваква ситуација на светска криза секоја влада превзема антикризни мерки кои вклучуваат намалување на даноци.Исто и нашата.Значи,нашава влада ќе намали едни даноци (како данок на добивка) а ќе ги качи пример персоналниот данок.Народов генерално е со низок животен стандард,оние фирми што моментално работат ги замрзнаа платите и вработувањата.Што ќе се случи на тие мали примања да им се покачат даноците?Еден по еден ќе бркаат надвор,еден по еден ќе затвара,денар по денар помалку даноци.И повторно ќе те прашам на крај,што мислиш,кој кого престана да финансира и зошто?
Само те молам размисли пошироко и конкретно,лекциите ги имам научено,нема потреба од дефиниции:smir:

А дека немаат банките ликвидни средства и не и даваат на државата си ме насмеал од се срце:)

Gorco напиша:
Заслепено си во право, и јас бев едно време, но реалноста е нешто сосема друго. Прочитај ја оваа студија, за да работите станат појасни. Кога хронолошки ќе ги разгледам постапките на Грујо, јасно ми е од кои побуди не потпишува (сега и кога беше министер) договори со ММФ... на човекот не му се потребни, едноставно користи други методи за креирање и очувување на моќ, политички гледано... секоја чест, БЦ и суријата околу него може само вода да му носи!
Горчо и мене ми јасно зошто политички не се потпишува со ммф.Јасно ми е и дека има милион и еден начин да ја оправиш економијата во земјата без ммф.Но не ми е јасно кога ни за едното ни за другото не те бива,зошто не би потпишал:smir:
И пак ќе повторам што ммф значеше за нас како држава (имам пишувано) и колку нас ни треба контрола во трошењето на буџетски пари,бидејќи до сега ни еден саглам не седна на фотељата.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Се додека некои министри и олигарсчиња се сопственици на златни акции по Македонските банки,владата ќе прави напори да се задолжува со кредити кај нив или во други странски банки кој даваат прилично добар процент од каматата за потписниците на таквите кредитни задолжувања.Никој не е будала да се задолжи со кредит кој има камата од 1% ако парите кој ги зема на заем строго се контролираат.:toe:
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Ова ти е како препишано од учебник.Да,така е,така треба и да биде според економските принципи.Но ајде да видиме дали може кај нас ова да се случи.Владава досега се задолжи кон домашната јавност со неколку милиони.Издава едни записи,за да ги финансира претходната емисија на записи.И така зема пр еден милион,враќа милион и половина.
Ете ти ја првата грешка. Владата не ги издава записите за да ги финансира претходните. Ги издава за да ја усогласи приходната и расходната ставка на буџетот. Ако не знаеш приходите и расходите во буџетот обично не се усогласени на краток рок. Расходи се прават постојано, а приходи се примаат на 3 месечна база. Твојата логика дека ги издаваат за да ги покријат претходните записи( еден вид пирамида) е смешна. Смешна затоа што ако беше така Владата лесно може да се задолжи долгорочно кај странски фонд( Лондонскиот клуб на пример) и да ги исплати записите. Тоа ке беше многу поевтино и поекономично. Записите се издаваат од 2003 или 2004 година. Според тебе од тогаш па до сега се издаваат за да ги покријат претходните емисии.:helou:

Зема милион и половина,враќа два милиона и половина.Економијата не оди,нема од каде да се финансира,неможе да принта пари,значи нема прилив за да ги враќа средствата,а трошоци и луксузи не крати. Според тебе,во ваква ситуација Владава ќе ги покачи даноците и ќе ги собере милионите за да им врати на банките за записите.
Во ситуација во која предвидениот приход во буџетот е помал од предвидениот расход, Владата прави ребаланс на буџетот. Ако не си запознаена во последнава недела расходите во буџетот се намалија за 100 милиони токму поради таа причина. Доколку не сака да крати од расходите тогаш Владата ке се задолжува се додека може. Границата на задолжување според ``економските принципи`` е околу 100 од БДП-то на една држава. Нашата држава спаѓа во ниско-задолжени држави со задолженост од околу 25%. Што значи Владата нема да има никакви проблеми да се задолжи ако постои опасност од немање на доволно средства. Дури откако нема да има можност да се задолжи повеке, таа ке се сврти кон зголемување на даноци, царини и други давашчи за да го пополни минусот.

Сето ова што го зборам е за големи кредити и големи задолжувања( ММФ,Светска Банка, Европска Банка итн) а не за задолжувања преку државни записи чија вредност не достигнува повеке од 10 милиони евра(провери си на страната на министерството). Така да ако очекуваш 10 милиони евра да направат проблем на буџет од 2 800 000 000 евра тогаш добро.:toe:

Ќе заборавев дека во ваква ситуација на светска криза секоја влада превзема антикризни мерки кои вклучуваат намалување на даноци.
Точно. Затоа сигурен сум дека даноците нема да се зголемат. Истото важи и за каматите. И тие по правило треба да се намалат во ваква ситуација. И тука е грешката на Владата. Таа треба да влијае за да се намалат каматите, а не спротивно како што прави сега. Затоа е позитивно што е внесува пари од странски извори.

И повторно ќе те прашам на крај,што мислиш,кој кого престана да финансира и зошто?
Банките релативно не се заинтересирани за државни записи . Во криза секоја банка сака да има што повеке ликвидни средства. Ова најмногу важи за Македонија каде што банките одсекогаш работеле традиционално и чувале огромни резерви ``за секој случај``. Они ги чуваат кога нема криза, а камоли сега.
Втора работа зошто не се заинтересирани е каматната стапка. За државни записи е 9% , а од друга страна каматна стапка на кредитите што ги даваат се искачи и на 15. Минус на кредитна картичка се наплатува околу 20%. Па сега види ти што и се исплати повеке на банката.

Само те молам размисли пошироко и конкретно,лекциите ги имам научено,нема потреба од дефиниции:smir:

А дека немаат банките ликвидни средства и не и даваат на државата си ме насмеал од се срце:)
Мило ни е што те насмеав. :smir: И не е работата до дефиниции, туку до располагање со прави информации. Посети ја страницата на Министерството за финансии. Погледни ги податоците за Записите, Долгот итн. Потоа спореди ги со претходните години и накрај донеси си заклучок за тоа што се случува.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ете ти ја првата грешка. Владата не ги издава записите за да ги финансира претходните. Ги издава за да ја усогласи приходната и расходната ставка на буџетот. Ако не знаеш приходите и расходите во буџетот обично не се усогласени на краток рок. Расходи се прават постојано, а приходи се примаат на 3 месечна база. Твојата логика дека ги издаваат за да ги покријат претходните записи( еден вид пирамида) е смешна. Смешна затоа што ако беше така Владата лесно може да се задолжи долгорочно кај странски фонд( Лондонскиот клуб на пример) и да ги исплати записите. Тоа ке беше многу поевтино и поекономично. Записите се издаваат од 2003 или 2004 година. Според тебе од тогаш па до сега се издаваат за да ги покријат претходните емисии.:helou:
Во ситуација во која предвидениот приход во буџетот е помал од предвидениот расход, Владата прави ребаланс на буџетот. Ако не си запознаена во последнава недела расходите во буџетот се намалија за 100 милиони токму поради таа причина. Доколку не сака да крати од расходите тогаш Владата ке се задолжува се додека може. Границата на задолжување според ``економските принципи`` е околу 100 од БДП-то на една држава. Нашата држава спаѓа во ниско-задолжени држави со задолженост од околу 25%. Што значи Владата нема да има никакви проблеми да се задолжи ако постои опасност од немање на доволно средства. Дури откако нема да има можност да се задолжи повеке, таа ке се сврти кон зголемување на даноци, царини и други давашчи за да го пополни минусот.
Сето ова што го зборам е за големи кредити и големи задолжувања( ММФ,Светска Банка, Европска Банка итн) а не за задолжувања преку државни записи чија вредност не достигнува повеке од 10 милиони евра(провери си на страната на министерството). Така да ако очекуваш 10 милиони евра да направат проблем на буџет од 2 800 000 000 евра тогаш добро.:toe:
Точно. Затоа сигурен сум дека даноците нема да се зголемат. Истото важи и за каматите. И тие по правило треба да се намалат во ваква ситуација. И тука е грешката на Владата. Таа треба да влијае за да се намалат каматите, а не спротивно како што прави сега. Затоа е позитивно што е внесува пари од странски извори.
Банките релативно не се заинтересирани за државни записи . Во криза секоја банка сака да има што повеке ликвидни средства. Ова најмногу важи за Македонија каде што банките одсекогаш работеле традиционално и чувале огромни резерви ``за секој случај``. Они ги чуваат кога нема криза, а камоли сега.
Втора работа зошто не се заинтересирани е каматната стапка. За државни записи е 9% , а од друга страна каматна стапка на кредитите што ги даваат се искачи и на 15. Минус на кредитна картичка се наплатува околу 20%. Па сега види ти што и се исплати повеке на банката.
Мило ни е што те насмеав. :smir: И не е работата до дефиниции, туку до располагање со прави информации. Посети ја страницата на Министерството за финансии. Погледни ги податоците за Записите, Долгот итн. Потоа спореди ги со претходните години и накрај донеси си заклучок за тоа што се случува.
Го забораваш многу битниот фактор на “златни акции“ во банките кој ги поседуваат оние кој позајмуваат пари од истите банки,само тоа го нема во учебниците по банкарсто и менаџирање со кредити,а најмалку го има на официјален сајт од министерството за финансии.:smir:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ете ти ја првата грешка. Владата не ги издава записите за да ги финансира претходните. Ги издава за да ја усогласи приходната и расходната ставка на буџетот. Ако не знаеш приходите и расходите во буџетот обично не се усогласени на краток рок. Расходи се прават постојано, а приходи се примаат на 3 месечна база. Твојата логика дека ги издаваат за да ги покријат претходните записи( еден вид пирамида) е смешна. Смешна затоа што ако беше така Владата лесно може да се задолжи долгорочно кај странски фонд( Лондонскиот клуб на пример) и да ги исплати записите. Тоа ке беше многу поевтино и поекономично. Записите се издаваат од 2003 или 2004 година. Според тебе од тогаш па до сега се издаваат за да ги покријат претходните емисии.:helou:

Во ситуација во која предвидениот приход во буџетот е помал од предвидениот расход, Владата прави ребаланс на буџетот. Ако не си запознаена во последнава недела расходите во буџетот се намалија за 100 милиони токму поради таа причина. Доколку не сака да крати од расходите тогаш Владата ке се задолжува се додека може. Границата на задолжување според ``економските принципи`` е околу 100 од БДП-то на една држава. Нашата држава спаѓа во ниско-задолжени држави со задолженост од околу 25%. Што значи Владата нема да има никакви проблеми да се задолжи ако постои опасност од немање на доволно средства. Дури откако нема да има можност да се задолжи повеке, таа ке се сврти кон зголемување на даноци, царини и други давашчи за да го пополни минусот.

Сето ова што го зборам е за големи кредити и големи задолжувања( ММФ,Светска Банка, Европска Банка итн) а не за задолжувања преку државни записи чија вредност не достигнува повеке од 10 милиони евра(провери си на страната на министерството). Така да ако очекуваш 10 милиони евра да направат проблем на буџет од 2 800 000 000 евра тогаш добро.:toe:

Точно. Затоа сигурен сум дека даноците нема да се зголемат. Истото важи и за каматите. И тие по правило треба да се намалат во ваква ситуација. И тука е грешката на Владата. Таа треба да влијае за да се намалат каматите, а не спротивно како што прави сега. Затоа е позитивно што е внесува пари од странски извори.

Банките релативно не се заинтересирани за државни записи . Во криза секоја банка сака да има што повеке ликвидни средства. Ова најмногу важи за Македонија каде што банките одсекогаш работеле традиционално и чувале огромни резерви ``за секој случај``. Они ги чуваат кога нема криза, а камоли сега.
Втора работа зошто не се заинтересирани е каматната стапка. За државни записи е 9% , а од друга страна каматна стапка на кредитите што ги даваат се искачи и на 15. Минус на кредитна картичка се наплатува околу 20%. Па сега види ти што и се исплати повеке на банката.

Мило ни е што те насмеав. :smir: И не е работата до дефиниции, туку до располагање со прави информации. Посети ја страницата на Министерството за финансии. Погледни ги податоците за Записите, Долгот итн. Потоа спореди ги со претходните години и накрај донеси си заклучок за тоа што се случува.

Пајтон..не булазни, туку читај тоа што пишува девојчево..и тоа внимтелно....:)
 
Ај да почнеме од грешките,која е прва:)За да може владата да ги усогласува приходната и расходната ставка прво и основно треба да го направи планот за годината кој се вика буџет.Во буџетот се предвидуваат приходите и расходите за тековната година.Кога знаеш дека има криза,кога на тацна ќе ти донесат податоци,неможеш да донесеш таков гломазен буџет со јасна како бел ден слика дека нема да собереш приходи.Значи првата грешка мил мој е во стартот,т.с. некој не предвидел како што треба.
Потоа кога ќе го кикснеш стартот,се натаму оди надоле.Така на ред дојдоа записите.Да видиме колку сум смешна,а ти колку си буквалист:)Нормално дека на краток рок не се усогласуваат приходите и расходите,но кај нас во пракса никогаш и не се усогласувале.Минусот што се создава мора да се надополни со плус.Сакаш во ЕУ,дефицитот мора да е 3% од бдп,затоа ќе се прибереш малце.Не се само овие записи,не се само овие долгови,плати,пензии,споменици.Проблемот е што приходите се мали за такви луксузи.Може владава ако сака и 300% да се задолжи и не само во Лондонски туку и во Париски клуб,но кој тоа го плаќа?Муабетот ми е дека пирамидално со ваква политика влегуваме во дупка,...морам да испаднам ќе допишам после за да не го бришам:smir:

До кај застанав,до записите...:smir:
Никој не е против како инструмент да се користат државни записи кој имаат намена непредидена дупка да се пополни.Тоа е нивната цел.Но во нашиот случај тие средства што ги собраа не беа за тековни проблеми,туку за хронични проблеми,кој знае дека нема да ги решат со емисии на записи.Втора битна работа е што дадоа каматна стапка со која директно ја нарушија монетарната економија,која и така е во големи тешкотии со одбрана на курсот.Применија политика сам себе уби.Затоа е мојот револт,бидејќи без план се работи,а ни нанесуваат огромни загуби.Од каде еднаш издадоа записи со високи каматни стапки едномесечни,се полакомија и уште еднаш издадоа.Во истата недела НБРМ не собра доволно средства за благајничките записи и со тоа се создаде можност за хаос во монетарниот систем.Ако се случеше и на третата рака кога НБРМ беше приморана да ја дига на 9% каматната стапка,банките да не покажат интерес ќе крахираше банкарскиот систем на среден рок.Се знае кој им е шеф нив,среќа што навреме се опаметија и се вратија кај НБРМ,а ги избегнаа примамливите емисии од владата,кој директно значеа дека ќе рипаше каматната стапка уште некое посто.Тоа ќе повлечеше хипотекарна криза ( слична на американската,но со различна причина и различна големина).
Македонија е средно задолжена земја,тоа не значи да влеземе со двете раце по странски пари без вистинска намена.Позајмување од странство без капитални инвестиции (патишта,брани,терени за бизнис инвестиции и слично) значи џабе фрлени пари.И да емитуваат еврообврзница,а да ги дадат парите за плати и споменци на долг рок што ни носи?Парите ќе се изедат,а ние после десет години пак ќе бидеме како и денес сиромашни.
Треба да го сменат планерот на буџетот и со овој ребаланс пак ќе има дефицит од 4-5% иако е планиран на 2%.Секој ден една индустрја крева раце,до крајот на годината останаа уште неколку месеци,па ќе ги сумираме резултатите.Антикризниве мерки што ги донесоа,уште толку ќе ги намалат приходите,дај боже да им помогне на стопанството,иако не сум убедена.
Црната економска слика е на среден рок,не е утре,не е задутре.Јас сакам да живеам во просперитетна држава со здрава економија.Несакам да гледам почетнички грешки,несакам да плаќам за неефикасни проекти,несакам да им давам плата на бирократи кај кои четири саати чекам ред на шалтер.Несакам да ме лажат дека ги замрзнале вработувањата како мерка за скратување на расходи кога општина Аеродром денес објавува оглас за вработување на 4-5 луѓе.Несакам да ме прават будала при здрава свест и очи.Еве и линк за мерката на владата за кратење на расходи: http://prijava.ads.gov.mk/application.aspx
Нека издадат повторно записи и уште две еврообврзници да ги исплатиме вработениве:smir:
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
leandra напиша:
Горчо и мене ми јасно зошто политички не се потпишува со ммф.Јасно ми е и дека има милион и еден начин да ја оправиш економијата во земјата без ммф.Но не ми е јасно кога ни за едното ни за другото не те бива,зошто не би потпишал:smir:
И пак ќе повторам што ммф значеше за нас како држава (имам пишувано) и колку нас ни треба контрола во трошењето на буџетски пари,бидејќи до сега ни еден саглам не седна на фотељата.
Со моја најдобра намера :smir:, релациите со ММФ не ти се сосема разјаснети, прочитај ја студијата.

СДСМ има контрола на медиуми (и тогаш и сега, Грујо и самиот си призна дека држи еден дневен весник и дури сега 2-3 национални телевизии), затоа и не се знаеше јавно за сите буџетски трошења. Јавноста ја запознаваа со "контролата" на ММФ и онде-овде дека се запалуваше црвено светло, за да не се појават прашалници во зомби-мозоците на грото гласачи.

Токму тој недостаток на информации сега го користи Грујо со своите промоции, за да создаде јавно чувство дека нешто се случува. Разумот на гласачите не перцепира дека тие "промени" не делуваат на нивниот квалитет на живот.

Се е ова политичка игра за моќ, без разлика за која партија станува збор. БЦ е негатив од Текс Вилер (Дошао је тихо и ушао у легенду):

а Грујо негатив од Загор (Дух са секиром):

Заедничка цел им е контрола на приходите (финансиската моќ) на гласачите. Грујо мора да биде различен од БЦ за да се избори за симпатија и одржување на власта. 2006-та народот беше жеден за промена на својот буџет, бараше нов пастир, затоа го изгласаа Грујо. Сега тој со други методи ја продолжува каузата што ја започна БЦ.

Да се повторам:

Каде е Славевски со "фискални" и "изводи" за месечните обврзници? Исто и НБРМ, од каде е профитот за камата на записите?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Текс Вилер (Дошао је тихо и ушао у легенду)
Катастрофална грешка......

Док Холидеј- Дошао је тихо и ушао у легенду
 
Токму поради оваа причина сакам некој да не контролира,бидејќи без разлика во која боја доаѓаат облечени, коските ни ги изглодаа.
Сите се од ист калибар.Едните „приватизација“ другите „екперти за се“,народов пропати и уште не му текнува дека ќе пати вечно поради самиот себе.
Што душа ќе имаа луѓево и како навечер си легнуваат со мирна совест не ми е јасно.
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Катастрофална грешка......

Док Холидеј- Дошао је тихо и ушао у легенду
Не баш, и Текс на времето го рекламираа со истата парола. Важно, ми се уклопи корицата од бројот и паролата во тоа што сакам да илустрирам :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom