Владата ја зголеми поддршката за винарите и лозарите

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Лозарите кои ќе го предадат грозјето во регистрирани винарски визби ќе добијат по два денари за килограм финансиска поддршка од државата.

Винарите, пак, за откупен килограм бело грозје по минимум осум денари ќе добијат 1,5 денари стимулација, а за црвено грозје откупено по најмалку 10 денари ќе добијат 2,5 денари поддршка. Како што соопшти денеска на прес-конфернеција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, ова се владините мерки за помош во лозраството што беа донесени на синоќешната седница. Владата ќе обезбеди дополнителна поддршка за винариите што ќе откупат поголемо количество грозје од просекот во 2009 и 2010 година. Предвидени се по два денари за килограм бело и три денари за килограм црвено грозје. - Со овие мерки очекуваме состојбата со откупот на годинашниот род да биде задоволително. Залихи во винарските визби има, но помалку од лани. Се проценува дека вкупно сите винарски визби во земјава располагаат со 60 милиони литри непродадено вино, истакна Пешевски.

Годинава во Македонија се очекува да бидат собрани околу 190.000 тони винско и 60.000 тпезно грозје. Според производителите квалитетот е одличен.

//

Кого прават ненормални овие со залажување на лозарите.. зошто владата не реагира за тоа што на лозарите не им се исплатени 2 години уназад парите за предаденото грозје и им ги продолжува лиценците на таквите винарии (читај лопови) ? Или владата силно профитира за време на избори како донација од такви винарии па вака ја враќаат услугата за спонзорство. Ќе реагирале да откупат повеќе од 2009 и 2010 а пари од тие години никаде нема никаде..
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....се додека не се донесе закон со кој доколку визбите во одреден рок не ги исплатат сите побарувања на производителите ќе им се блокира сметката и ќе им се конфискува имот...ништо од лозарството во Македонија....џабе субвенции кога визбите ненавремено го отплаќаат откупеното грозје
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Кого прават ненормални овие со залажување на лозарите.. зошто владата не реагира за тоа што на лозарите не им се исплатени 2 години уназад парите за предаденото грозје и им ги продолжува лиценците на таквите винарии (читај лопови) ? Или владата силно профитира за време на избори како донација од такви винарии па вака ја враќаат услугата за спонзорство. Ќе реагирале да откупат повеќе од 2009 и 2010 а пари од тие години никаде нема никаде..
Не профитира ништо владата, владата не владее тука се знае кој владе зема не плаќа закон не го фаќа тој е владетелот тука феудалец, а феудот понизен сервилен можи само да се слика.

Ама можи да се смени тука атмосферата нека не го платат и ако не дигнат цели градови како Кавадарци Неготино да си ги земат визбите затоа што се нивни поради неисплатени долгови тие и заслужуваат и по трет пат да бидат ограбени.

Да и патишта не блокирање не се криви луѓето што моментално се нашле тука на тој пат да не можат слободно да се движат, или пари барање од владата, се знае се влегува во визбите масовно и се презема контрола за да се наплати долг, кога не работи системот се формира нов систем.
 
vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Сите закони ни се многу јаки се спроведуваат само тие што им одговараат. Додека е време за откупување донесуваат закон за да ги мотивираат лозарите и земјоделците ама никој не кажува на која дата ќе бидат исплатени. Ова е како таа нашата поговорка не умирај коњу ќе порасне зелена трева. За тоа дали некој треба да рани фамилија или да купи други работи коишто се потребни не е важно. Кога веќе не испаќаат субвенции дај и давачките струја, вода, мртв да не плаќаме по 1 или 2 години па и ние да почнеме да го спроведуваме нивниот начин на плаќање. :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
....се додека не се донесе закон со кој доколку визбите во одреден рок не ги исплатат сите побарувања на производителите ќе им се блокира сметката и ќе им се конфискува имот...ништо од лозарството во Македонија....џабе субвенции кога визбите ненавремено го отплаќаат откупеното грозје
Па ако не се лажам пред 2-3месеца се донесе ваков закон,или имаше најава дека ке се носи.Демек ке се затварала винаријата ке се одземала дозвола за работа и слично. Ако грешам слободно некој нека ме поправи.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Па ако не се лажам пред 2-3месеца се донесе ваков закон,или имаше најава дека ке се носи.Демек ке се затварала винаријата ке се одземала дозвола за работа и слично. Ако грешам слободно некој нека ме поправи.
Не грешиш.Али ништо од тоа,така им дадоа лиценци.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Нека ги доисплатат винариите ланските пари прво ,па после законско решение во случај на неисплата - автоматски повлекување средства од сметките на винариите и префрлање на сметките на лозарите.Тек после субвенции.Не знам дали и субвенциите се доисплатени,ама еве и да добиле навреме субвенции ,главниот дел не е добиен...Живот на рати!
 
Човеку кои лански пари, па и пред ланските ги немаат добиено уште од некои винарски визби. :rolleyes:
 
ilijev08

Во виното е вистината,а во ракијата е глупоста!
Член од
18 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
16
Работава никогаш нема да се поправи,ние можеме да пишуваме до утре,ама нема ништо да промениме :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom