М
Мартин`
Гостин
Лозарите кои ќе го предадат грозјето во регистрирани винарски визби ќе добијат по два денари за килограм финансиска поддршка од државата.
Винарите, пак, за откупен килограм бело грозје по минимум осум денари ќе добијат 1,5 денари стимулација, а за црвено грозје откупено по најмалку 10 денари ќе добијат 2,5 денари поддршка. Како што соопшти денеска на прес-конфернеција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, ова се владините мерки за помош во лозраството што беа донесени на синоќешната седница. Владата ќе обезбеди дополнителна поддршка за винариите што ќе откупат поголемо количество грозје од просекот во 2009 и 2010 година. Предвидени се по два денари за килограм бело и три денари за килограм црвено грозје. - Со овие мерки очекуваме состојбата со откупот на годинашниот род да биде задоволително. Залихи во винарските визби има, но помалку од лани. Се проценува дека вкупно сите винарски визби во земјава располагаат со 60 милиони литри непродадено вино, истакна Пешевски.
Годинава во Македонија се очекува да бидат собрани околу 190.000 тони винско и 60.000 тпезно грозје. Според производителите квалитетот е одличен.
//
Кого прават ненормални овие со залажување на лозарите.. зошто владата не реагира за тоа што на лозарите не им се исплатени 2 години уназад парите за предаденото грозје и им ги продолжува лиценците на таквите винарии (читај лопови) ? Или владата силно профитира за време на избори како донација од такви винарии па вака ја враќаат услугата за спонзорство. Ќе реагирале да откупат повеќе од 2009 и 2010 а пари од тие години никаде нема никаде..