Пензиите се зголемуваат од 10 до 20 отсто
Скопје, 2 јануари
Владата на Република Македонија на денешната отворена седница донесе одлука за зголемување на пензиите и тоа за 20 проценти за тие пониски од 6.000 денари, 15 проценти за пензиите од 6.000 до 10.800 денари, 12 проценти за пензиите од 10.800 до 15.000 и од 10 проценти за пензиите над 15.000 денари.
Планирано е во зголемувањето од 20 проценти, 17 да бидат исплатени со јануарската пензија и три проценти со јулската, за покачувањето од 15 проценти 12 ќе бидат исплатиени во јануари, а три во јули, за покачувањето од 12 проценти девет во јануари, а три проценти во јули и за покачувањето од 10 проценти седум во јануари, а три во јули.
Како што истакна премиерот Никола Груевски, Владата планираше годинава да ги зголеми сите пензии за 10 проценти, но по барање на пензионерите кои примаат пониски пензии, одлучено е тие да добијат поголемо покачување во однос на оние кои имаат повиски пензии.
Одлуката за зголемување на пензиите на ваков начи е донесена по направените анализи дека е остварливо, во најголем дел поради консолидацијата на Фондот на пензиско иинвалиско осигурување.
- Просечното зголемување би било 15 проценти, што како еднократно зголемување би било највисоко во Македонија. Ако ги изземеме оние ситни зголемувања кои се предвидени со законската регулатива на секои шест месеци по еден еден ипол процент согласно трошоците за живот и платите, ова е најголемо покачување по она во 2002 кога ги вративме осумте проценти и ги зголемивме за уште шест отсто визави платите, рече премиерот Груевски.
Со оглед на тоа што во наредниот период ќе има нови зголемувања, пресметките покажуваат дека во период од 2,5 години тоа ќе биде меѓу 20 и 30 проценти, што е повеќе од планираните 20 отсто. Со тоа се врши корекција на нашето ветување кон пензионерите, кое секако е во нивна полза, рече Груевски.
Пресметките, според вицепремиерот Зоран Ставрески, ги извршиле стручни служби за да се утврди максималното можно ниво за покачување на пензиите во 2008 година.
- Се дојде до исклучително добар процент во просек од околу 15 отсто. Без одлуката на Владата практично пензионерите би примиле само шест проценти согласно идексацијата со порастот на трошоци на живот и плати, кое се прави на секои четири години. Со оглед дека одредени категории на пензионери примаат недоволни средства за материјална егзистенција одлуката на Владата е зголемувањето да биде повисоко токму кај нив, рече Ставрески.
На ваков начин, како што посочи, се врши усогласување на пензиите со платите, кои пораснале за 21 процент, што значи дека пензиите заостанувале за околу 15 отсто.
Министерот за труд и социјална политика Љупчо Мешков истакна дека оваа одлука на Владата е крупен чекор, со кој просечните пензии се изедначуваат со просечните плати, оти со неа најниската пензија која сега изнесува 4.091 денар ќе се зголеми на 4.900 денари. Тој додаде дека Фондот ќе направи напори првата и втората група пензии да се исплаќаат заедно.
За министерот за финансии Трајко Славески, одлуката за покачување е дотолку поголема што не е проследена со зголемување на висината на придонесите, како што е случај со другите држави, туку е резултат на зголемената наплата на придонесите од страна на Фондот на ПИОМ и неговата консолидација.
- Не само што не ги зголемуваме придонесите, туку планираме кон средината на годината во хармонизацијата на основиците на придонесите да направиме намалување на висината на основицата на која се уплаќа придонесот, рече Славески.
NajNaj vlada vo ovie 17 godini tranzicija.
:bravo: