како што самиот рече или си слеп и глув, или не си излегол од дома, доволно ти е само да излезеш од дома и да ја видиш разликата сега и предходно
Напротив ......... баш ретко сум дома, со оглед на тоа што работам веќе неколку години нон-стоп сум надвор, секој ден се движам низ разни краеви на Скопјево, имам контакти со многу луѓе(роднини, познаници, колеги, пријатели...) и да ти кажам право исто е батал ко и пред 5 или 10 год. ............. не напаѓам никого и не велам дека Бранко е бољи ....... неутрален сум и незнам од каде тоа вие гледате дека работите тргнале нанапред ......... што тргнало нанапред ............. ОК нови автобуси има ЈСП, тоа е добро и за поздравување, но што друго ............ ??
Улиците во Скопјево грото се нечепнати, особено по периферниве населби, се е крш ............ плоштадот и просторот околу него е преполн со споменици ОК е да има по некој споменик, ама ова е претеризам и вие тоа добро го знаете ........... вчера седиме на кафе со еден познаник и ми вика абе добро уште колку споменици ќе се ставаат ? јас му викам од кај да знам па јас тоа ........... и навистина уште што се не ќе се става на плоштадот и на просторот околу него ? Остај тоа, здравството е батал, образованието е батал, а исто и другите институции се батал .......... знаеш во оваа држава да можеме да ја направиме барем енергијата и храната евтина, се ќе биде супер, а можеме со оглед на тоа што имаме погодни услови за тоа, најголема глупост е да плаќаме најскапа струја и вода во Европа, а имаме вода во изобилство, а и струја можеме сами да произведеме, а ние увезуваме, исто така прехранбените производи треба да се бадијала, а не со изгор цени, со оглед на тоа што сме мал народ 2 милиона, а и доминантно земјоделска и сточарска земја сме !
Сакам да кажам дека ги имаме сите услови за развој, погодни услови за земјоделство и сточарство, имаме вода во изобилство, мал народ сме, 2 милиона сме, не сме 5 или 10 милиони па да не боли главата, а храната ни е прескапа, а исто и струјата и водата се прескапи, иако имаме вода во изобилство, а и струјата можеме сами да си ја произведуваме, а не да ја увезуваме по неколку-кратно повисоки цени !