Вицеви без наслов 2 дел

Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
- Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
- Аааа… четири.
- Во ред. Квадратен корен од 100?
- 10?
- Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
Плавушата молчи. После некое време рекла:
- Не знам…
- Добро, размисли и дојди утре.
Пријателката и се јавува на плавушата:
- Те вработија ли?
- Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.


Отишла плавуша со исчукана кола во сервис на пеглање. Сервисерот решил да се позафркава, па и рекол:
- Не ти треба пеглање, само дувај во ауспухот, сама ќе се исправи.
Се вратила плавушата дома и почнала да дува, ама ништо не се случило. Поминала друга плавуша и ја прашала:
- Што правиш, ма?
Објаснила оваа што прави, а другата со смеење искоментирала:
- Па, како ќе се исправат дупките, кога си ги оставила прозорците отворени.

Седат двајца полицајци облечени како цивили во кафана и слушаат еден од гостите како кажува виц.
- Зошто полицајците секогаш шетаат по двајца.
- Еден знае да пишува, а другиот да зборува. - одговара друг гостин.
Во тој момент еден од полицајците станува и му вели на гостинот:
- Господине, ве молам вашето име.
- Перо Перовски.
На тоа полицаецот додава:
- Колега, запиши.
--- надополнето: 18 јули 2013 во 12:03 ---
Дошол цајкан каде шефо и му рекол:
- Шефе, сепак ние цајканите не сме најглупави…
- Зошо?
- Па питам еден човек колку е саато, а тове ми вика 5 и 5 наместо одма да ми каже 10!
 

maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Полагаат двајца колеги и првиот влегува одговара на двете прашања и третото професорот го прашува:
- Дали колега забележувате нешто необично кај мене?
Студентот му одговара:
- Немате уши.
Oвој налутен го брка од канцеларија. Излегува колегата и му вели на другиот:
- Што и да одговориш немој да му кажеш дека нема уши.
Влегува другиот и истата финта, одговара на првите две и третото го прашува истото:
- Колега дали забележувате нешто необично кај мене?
И овој му вели:
- Носите леќи.
- Браво колега, како забележавте?
А овој му вели:
- Па професоре да имавте уши ќе носевте очила.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.068
Поени од реакции
57.360
Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:
- Што е тоа што го влечеш со тебе?
- Џеки бе, моето куче.
И го вратиле назад.
По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.
- Што е тоа што го влечеш?
- Џеки бе, кучето.
Повторно го вратиле назад.
По 2месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.
- Што ти е тоа што го влечеш со тебе?
-Тенџере бе тенџере, што може да е.
И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:
- Ќути Џеки ги излажавме...
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Двајца полицајци на работа решават крстозбор:
- Зеленчук со три букви?
- Зелка!
- Не ја собира.
- Епа земи помала.

Жената го прашува на мажот:
- Мили што би направил кога би паднала во река?
- Па би потрчал во селото по помош! Но селото е далеку! Е па за тебе мила јас би трчал и многу подалеку!

Бабата добива пакет од внукот од војска. И гледа внатре една бомба кашикара и едно писмо во кое пишува:
- Бабичке ако ја повлечеш оваа алка ќе добијам три дена отсуство!

Разговараат двајца мажи:
-Жена ми е прав ангел.
-Блазе си ти. Мојата е уште жива.

- Димче, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!

Малиот Панде го прашува татка си.
- Тато како доаѓаат на свет бебињата?
- Пааа, види сине, како да ти кажам, штркот ги носи.
- Тато, тогаш кој го секса штркот?

Оди жена во книжарница и му вели на продавачот:
- Дали ја имате книгата "Жената господар на куќата"?
- Штандот за научна фантастика, госпоѓо, е од другата страна.

Оди Трпе во аптека и бара вијагра.
- Имаме. А вие имате рецепт!
- Немам, ама ја носам сликата од жена ми!

Како жената од мажот може да направи милионер?
-Па, само ако е милјардер.

Оди русокоса во библиотека и налутено вели:
- Книгата што ми ја дадовте воопшто не чини, премногу ликови, никаква содржина, ништо не можев да запомнам........
На тоа библиотекарката смирено одговара:
- А, значи Вие сте таа што ни го зедовте телефонскиот именик.

- Мамо, денеска бевме на систематски преглед и излезе дека од триесет женски само една е невина.
- Браво, срце на мајка, злато мое.
- Не бе мамо слушај ме, тоа да ти била професорката.


 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Двоица алкоси седив пред кооперацију, па га ед'н прашује другога:
-Абе брат, од што би се пре откажаја, од жену или од вино?
Ов'ј принаса флашу до уста и вика:
-Зависи од годиште, брат.



Перо се оженил со некоја Јапонка и отишол да живее на Окинава. По некое време отишол Блажо на гости кај Перо. Седат двајцата, уживаат и Блажо го прашува Перо:
- Добро бе Перо како се разбирате вие двајца?
- Со мимика бе Блажо. Како поинаку?

Во тој момент влегла сопругата на Перо, ја извадила дојката и му ја покажала на Перо. Станал Перо, отишол во другата соба и ѝ се качил на мајката на жена си. Кога завршил работа земал кофа со вода и ја истурил врз жена му. Блажо збунет го прашал:
- Што направи бе?
- Па жена ми ми рече да одам да купам млеко, а јас ѝ реков: Да ти е*ам мајката, нели гледаш дека врне?!



Македонски менаџер кој работел во државна фирма заминал на бизнис конференција во Јапонија.
Таму на паузата се запознал со еден јапонски менаџер кој работел во слична фирма која се занимава со истата дејност. Македонецот го прашал Јапонецот:
- Колку луѓе работат во вашата фирма?
- Шест – одговорил Јапонецот. – А во вашата?
- Седум – без да размислува рекол Македонецот.
Вечерта во хотелот двајцата си легнале порано и не можеле да заспијат. Македонецот си размислувал:
- Зошто го излажав јапончето?
Зошто не му кажав дека само во администрација работиме 200 луѓе?
Јапонецот исто така размислувал:
- Што ли работи тој седмиот Македонец?


Трпе и Трпана јако се караат и Трпана му се дере:
- Кажи уште еден збор и одма се враќам кај мајка ми!
- Такси!
 
Член од
20 јули 2012
Мислења
242
Поени од реакции
364
Во една лудница еден лудак го брка докторот со нож. Овој бегал, бегал, но на крајот се нашол во ќош и немал каде повеќе да бега. Лудакот му се приближил со ножот и му рекол на докторот:
- На сега ти бркаш.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Јапонец прашува Македонец:
- Сакаш ли да ти покажам нешто јапонско?
- Ајде!
Јапонецот го претепал и му вели:
- Тоа беше карате. По малку пак: - Сакаш ли да ти покажам нешто јапонско?- Ајде. Јапонецот пак го претепал и вели: Тоа беше џудо. По малку Македонецот прашува: - Сакаш ли јас да ти покажам нешто јапонско? Јапонецот восхитен: - Да, да!!! Македонецот го мава по главата со железна шипка. jапонецот станува раскрварен и прашува: - Што беше тоа?! Полуосовина од Хонда!


После развод мажот се жали Нема правда! Зошто да и ги остават моите деца!
- Зошто пак твои, и нејзини се. - Види сега, ќе ти објаснам. Одиш до автомат, му ставаш 10 денари и тој ти дава чаша со кафе, така нели? - Да. - Па, чашата кафе твоја ли е или на автоматот?


Разговараат две жени- Оној мојот постојано пие. Веќе не знам што да правам. - Ооо! И мојот беше таков, го пратив кај Пешо и се откажа од пиењето. Пешо сите мажи ги откажува од пиењето.
Си дошла дома жената и му кажува на мажот- Оди кај Пешо да те одучи од пиењето или ќе се разведам од тебе Мажот немало што да прави и отишол до куќата на Пешо. Тропнал на вратата и Пешо го поканил внатре. Потоа му ги врзал рацете, заклучил и му се „качил“. Откако свршил работа му рекол- Ако пивнеш уште една чашка алкохол ќе раскажам на целиот град дека сум те... Имам и доказ! Мажот немало што друго да прави освен да престане да пие и да излегува за да не падне во искушение. Поминала една година, мажот стоел на балконот и пушел цигара, кога забележал дека на плоштадот се вие големо машко оро. Оној кој го водел орото викнал кон него: - Ајде слегувај бе! Пешо умре сабајлево...


Мал семеен бизнис, кафеана. Жената е економист, но не може да ја реши мистеријата.
- Абе Пешо, целата документација е во ред, но 100 литри ракија фалат, а во касата има само 10 денари. Што е работата? - Ракијата ја продадов, секоја чашка по 10 денари! - А зошто тогаш во касата има само 10 денари? Како е можно тоа? Да не си ја испил нашата ракија? - А, не, јас од нашата ракија капка не сум испил. Со Мите од соседната кафеана си го тераме бизнисот. - Како го терате бизнисот? - Со 10 денарката која е во касата одам кај Мите, нарачувам 1 ракија, ја плаќам 10 денари, ми дава фискална сметка и си доаѓам на работното место. Мите ја зема 10 денарката, доаѓа кај мене, си нарачува една ракија, си ја плаќа, му ја давам фискалната сметка и си оди на работното место. Потоа јас одам кај него и се така... Како што гледаш сите приходи и расходи се во ред.


Одлучиле газдите на една фирма за вино да го зголемат прометот и отишле в црква да го замолат попот:
-Може ли ти попе кога ќе ја кажуваш молитвата наместо "Дај ни боже леб наш насушен" да смениш и да биде "Дај ни боже вино"?
-А не знам јас тоа, ќе морате да го прашате Св. Петар.
Отишле после овие кај Св. Петар, му објасниле за што се работи и го замолиле да ја измени молитвата.
-Ќе морате вие да одите кај Господ, сепак тоа е молитва и не можам јас тоа да решам.
Отишле и кај Господ, а овој кога ги ислушал им рекол:
-Само еден момент морам да се јавам кај Св. Петар да го прашам нешто...Слушај Перо, абе до кога ние имавме договор со оние од пекарата?
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
пази се, знам карате,џиуџитцу,ву шу, винг чу, муи таи и уште многу други ориентални зборови
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
:icon_lol:
--- надополнето: 19 јули 2013 во 22:54 ---
stvarno e za zamisluvawe
Ако умре попот, ќе се намести друг поп да кради што не е јасно. И пишувај кирилица.

Не е се во парите, рече попот и си седна во својот мерцедес.
 
Член од
24 мај 2013
Мислења
13
Поени од реакции
9
Се нлутиле архитектите дека за нив никој ништо не пишува по весници а направиле многу големи дела. И си решиле на една ливада да направат мост (а вода ни на сто километри) и свечено да го пуштат во промет. Го направиле мостот и го пуштиле во промет. Другиот ден секој од нив зел весници колку можел за да видат што пишува за нив. А во весниците на насловната страна со големи букви. ВЧЕРА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ФАЌАА РИБА ОД НОВИОТ МОСТ.
--- надополнето: 19 јули 2013 во 23:06 ---
наградно прашање за битолчаниЧзошто во прилеп мајмун не игра
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.068
Поени од реакции
57.360
Купил Мујо најнов Кавасаки и вози 250 на саат по некоја улица и се дерe:
Има некој ваков мотор? Луѓето: Нееее никој
Поминува низ друга улица:
Има некој ваков мотор? Луѓето: Нееее
Низ третата: Има некој ваков мотор?
Илегол некој: Јас имам бе, и што сега?
Мујо: Абе дај жити се како да го сопрам ова чудово


Македонската ватерполо репрезентација на некое големо натпреварување. И играат тие и на сред акција тренерот се дере: -Перо, Перо бе дај му ја на Миле, дај му ја на Миле.
Ама Перо тера уште напред партали прави.Тогаш повторно тренерот:
-А бе на Миле дај му ја топката, подај му на Миле, на Миле море....
Ама Перо продолжува натаму и постигнува гол.Сите играчи се радуваат и тогаш тренерот го прашува Перo:
-Море, зошто не му ја даде топката на Миле?
-А бе каков Миле, тренеру не виде дека јас гол дадов?
-Ти даде гол ама Миле се удави!!!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
На час по математика наставничката го прашува ученикот:
- Си била една мајка и таа имала 7 деца и 5 компири. На колку дела ќе ги подели компирите за сите деца да добијат подеднакво?

Ученикот рекол:
- Ќе направи пире!
:LOL:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.347
Поени од реакции
6.303
Таксист вози проститутка со преубави нозе . Не можел да издржи pa и рекол :
- Каде водат овие жици ?
- До шпоретот - одговорила таа
- Може ли да ја испечам пиперката во него ?
- Во моментов правам ајвар , но шпоретот на плин е слободен :DDDDDD
 

Kajgana Shop

На врв Bottom