Привлечна русокоса доаѓа во биро за исчезнати лица.
-Мојот сопруг исчезна синоќа, Ве молам да го пронајдете - му вели на службеникот.
-А ако не го најдеме, што правите вечер? - прашува тој заводнички.
* * *
- Учителке, учителке, овој Трпе фрла по мене со неговата столица!
- Добро де, фрлај и ти по него!
- Ама учителке, јас имам ретка столица!
* * *
Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба пред него, ама зачитан весник ништо друго не го интересира. Скитников си вика: Абе овој ептен занесен, можам да отидам, да му ја исркам чорбата и да не примети. Оди скитникот клекнува пред масата и почнал да срка од чорбата. Ја исркал цела, кога забележал долго виткано црно влакно на дното. Згрозен, ја повратил цела чорба во чинијата. Во тој момент го тргнал весникот човекот и го прашал:
- Што е, и ти стигна до влакното?
* * *
Со кој просек завршуваат студентите на универзитетот во Мала Речица?
- 7,62 (мм).
* * *
Девојката го прашува дечкото:
- Зошто имаш толку големи очи?
- Затоа што сум плачел многу како мал.
- Па добро бе, што не си мочал повеќе?
* * *
Мажот ја однел жената на изложба на бикови. На првиот штанд гледаат опис: "Овој бик минатата година се пареше 50 пати". Жената му се свртела на мажот и искоментирала: - Види мажу овој бик 50 пати се парел минатата година, зарем тоа не е интересно?
Продолжиле тие понатаму на друг штанд каде пишувало дека бикот се парел 65 пати минатата година. Жената искоментирала: - Види мажу, 65 пати. Би можел да научиш нешто од овој бик!
Мажот само премолчал и продолжиле понатаму. На следниот штанд виделе прекрасен бик и газдата како го гали по главата. Жената го прашала газдата:
- Се извинувам, а колку пати овој бик се пареше минатата година!
- 365 пати, одговорил гордо газдата.
На тоа жената се свртела на мажот и му рекла потсмешливо:
- Еее, мажу, од овој бик би можел да земаш часови!
На тоа мажот не можејќи да издржи се свртел накај газдата на бикот:
- А да ве прашам јас нешто. Дали сето тоа бикот го правеше со една крава?