Вицеви без наслов 2 дел

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Мажот ја среќава бившата жена. Таа го прашува:
– Како ти оди љубовниот живот?
– Сношти бев со една јака женска и си мислев на тебе.
– Зошто? Ти недостасувам ли?
– Не мори па ти… за да не свршам брзо.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
На патот секогаш имам предност, не ме интересираат ограничувањата на брзината, не ставам појас, полицајците не ме запираат, возам возило што чини околу 500.000 евра и по мене секогаш трчаат жени…
Убаво е да си возач на трамвај…
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Полицаец запира струмичанец:
- Возевте пребрзо, документи молам.
- Еее, далдисал с’м, не с’м забакарил.
Полицаецот:
- Documents, please.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Еден маж решил да оди на риба преку зимата, со шишенце ракиичка, како што е ред. Отишол и почнал да прави дупка во мразот. По некое време слуша некој силен глас со ехо, како од небото:
– Тука нема риба!
Мажот малку се подзамизлил, отишол на друго место и пак почнал да копа дупка во мразот. Одеднаш пак се слуша истиот моќен глас:
– Тука нема риба!
Мажот и трет пат се преместил и пак се слушнал истиот глас:
– Тука нема риба!!!
Тогаш мажот погледнал кон небото и прашал:
– Абе кој си ти?!!!
Гласот одговорил:
– Директорот на лизгалиштето.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
И постави Бог во рајската визба разни зимници и им заповеда на Адам и Ева: ,,Од сите тегли може да јадете, но од теглата со домашен ајвар не смеете! Зошто во моментот кога ќе пробате, ќе ви се присака уште, а само 10 тегли ми испаднаа годинава".
Но жената беше полукава од Адам и знаеше дека може да јадат и домашниот да го сменат со купечки. И јадеше Ева и му даде и на Адам а кога се најадоа, тркнаа до маркет и земаа купечки.
Кога се врати Бог, виде дека ајварот не е домашен и почна да вика: ,,Адам! Дали јадевте од ајварот за кој ви реков да не јадете?!" Тогаш Адам рече: ,,Јадев, бидејќи жената што ми ја даде ми кажа дека имало ајвар на акција во маркетот.... Тогаш Бог се разгневи, ги избрка од визбата и им кажа: ,,Одсега само купечки ајвар ќе јадете!" А жената ја проколна да неможе сама да ги одвртува капаците од теглите.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Жената:
– Мажу, се сеќаваш ли кога Шерон Стоун ги прекрстуваше нозете во „Основен инстинкт“?
– Да!
– На тоа се сеќаваш, а леб пак заборави да купиш нели, ѓубре расипано?!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се враќа Циганот дома, изморен и гладен. Го отвора фрижидерот и што да види, празен. Оди кај жена му нервозен и и вика:
- Жено, ти ќе јадиш ќотек, а јас шо ќе јадам?!
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
3ца Шипој силуваат некоја, и ја прашва,т како сакаш со вазелин или без,
- Кога нема бегање, одбрала со вазелин.
Вазељиииииин елај вамо те барат :ban: :D
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Голема болница. Комисија од Министерството за здравство е во инспекција, заедно со раководството на болницата. Сакаат да видат како напредуваат реформите во здравството и дали се почитуваат сите одредби на министерството.
Влегуваат во првата соба, а таму некаков тип мастубира со п*рно списание. Овие од комисијата се зачудиле.
– Што се случува овде?!
– Го лекуваме човекот од предвремена ејакулација. – Одговориле докторите од болницата.
– Хм! Браво! Интересен пристап! – Рекле од комисијата.
Влегуваат во втората соба, а таму друг маж го прави истото но гледајќи п*рно канал на ТВ.
Од комисијата повторно зачудени:
– А тука? Што е ова? Овој пак зошто?
– Па и овој страда од предвремена ејакулација.
– Аха, интересен пристап кон лекувањето. – Со одобрување климаат глави од комисијата.
Влегуваат во трета соба, а таму пак еден маж фатил една сестра и ја растура од с*кс. Овој пат комисијата изреагирала поостро:
– Абе, што правите вие во оваа болница?!?!
– Па, човекот го лекуваме од предвремена ејакулација.
– Добро де, но зошто предните двајца поинаку, а овој со сестрата? – Револтирани прашале од министерството.
– Затоа што првите двајца се преку фондот, а овој си плаќа на приватно!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Во земјата канаанска постоеја два града што се викаа содома и гомора, беа познати по ужасот наречен турбофолк. Во еден од нив живееше единствениот металец чие име беше Лот. Лот имаше жена и две ќерки - рокерки. И виде Бог дека народот од овие два града забегал со ѕвезде гранда и пинк шоу, па прати двајца рокери да ги предупредат луѓето за злото што го прават. И кога стигнаа, Лот ги прибра кај себе, но фолкерите разбраа за нивното доаѓање и одлучија да ги однесат кај Саша Поповиќ. Кога стигнаа пред неговата врата, Лот им предложи наместо нив, да ги земат неговите две ќерки, кој немаа гледано ниедна емисија од звезде гранда. Но фолкерите беа упорни и ги бараа двајцата металци. Тогаш тие ги вклучија појачалата на максимум и гитарите и ја разнесоа вратата со еден потег. Тогаш Бог реши да ги казни содома и гомора и им нареди на металците, Лот, ќерките и жената да излезат од градот и да ги затнат ушите. Но жената на Лот не ги затвори ушите и ја слушна Лепа Лукиќ како пее, и веднаш се претвори во сељак. Одкако Лот и металците си отидоа од градот, Бог фрли над содома и гомора фарми и големи браќа и сите турбофолкери завршија или на фарма или во куќата на големиот брат.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
25-годишно момче ја води својата свршеница кај родителите, за да се запознаат.
– Мамо, тато, ова е мојата свршеница. Таа има 50 години и има 5 деца…
– Молам!?
– Нејзиниот поранешен маж – наркоман го продал нивниот стан и сега тие нема каде да живеат…
– Молам!!?
– Таа исто така е на хероин и има СИДА…
– Молам!!??
– Се вика Жаклина…
Комплетен шок.
– Ха-ха-ха! Само се шегувам, бе, луѓе…
На родителите им олеснува и почнуваат да се смешкаат, а синот додава:
– Се вика Марија…
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Две баби зборуваат:
- Мојот старец постојано си ги грицка ноктите. Стварно незнам како да го одвикнам.
- Еее..., јас мојот го одучив.
- Како мори? Mу ги врза рацете?
- Не! Му ги кријам вилиците.

:D
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Двајца пензионери играат шах. Едниот погледнува нагоре во небото и ja гледа Баба Рога. А таа раздрпана, грда, метлата пола искршена, чади…
Пензионерот ја погледнува, а потоа го спушта очајно погледот и вели: „Ех, каква ни е државата, таков ти е и Бетменот!“
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се качил Црногорец во полн автобус. На првата станица возачот им викнал на патниците:
- Ајде одете малку поназад, средината е празна, да влезат други луѓе!
Се помрднале сите, па и Црногорецот мрзоволно.
На следната станица повторно возачот:
- Ајде уште малку назад, да има место за сите!
На тоа Црногорецот дофрла:
- Добро бе мајсторе, јас ти платив да се возам, а не пешки да одам!

:D
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Разговараат три глувчиња. Првото рекло:
– Мене кога ми е досадно и нема што да правам, наоѓам некоја стапица за глувци, влегувам и го јадам сирењето без ништо да ми биде.
– Тоа не е ништо! – Рекло второто. – Мене кога ми е досадно, земам едно ќесе отров за глувци, си јадам додека пијам пиво и гледам телевизија и ништо не ми се случува.
Третото глувче рекло со чудење:
– Многу сте храбри, јас не можам да се споредувам со вас. А сега мора да одам, треба да ја „опнам“ мачката!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom