Вицеви без наслов 2 дел

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Разговараат двајца педофили и покрај нив поминува 12 годишно девојче и едниот му вика на другиот:
- Ех, каква риба беше на времето
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Господ ако сака да те казне ќе те пуште у Македонија да живееш!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Феминистички виц

Се појавил Господ и им рекол на мажите да се постројат во две колони, во првата колона да застанат сите мажи кои се главни во бракот и кои се глава на фамилијата, а во другата колона мажите кои се под влиjание на жените...
Се построиле мажите и што ќе виде Господ, колоната во која мажите се под влиjание нажените била километарски долга додека во другата колона имало само еден маж.

Се налутил Господ и почнал да вика:
- Како не ви е срам Јас ве создадов вас, за да бидете главни, глава на фамилијата, а не да ме срамите, да бидете под влијание на жените. Ништо не сте научиле, од вас сите само еден ги исполни моите очекувања.
Се свртел кон единствениот маж кој бил во другата колона и го прашал:
- Ајде кажи ми ти сине како ти успеа да бидеш единствен во ова колона?
Mажот одговорил:
- Немам појма, жена ми ми рече да застанам тука.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.661
Поени од реакции
7.307
Дечко и девојка во кревет. Девојката налутено со повишен глас му се обраќа:
- Би било убаво да си малку возбуден!
А он и враќа:
- Би било возбудливо да си малку убава!

Жената се кара со мажот:
- Ќе напишам на креветот колку си прост!
- Зошто?
- За да научи целиот град!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Како математичар ќе докаже дека крокодилот е подолг отколку што е широк?
Доказот се состои во два дела.


Прво се докажува дека крокодилот е подолг отколку што е зелен, а потоа се докажува дека е позелен отколку што е широк.

Прво, кога крокодилот ќе го погледнеме одозгора тој е зелен и долг а ако го превртиме тој е долг а не е зелен. Следува крокодилот е подолг отколку што е зелен.

И второ, кога крокодилот ќе го погледнеме одозгора тој е зелен и по должина и по ширина, а широк е само по ширина. Следува дека повеќе е зелен отоколку што е широк. Од сето ова се заклучува дека крокодилот е подолг отколку што е широк.
 
S

Stivie G

Гостин
Трпе и мajka му седат и гледаат телевизија во тој момент заѕвонува ѕвончето. Кога Трпе ја отворил вратата видел дека е газдата на куќата веднаш истрчал и и рекол на мајка си:
- Мамо дојде газдата по киријата, имаш пари или да одам надвор да си играм? :pos:
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.661
Поени од реакции
7.307
Се враќа Трпе дома од работа, гледа нема ништо за јадење и и вика на Трпана:
- Трпано, ај ти ќотек ќе јадеш, туку јас што да јадам!?


Трпе и мajka му седат и гледаат телевизија во тој момент заѕвонува ѕвончето. Кога Трпе ја отворил вратата видел дека е газдата на куќата веднаш истрчал и и рекол на мајка си:
- Мамо дојде газдата по киријата, имаш пари или да одам надвор да си играм?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Маж и жена си легнале во кревет. Но по кратко време жената со повишен тон му се обратила на сопругот:
- Би било убаво малку да си возбуден!
- Би било возбудливо да си малку поубава!
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.661
Поени од реакции
7.307
Првиот ден на фалкутет, деканот им се обраќа на студентите.
Слушајте ме сега. Женскиот интернат е забранета зона за студентите, а исто важи и за студентките што се однесува на машкиот интернат. Секој кој ќе го прекрши ова право првиот пат ќе биде казнет со 500 денари. Вториот пат казната е 1200 денари, а третиот пат таа е 3000 денари. Има ли некој нешто да праша?
Се јавува Ѓеро: Се извинувам, а колку ќе не чини годишна пропусница?
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.661
Поени од реакции
7.307
Човек си оди накај дома, и крадец му става пиштол на глава и му вели:
- Дај ми ги твојте пари!
- Господине, јас сум важен член на владата на РМ!
- Епа во тој случај, врати ми ги парите!!!
 
S

Stivie G

Гостин
Мамо, мамо, трудна сум!
- Што?!!- Априлилили, абортирав. :pos:

Трча Фата со мобилниот и вика : Мујо некој ти ѕвони
Кој ми ѕвони?
Па некој Battery low!

 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Умрел другарот Тито. На небото се одвивало расправија за тоа каде да го стават, дали во рајот или пак во пеколот, но на крај се заклучило дека не е лош човек. Но сепак, бидејќи бил атеист и комуњар се согласиле една година да биде во пеколот а една во рајот...

Поминало една година и време било Тито да го преместат во рајот, влегол Господ во пеколот и му заповедал на ѓаволот да го донесе Тито.

Ѓаволот: Господе, Тито ми направи голема штета, сите демони ми ги претвори во пионери и ме принуди да организирам работна акција за чистење на пеколот. Господ го земал Тито и го однесил во рајот.

Една година подоцна ѓаволот доаѓа кај Господ и му вели:
- Господе, време е Тито да дојде кај нас, помина една година откако комуњарот не е со нас.

Господ: Како прво, не ме се обраќате со Господе, туку со Друже Господ. Второ, Господ не постои
И трето, не сакам да слушнам навреди кон нашиот Претседател оти ќе те судам како национален предавник!
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.661
Поени од реакции
7.307
Продавачка му вели на македонски политичар:
- Господине изберете си лубеница
- Како да изберам кога е само една?
- Епа и вие сте едни и исти, но ние ве бираме!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom