Атрактивна и убава студентка отишла на консултација кај професорот во неговиот кабинет. Во разговорот таа рекла, дека ќе направи сé што ќе посака професорор, само да положи. После ова, професорот станал од својата столица, седнал блиску до студентката и ја прашал:
- Што мислите кога велите "сé"?
- Професоре, мислам на "сé"!
На ова, професорот се доближил до студентката и тивко и шепнал:
- Учи!
Некој човек останал на пуст остров и најблиското копно му било оддалечено некои 10 000 км. Си ловел риби и начекал златна рипка и нели по дифолт, оваа му вика, ќе ти исполнам само една желба. На тоа овој вика:
- Сакам да ми направиш мост до копното и некоја кола, колку да не одам пешки натаму.
Рипкава вика:
- Е сеа и ти, дај нешто по скромно, ова многу работа има, тешко е, а и не е изводливо...
- Е па тогаш, би сакам да можам да ги разберам жените...
На тоа рипкава одговара:
- А мостот сакаш со 4 ленти да биде? Сакаш кола Бугати Вејрон со бесконечно многу гориво? Девојки 2-3 голи со тебе да има? И милјон евра? Кога да го направам, одма?