Стои Црногорец на плажа во Будва и гледа како се дави еден турист.
Доаѓа друг Црногорец и го прашува:
- Што правиш бре пријателе?
- Еве го гледам оној јадниот што се дави.
- А ние овде си стоиме?
- Си стоиме.
- Па ајде да си седнеме.
Се караат двајца педери:
-Марш, педеру!
-Марш ти, педериште едно старо!
-А, бе ај не јади гомна!
-Ти не јади гомна!
-Море, да ми го пушиш!
-Аха! Сега сакаш да се смириме.
Наврнало снег до колена во Сараево, а Хасо на радио слуша вести:
„Се молат граѓаните да ги паркираат своите автомобили на страните од улиците со непарни броеви, за да може да се исчисти снегот барем од едната страна на улицата“.
И оди Хасо да го препаркира автомобилот. Утредента, наврнало уште повеќе снег и повторно јавуваат на радио:
„Се молат граѓаните да ги паркираат своите автомобили на страните од улиците со парни броеви“.
И оди Хасо пак да го препаркира автомобилот. Третиот ден, пак врнело снег и Хасо слуша вести. Баш кога спикерот требало да каже на која страна од улицата да се паркираат автомобилите, снемало струја.
„Е што да правам сега?“, си мисли Хасо в ум и сам си вели:
„Море, кој го ебе, денес нека остане в гаража!“
- Како се вика вонбрачно дете на пилот?
- Копилот.
Синот, загрозен коцкар, се прибира дома сабајлето кога веќе неговите појадувале и веднаш оди да си легне...
Таткото: добро бе стоко кај си доаѓаш касно барем еднаш да седнеше ко човек да јадеш со нас...
Синот седнува со нив да јаде. Таткото му го подава лебот и му вика: сечи!
Синот: СЕЧЕНО, ДЕЛИ !!!
По првата брачна вечер :
ТОЈ: Драга, ценејќи по твоите вештини, заклучувам дека не сум ти прв...
ТАА : Најдраг мој, ценејќи по твоите, не верувам ни дека ќе ми бидеш последен!