Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 5.998
- Поени од реакции
- 24.457
Ок тесноград сум и на другите не сум им јасен. И го тераш муабетот во други насоки и веќе нема драж да дискутираме.
Сума сумарум Бети пак се сведува на понуда и побарувачка и силите што ја дефинираат цената. Види мои претходни постови од оваа тема, подобро се имам таму објаснето. Убава девојка убава цена држи. Парично, статусно, карактерно или како сакаш, нема да се задоволи она со просек затоа што си ја држи цената.Кога велам дека треба да и парираш на некој начин на девојката тогаш мислам дека треба да имаш некој квалитет за она да се заљуби во тебе. Различни луѓе ги привлекуваат различни работи. Некого карактер некого убавина, а некого пари. Значи ако си ти стар, грд, ќелав, со 100 кила, а сакаш да фатиш некоја плавоока лепотица пред која паѓаат мажте како покосени, нормално дека треба да и понудиш нешто за да она те одбере тебе, Ако е она спонзоруша ќе падне на патите, ако е од другата сорта на девојки ќе си одбере некој врсник лепотан, кој можеби ќе ја сака а можеби и ќе ја третира како трофеј.
Во врска со делот резерва...зошто ти мене не би ме гледал како очите во главата и покрај фактот што некогаш во животот сум имала потреба или сум сакала да бидам нечија утеха, ако јас тебе во моментов те разбирам, те сакам, те почитувам, те правам среќен и се би направила за тебе? Можеби тоа искуство ме направио она што сум денес- подобра особа, можеби баш тогаш сум сватила дека не сакам да бидам к*рва и кој ќе стигне да се лигави на мене? Или можеби сум прифатила да излезам со некој бидејќи сум била заљубена во него па не сум гледала подруга шанса за да бидам со него.
Девојката автомацки ги прави условите за игра потешки кога некој и се допаѓа од страв да не го изгуби предвреме. Или од претпазливост да не биде повредена и искористена. Кога некој ти се допаѓа сакаш работите да ги направиш со ред и да да уживаш во нив лека - полека, а не на брзина да се из*упиш со него и оп, се разбудуваш и гледаш утредента дека он се што барал е само секс за една вечер а ти си више затрескана до уши во него.
Да одиме на другиот дел. Резервна гума Бети служи ако главната ти се дупне, да не останеш на пат туку да можеш да се одвозиш до најблискиот вулакнизер и да ја поправиш или да си купиш нова. Резервната гума е понефункционална, со неа смееш да возиш максимум 80, строго непрепорачливо е да се служиш со неа постојано, односно нејзиното постоење е за случаеви кога нема друга опција. Зошто една таква гума резервна, колку ли не луѓе ја користеле по потреба, утре да ми биде главна потпора на мојот автомобил?
Зошто жена која свесно и без присила одбрала на некој клошар да му биде резерва, да се диви на неговите сељачизми, да лечи емотивни дупки со ниски страсти, утре мене да ми биде сопруга, потпора, мајка на моите деца, личност за која и животот би си го ставил на рулет. Не знам за други, јас барем така гледам на девојки за долга врска и подцна брак. Тоа другарка ти што ја цитирав погоре може мисли дека тоа е тесноградо од моја страна или дека премногу барам, ама тоа е моето мислење јас сепак мислам дека не зборам за свемирски бродови. А што се тиче оној делот со искуството, ај вака да ти кажам. Пример јас и ти сме во врска. И мене ми се пружа шанса да опнам некоја бомбетина од женска, авион, камион она мора да е што би рекле овие од Денека. И сега јас вака си резонирам во себе-Јао малава е топ не смеам да пропуштам ваква ебенка. Ама Бети ако ме фати сум го наебал. Не бе вака ќе направам. Јас малава ќе ја клецнам. Ако не ме фати Бети у реду. Ако ме фати, ќе и отидам со уплатен ваучер за Дубаи, ќе си намачкам дробен кромид на подочњаци, и ќе и објаснам дека мене баш ова искуство ме научи многу. Ме научи дека вистинската љубов не е во цицките и во гзот, дека само затоа што некоја толку страшно ми го издудлала не значи дека тоа е вредност, и дека поради тоа треба да си ја загрозам врската. Дури и ова искуство ми ја зголемила љубовта кон неа и направило да се чувствувам уште поприврзан. Следниот пат ќе биде следново-Бети знам дека ти е тешко, ама мене ова искуство ме научи многу. Ме научи дека само поради тоа што си ми спуштила слушалка не значи и дека си ми раскинала и јас сум слободен туку едноставно дека моментално си ми налутена и не сакаш да комуницираш со мене. Тоа ми помогна уште подобро да го осознаам твојот карактер и да се осетам уште поблиску до тебе. И знаеш дека можам со примериве до бесконечност да одам. Мислам, како да ти кажам? Пази ја логиката-Типот има долгогодишна врска ми се пушта мене, јас знам дека има долгогодишна врска ама прифаќам и поради тоа што прифатив сега сум полна со искуства и со наравоученија и знам да ценам прави вредности. Ај кажи ми што е поразлично тоа од оваа логика-Своеволно брцам јас гол метал во штекер, ме дрма струја, ама поради тој мој потег јас научив да ја почитувам струјата, ја почуствував вистинската нејзина сила за која повеќето луѓе само начуле но не ја искусиле и сега со внимателност ќе ракувам со електричните апарати.
Пази, ги прави условите потешки а два дена претходно ја гледаш се драпа со србинот. Исто како оние со пореметен центар на рамнотежа кога ќе стават 12ка штикла и одат како да им го начукале крдо црнци. Не иде бе. И за крај, ќе ти кажам една мисла од Фејсбук што ја напиша една девојка. Не постои машко кој бара само секс за една вечер. Постојат девојки кои не можат ништо друго да понудат.
И да, после долго време да ми се засвиѓа некоја дискусија во која учествувам, нормално нерелевантно па дури и поинтересно е што не се согласуваме.