Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?

  • Вкупно гласачи
    110
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ова се однесуваше на мешањето на родителите на Невена во нејзините одлуки, а не на Дејан.

За Дејан се согласувам со сите твои описи за неговата незрелот. Но тоа ајде го препишуваме на пубертетот. Она што повеќе загрижува во случајот е незрелоста на Невена. И не знам зошто, ама мислам да беше обратна ситуација, Дејан да беше двојно постар од Невена, а таа малолетна средношколка...мислам дека сега ќе зборевме за педофилија.
Да, ама не знаеме колку години има Невена при склучувањето на бракот со Игор. Тоа не е формален брак затоа што е само црковна церемонија, која не е правно-релевантна во тој период. Тоа е некаде пред земјотресот, значи во касни 50-ти или рани 60-ти кога има матични тела. Невена сака да се венча со него, и веројатно би се венчала, препрека станува неговата болест која го менува, физички го изнемошнува и го врзува за кревет. Знам, таа церемонија, за неа, е трауматична.

По врската и бракот со Игор, семејството ја отсекува. Така, претпоставувам, дека мислиш само на таа одлука. :noze:

Со, Дејан не може да станува збор за некаква педофилија, таа не е двојно постара од него, тој може формално-правно стапи во брак, нели и вели дека во Грција ќе се венчаат, тој има 17-18 години, ама нејзините одлуки, со постапките на Дејан, се крајно незрели. Тука се согласуваме. :noze:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.490
Прашањето кое се отвора е, дали може некој да го обвини, за нешто, Горан?
За што би го обвиниле болен човек?

Освен за местената средба (ако воопшто била местена, а мене така ми изгледаат нештата). Ама и тоа искрено не знам колку е за обвинување, затоа што веројатно и он тогаш бил пубертетлија

Фалат битни детали во книгава. Па ете и возраста на Невена. Јас некако добивам впечаток дека Невена е двојно постара од Дејан.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
За што би го обвиниле болен човек?

Освен за местената средба (ако воопшто била местена, а мене така ми изгледаат нештата). Ама и тоа искрено не знам колку е за обвинување, затоа што веројатно и он тогаш бил пубертетлија

Фалат битни детали во книгава. Па ете и возраста на Невена. Јас некако добивам впечаток дека Невена е двојно постара од Дејан.
Затоа го иницирав прашањето. Ако го земеме самоубиството како репер, од една страна имаме крајно изменета, па и извитоперена состојба на свеста, а од друга страна го имаме семејството кое го остава зад себе. Некои одлуки се свесни, а други не. Дали Горан имаше шанса за своевиден самоспас во институцијата? Да. Дали одлуките му беа намерни и злонамерни? Не.

Горан не е пубертетлија, тој е доктор, забар. Колку години има, не знаеме, ама поминуваат неколку сезони (т.е. години) во нивниот брак, според описите во книгата, а доста брзо стапуваат во брак. :noze:
 
Ама Дамбс он не е цел живот пубертетлија. Ја добивам впечаток дека добар дел од животот поминал заедно со Невена. Зборам за периодот кога се запознале, а не периодот од крајот на животот.

Целата таа агонија низ која проаѓаат, е така опишана, да мислам дека има период од околу десетина година како трае нивната врска. Во почетокот е добро, па потоа проблемите со пиењето, одењето во болница, доаѓањето дома, бременоста на Невена.

Можеби и грешам, тоа е само моја лична перцепција.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Ќе се замешам накратко со неколку мои забелешки за „Тунел“, читана пред околу десет години.
Во романот Петре М. Андреевски изнесува неколку речиси невозможни, можеби и нечуени нешта, и по тоа овој роман е интересен:
* Ја мажат главната јунакиња насила со момче пред умирање = невидено
* Сопругот со кој живее, не само што е алкохоличар, туку доживува и делириум тременс = мнооогу редок случај
* Се заљубува во ученик = редок случај
* Бега со ученикот = речиси невидено
* Ќе бегаат на диво преку граница, а не се терористи или криминалци = нечуено
* На крајот од романот се спомнува жива кал = не сум чула да има кај нас

И така :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ама Дамбс он не е цел живот пубертетлија. Ја добивам впечаток дека добар дел од животот поминал заедно со Невена. Зборам за периодот кога се запознале, а не периодот од крајот на животот.

Целата таа агонија низ која проаѓаат, е така опишана, да мислам дека има период од околу десетина година како трае нивната врска. Во почетокот е добро, па потоа проблемите со пиењето, одењето во болница, доаѓањето дома, бременоста на Невена.

Можеби и грешам, тоа е само моја лична перцепција.
Ама не, читај го разговорот меѓу неа и мајка ѝ, Горан уште тогаш е заболекар, значи има 20 и нешто години. Пред тоа имаат игранки и една посета во парк. И она решава да се мажи! :icon_mrgr:

Колку години минуваат во нивниот брак, не знам, ама најмалку 2-3. Таа ги брои сезоните. На тоа не обрнав внимание. Штуроста на приказната ни дава можност самите да ги пополниме дупките во книгата. :noze:
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Ама не, читај го разговорот меѓу неа и мајка ѝ, Горан уште тогаш е заболекар, значи има 20 и нешто години. Пред тоа имаат игранки и една посета во парк. И она решава да се мажи! :icon_mrgr:
Разговорот помеѓу неа и мајка и, кога и соопштува дека ќе се мажи, моментот кога нејзината мајка и вели дека неговото семејство се болни во главата и дека за таа болест нема лек.

А Невена ја доживувам околу 30 години максимум. Иако цело време покажува незрелост и несоодветно однесување, нити како возрасна личност, нити како човек интелектуалец
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
А Невена ја доживувам околу 30 години максимум. Иако цело време покажува незрелост и несоодветно однесување, нити како возрасна личност, нити како човек интелектуалец
Вчера пред да легнам ми текна нешто. Она станува наставничка по македонски јазик т.е. доаѓа како заменик, за таа професија, во тоа време, ти треба само вишо образование што се завршува до својата 20-та година (мислам дека е 2 години). Има доста штурост и дефицит во приказната, ама ако поминуваат неколку години во бракот со Горан и неколку по неговата смрт, има најмалку 25 години. Тоа е логичка секвенца односно градење на идентитет врз база на сврзување меѓусебно (не)поврзани настани за таа индивидуа. И дап, и јас мислам дека е меѓу 25-30 години, ама тоа е само лична перцепција, ништо повеќе. :noze:
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
ама тоа е само лична перцепција, ништо повеќе.
Исто како што е ваша лична перцепција дека Горан со намера ја иницирал средбата :sneaky: Според мојата перцепција ќе и верувам на Невена дека сепак станува збор само за несреќна случајност:icon_mrgr:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Инаку, во Yоu won't be alone, и Марија ја омажија, на сила, со човек кој беше пред умирање, така да, претпоставувам дека тоа е некоја традиција! :noze:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Инаку, во Yоu won't be alone, и Марија ја омажија, на сила, со човек кој беше пред умирање, така да, претпоставувам дека тоа е некоја традиција! :noze:
И јас тоа го помислив кога го гледав филмот, ама па ... и да имало таква традиција, сигурно одамна ја има снемано, дека ние денешните не сме чуле за тоа :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
И јас тоа го помислив кога го гледав филмот, ама па ... и да имало таква традиција, сигурно одамна ја има снемано, дека ние денешните не сме чуле за тоа :)
Да не им го расипуваме филмот. :noze:

Дејството на филмот се случува во 19-от век, а настаните со Марија (според приказната на Шенка) биле пред многу векови, така таа традиција е многувековна. Настаните во книгата, пак, се случуваат непосредно пред и по земјотресот во Скопје, значи касни 50-ти и рани 60-ти. Така, да, никогаш претходно не бев слушнав за тој обичај.

Нели доаѓа посредникот, разговара со таткото на Марија, ѝ нашол маж (по која таа копнее) и следна сцена: таа го гледа болен како лежи во една темна соба/пештера. Дури и мажот на Марија умира непосредно по свадбата, многу слично како во книгата. По сите тие копнежи таа гледа и како го закопуваат.

За време на церемонијата насила ги држат и него и неа, таа се противи, тој е полумртов. Многу, многу слично.

Офтопик: во "Пиреј", по смртта на едното дете, Велика игра на неговиот гроб само да симне некоја клетва! Дали и тоа е некој стар обичај?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.650
Офтопик: во "Пиреј", по смртта на едното дете, Велика игра на неговиот гроб само да симне некоја клетва! Дали и тоа е некој стар обичај?
Да, заради сите срања што им се дешавале тогаш со шпански грип и војни, луѓето биле очајни.

И верувале дека ако набрзина погребаш два члена на семејството, на вториот погреб не треба да се тажи туку да се “слави“. За да ја излажеш смртта дека си радосен, за да се откаже, и да не ти напакости пак.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
407
Поени од реакции
1.135
Во консултација со @Dumbledore одлучивме книгата за месец мај да биде
"Неподнослива леснотија на постоењето" од Милан Кундера.

Милан Кундера е роден 1 април 1929 во Брно, Чехословачка. Бил член на комунистичката партија но бил иклучен поради антипартиски активности. Прво почнува да пишува поезија но подоцна пишува и драми и романи. Во неговиот прв роман "Шега" ја критикува советската инвазија на Чешка во 1968 и поради тоа е ставен на црната листа во Чехословачка и неговите дела се забранети.

Неколку години подоцна, тој заминува во Франција каде ги издава своите дела кои не можел да ги издаде во Чешка поради забраната. Оттогаш почнува да пишува на француски јазик.

Има добиено многу награди и признанија, а се шпекулира дека бил во потесниот круг за нобеловата награда за литература.

Неподнослива леснотија на постоењето е издадена од Табернакул и сега најново од Арс Ламина така што книгата може да се најде и е достапна.

Поздрав и се надевам ќе ви се допадне книгата. :):)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.490
Онлајн може да се најде?
Јас по библиотеки не ја најдов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom