Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Да, ама не знаеме колку години има Невена при склучувањето на бракот со Игор. Тоа не е формален брак затоа што е само црковна церемонија, која не е правно-релевантна во тој период. Тоа е некаде пред земјотресот, значи во касни 50-ти или рани 60-ти кога има матични тела. Невена сака да се венча со него, и веројатно би се венчала, препрека станува неговата болест која го менува, физички го изнемошнува и го врзува за кревет. Знам, таа церемонија, за неа, е трауматична.Ова се однесуваше на мешањето на родителите на Невена во нејзините одлуки, а не на Дејан.
За Дејан се согласувам со сите твои описи за неговата незрелот. Но тоа ајде го препишуваме на пубертетот. Она што повеќе загрижува во случајот е незрелоста на Невена. И не знам зошто, ама мислам да беше обратна ситуација, Дејан да беше двојно постар од Невена, а таа малолетна средношколка...мислам дека сега ќе зборевме за педофилија.
По врската и бракот со Игор, семејството ја отсекува. Така, претпоставувам, дека мислиш само на таа одлука.

Со, Дејан не може да станува збор за некаква педофилија, таа не е двојно постара од него, тој може формално-правно стапи во брак, нели и вели дека во Грција ќе се венчаат, тој има 17-18 години, ама нејзините одлуки, со постапките на Дејан, се крајно незрели. Тука се согласуваме.
