@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114

Македонскиот јазик (македоники) е еден од современите јазици на Балканот. Тој е мајчин јазик за Македонците во Република Македонија, како и за македонските национални малцински заедници во Грција, Бугарија и Албанија.
Авторот на ова дело, Васко Караџа (1923-2005), е роден во селото Д’мбени, Костурско, преименувано во Дендрохорион во 1926 г. Васко Караџа во 1949 г. се приклучи кон Демократската армија, а во 1949 г. замина како политички емигрант во тогашна Југославија, па потоа, по личната перипетија (одисеја) низ државите на Источна Европа, се пресели во Скопје, главен град на тогашната федеративна држава, Социјалистичка Република Македонија.
Васко Караџа беше значаен писател и уважен преведувач на дела од грчки на македонски јазик. Во исто време тој се занимаваше и со музичка интерпретација. Тој имаше длабока желба до крајот на животот да се врати во родното место. Ваквата можност беше дадена со правото за враЌање на политичките емигранти според Законот бр. 1266/1982 што се однесуваше на репатријацијата на политичките емигранти во Грција. Но за него, како и за илјадници други лица, важеше исклучокот од правото за враЌање во татковината, бидејЌи тој им припаѓаше на оние именуваните како не-Грци по род.
Грчко-македонскиот речник е дело на многугодишен труд на авторот и содржи околу 15 000 збора. Творецот го достави како духовно наследство до Виножито, малку време пред смртта, за да се напечати во Грција.
Оваа книга, како и работата што е во тек, издавањето на Македонско-грчкиот речник, се реализира со одлука на Виножито, организација на македонското национално малцинство во Грција. И ова дело е еден одговор против грчкиот режимски став за наводното непостоење на македонскиот јазик.
