Виножито- Во спомен на Васко Караџа

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
dictionary2.gif
Ова сегашно издание на Зора е прво издавање на еден грчко-македонски речник во Грција.

Македонскиот јазик (македоники) е еден од современите јазици на Балканот. Тој е мајчин јазик за Македонците во Република Македонија, како и за македонските национални малцински заедници во Грција, Бугарија и Албанија.

Авторот на ова дело, Васко Караџа (1923-2005), е роден во селото Д’мбени, Костурско, преименувано во Дендрохорион во 1926 г. Васко Караџа во 1949 г. се приклучи кон Демократската армија, а во 1949 г. замина како политички емигрант во тогашна Југославија, па потоа, по личната перипетија (одисеја) низ државите на Источна Европа, се пресели во Скопје, главен град на тогашната федеративна држава, Социјалистичка Република Македонија.

Васко Караџа беше значаен писател и уважен преведувач на дела од грчки на македонски јазик. Во исто време тој се занимаваше и со музичка интерпретација. Тој имаше длабока желба до крајот на животот да се врати во родното место. Ваквата можност беше дадена со правото за враЌање на политичките емигранти според Законот бр. 1266/1982 што се однесуваше на репатријацијата на политичките емигранти во Грција. Но за него, како и за илјадници други лица, важеше исклучокот од правото за враЌање во татковината, бидејЌи тој им припаѓаше на оние именуваните како не-Грци по род.

Грчко-македонскиот речник е дело на многугодишен труд на авторот и содржи околу 15 000 збора. Творецот го достави како духовно наследство до Виножито, малку време пред смртта, за да се напечати во Грција.

Оваа книга, како и работата што е во тек, издавањето на Македонско-грчкиот речник, се реализира со одлука на Виножито, организација на македонското национално малцинство во Грција. И ова дело е еден одговор против грчкиот режимски став за наводното непостоење на македонскиот јазик.

dictionary3.gif
javascript:history.back()
 
браво за ова ...
ова многу значи ..
 
Македонскиот јазик (македоники) е еден од современите јазици на Балканот. Тој е мајчин јазик за Македонците во Република Македонија, како и за македонските национални малцински заедници во Грција, Бугарија и Албанија.

Одлична работа само би дополнил: во Грција, Бугарија, Албанија и Србија .
 
Редно време беше за вакво нешто.

Ако чуете дека грчиштата масовно скокаат во Белото ни Море и се дават од непознати причини, ние ќе знаеме зошто е :smir:
 
Секоја чест и за Павле.Дечкото е измрдан до коска.Браво Павле:smir:.
 
Промоција на Грчко-македонски речник во Атина

Промоцијата на Грчко-македонски речник, чиј автор е Васко Караџа, како сведоштво за постоењето на Македонците во Грција, за синоќа беше закажана во Атина. Речникот содржи околу 15.000 збора и е прв речник што се појавува во Грција. Зад изданието стои „Виножито“, партијата на Македонците во Грција, а го објавува издавачката куќа „Зора“.

Авторот Васко Караџа (1923-2005), е роден во село Д’мбени, Костурско, во 1923 година, а во 1949 г. се приклучил кон Демократската армија во времето на Граѓанската војна во Грција. Откако заминал од Грција како политички емигрант и престојувал во повеќе источноевропски земји, тој живееше во Скопје каде што почина во 2005 година. Тој беше познат писател и преведувач на дела од грчки на македонски јазик. Своето дело, малку пред смртта, го доставил до „Виножито“ како духовно наследство за тоа да биде објавено во Грција. И ова дело е еден одговор против грчкиот режимски став за непостоење на македонскиот јазик - изјавија вчера во „Виножито“.

Дневник
 
jaka rabota, nema sto, uste ednas bravo.
 
опа ете ја темата :smir:

секоја чест пак :)
 
Влегле грчки националисти на промоцијава и почнале да прават проблеми...

Пцуеле, кршеле...
 
Ова сегашно издание на Зора е прво издавање на еден грчко-македонски речник во Грција.

Интересна работа е како почнаа да се менуваат работите. Очигледно дека сепак и Грција е под притисок на западот. Впрочем, не се ни тие ништо поразлични од нас. Да не им беа странските инвестиции и да немаа море како нас, ќе бевме на исто дереџе и политички и финансиски.

Влегле грчки националисти на промоцијава и почнале да прават проблеми...

Пцуеле, кршеле...



Ете, за ова зборував. И кај нас е вака. Исти се и тие и по национализам и по корупција и по ред други работи. Проклет Балкански менталитет.
 
Само напред браќа. Се надевам на се повеќе успеси и се поуспешна сорабитка и конечно сплотување на сиот Македонски народ од цел свет.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Неонацисти прекинаа промоција на грчко-македонскиот речник во Атина



Дваесетина активисти на грчката фашистичка организација „Хриси авги“ (Златна зора) синоќа насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“.

Половина час по почетокот на промоцијата, групата маскирани лица влегле во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден.

Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Виктор Фридман кој беше гостин на промоцијата. На снимките на телевизијата „Сонце“ што ги објави ТВ „Канал 5“ се гледа како еден од членовите на групата насилници и се заканува на професорка од Универзитетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници.

Откако не успеале да испровоцираат потежок инцидент и добиле информации дека кон прес-центарот се приближува полиција, членовите на „Хриси авги“ кои од неодамна се регистрирани како политичка партија, а досега беа во тесни врски со парламентарната националистичка партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, избегале, и промоцијата иако со тензија продолжила.

По доаѓањето на полицијата и по информациите дека други групи на грчки радикални структури се подготвуваат за други инциденти и напади на членовите на „Виножито“ се повлекле на периферија на Атина. Еден од лидерите на „Виножито“ Павле Васкопулос, за „Канал 5“ изјави дека ова е сигнал дека „грчките власти почнуваат да се плашат од македонштината во Грција“. Инцидентот, вели, е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност.

Синоќешниот инцидент се случува пет дена пред изборите во Грција за Европарламентот кои се одржуваат в недела. Според грчките националисти, Грчко-македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од Васко Караџа не требало да биде воопшто печатен затоа што македонскиот јазик не постоел.

Промоторите на речникот, кој е прво такво издание во Грција, пак, истакнуваат дека тој е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски став на Атина за наводното непостоење на македонскиот јазик.

A1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom