Викенд без ДДВ

Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Најверојатно ќе се сведе на 5-6 работи и тоа сите со 5%ддв. Така да нема некое фајде од меркава.
Тој што немал пари пред овој викенд, ќе нема пари и после 12 октомври. Целта е тие што имаат, да купат Македонски производи место увозни. И не е точно дека нема што да се купи зошто прехрана, текстил и мебел има сигурно. Коли и електроника знаеме дека нема, не е тоа некоја сензација. И никаде не пишува дека секој мора да потроши пари до максимумот, колку ќе потроши - толку ќе добие назад.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Никој нема да се збогати од оваа мерка како што нема да се збогати ни од повратот на ДДВ. Целта е да се зголеми продажбата на македонски производи. Барем тие три дена наместо странски прехранбени производи кои често се со поголем квалитет народот да купува слични производи од домашно производство. Ќе имаат олеснување и купувачите на поскапи производи, како мебел и градежни материјали. И кај ИТ опремата сигурен сум дека ќе има голем интерес и продавници како Нептун или Сетек ќе бидат преполни тој викенд.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
233
Поени од реакции
551
Значи се ќе биде исто само повраток на ДДВ преку апликацијата 100% за тој викенд... Ме интересира дали пак си ограничен на 1800 Денари за три месеци, ако направиш поголем промет не можеш да си го повратиш ДДВ ??
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.765
Поени од реакции
9.559

Многу нејаснотии има во оваа понуда, мерка, како да ја крстиш...Дали ќе пропаднат тие претходно скенирани сметки или овој повраток на данок нема да биде поврзан со тој...Дали ако купам производи во неколку продавници, на пример во сетек да земам компјутер, во Агротехна некоја бела техника и може ли да скенирам се на мое име?
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Земи пример од мене:
Не ме интересира скенирање сметки. Не ме интересира викенд без ДДВ.
Резултат: Немам главоболки.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
108
Поени од реакции
261
Земи пример од мене:
Не ме интересира скенирање сметки. Не ме интересира викенд без ДДВ.
Резултат: Немам главоболки.
Многу си кул брат, дај автограм.

Sent from my POCO F1 using Tapatalk
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Мислам дека објаснија дека парите од овие скенирања ќе ги исплатат неколку дена по завршуање на ДДВ викендот. Лимит кажаа само на износ, не и на број на купувања, така да сигурно ќе може да се комбинира во повеќе продавници. Само не знам во Агротехна која бела техника е од домашно производство за да има 100% поврат.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Мене една работа ме нервира/секира. Ете ќе сакаш да купиш нешто. Знаете која гужва ќе биде пред продавнициве особено за бела техника? Како што сме стока народ, ќе се испотепаат.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Мене една работа ме нервира/секира. Ете ќе сакаш да купиш нешто. Знаете која гужва ќе биде пред продавнициве особено за бела техника? Како што сме стока народ, ќе се испотепаат.
Без обезбедување така ќе биде. Затоа веројатно ќе има редари пред влезот на повеќето вакви продавници. И онака ради корона мерките не смее да се собираат многу внатре.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.096
Вака да речеме ако потрошиш 10к, државата ќе ти врати 1800 денари, значи ти трошиш со твој пари и добиваш целосен поврат на тие пари што би ги земала државата, онака државата ти даваше од своите пари (не се баш нејзини ама така е зборот) и не ти беше баш важно што ќе купеш (и таму главно се трошеа за јадење).
Луѓе дај бе научете дека на 10/100/1000 или било која сума, вклучениот ддв од 18% не е 1.8/18/180, туку 1.53/15.3/153 денари.
Инаку, гледано од микроекономска точка, речиси незабележително ќе помине ова кај малите фирми, бидејќи поголем дел од производите се увозни. Мал исклучок се маркетите(не оние големи ланци, туку исклучиво локални 2-3), кај кои секако доминираат производите за исхрана со 5%ддв. Чисто популистичка мерка според мене.

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
889
Поени од реакции
1.430
kazete koi se makedonski proizvoditeli na alista, kaj bi mozele da si kupime alista bez ddv, palta, kaputi, koznjaci..?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom