- Член од
- 22 април 2005
- Мислења
- 2.492
- Поени од реакции
- 1.120
Мислев да отворам нова тема за ова, ама поубаво само еден пост него цела нова тема. Во врска со Британската амбасада.. еве само еден прилог за тоа што говоревме погоре. Смејте се... ако сака може некој и да плаче. Јас сум за ова второво
Конзуларниот службеник на Велика Британија не ги терал битолчани да играат туку да заземат став, за да види дали се кохерентна група. Така го оправда британскиот амбасадор. И рече дека за да се добие виза за Велика Британија, "треба да имаш добра причина за патување, уредни документи и навремена пријава".
Значи ли тоа дека ако сакам да патувам за Лондон од ќеф и за свои пари, тоа "не е добра причина" за добивање виза? Ако е така, зошто британскиот конзулат не издаде список "од кои причини може да се патува" за да се добие виза.
Лондон ќе биде домаќин на Олимпијадата во 2012 година. Пред британската амбасада ќе се направат спортски терени. Од Хоум офисот ќе дојде специјална екипа да ги гледа нашите олимпијци пред да им даде виза. Ќе фрлаат ѓулиња, ќе трчаат, ќе се борат, ќе пливаат... Конзуларниот службеник ќе води сметка дали ќе ги исполнат олимписките норми. Оти ако не ги исполнат, нема да имаат "добра причина да патуваат за Лондон".
За македонските спортисти во 2012 година нема да важи олимпиското мото: "Не е важно да се победи, важно е да се учествува". Мотото на нашата репрезентација ќе биде: "Не е важно да се победи, важно е да се добие виза"
Горан Михајловски - Вест
(ако некој од модераторите или админите мисли дека може да се отовори нова тема за ова..нема проблем. Мене и овде не ми смета
)
...него за Британците беше муабетот а?!