Не сум толку зависна од кафе колку што си имам замислено дека во одреден дел од денот треба да го конзумирам. Така, во зависност од потребата за освестување пијам сигурно повеќе од 3 кафиња во некаква арбитрарна поделеност на денот на утро, претпладне и попладне. Навечер многу ретко пијам кафе.
Инаку кафето само по себе ми е социјална активност. Дури и поделеноста на денот на термини за пиење кафе може да се занемари ако единствена опција е да го пијам сама.