Вечерва овде, без тебе...

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.515
Поени од реакции
4.398
Значи вечерва без тебе седам на балкон и скршен размислувам за тоа како јас можев денеска да бидам сосема во спротивност од тоа што сум во моментот. Наместо да сум со тебе која што цел живот те сакав и сакав да бидеш моја,јас сум сам а ти си верена верена за друг.Толку рано го направи тоа и толку млада што самата помисла ме тера да шекнам.Каков шок ми приреди тоа нема да можам цел живот да го преболам во моментот кога после колку години бев решен да го напраам првиот чекор и конечно да ти ја искажм мојата љубов, сестра ти случајно ми соопшти дека си се верила пред три дена.Ми го приреди најболното нешто што постои се ми се сруши како кула од карти,Тоа ме скрши тотално.Но исто сестра ти ми кажа дека пред 2 3 години си била толку заљубена во мене што не си верувала дека ќе можеш да имаш нешто со мене додека истото и јас сум го мислел.Можеби ја плаќам цената од тоа што бев млад и глуп и кукавица и наместо да бидеме ние двајца заедно луди еден за друг сега ти си во туѓа прегратка а ја сум осамен со мојот верен лаптоп и мојата драга кајгана.Те сакам и цел живот ќе те сакам иако знам дека никогаш не беше и никогаш нема да бидеш моја.Знам дека иако си со друг дека паметот ти е кај мене и дека секогаш ќе ти биде но нас едноставно не ни беше пишано да бидеме заедно.
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
Вечерва овде без тебе, ќе спијам и ќе те сонувам колку што ти ме сонуваш мене. :D:P
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750

Што кога по некое изминато време, по љубовта со која сте делеле се и до ден денес далбоко во себе ја сакате, една вечер, мизерна вечер, врне, вие слушате некоја депримирачка музика и се сеќавате баш на него/неа.И добивте можност да им кажете се...што би било тоа, кога реченицата би почнала...
Вечерва овде, без тебе.......
...далеку еден од друг ќе си се замислуваме. Ти мислиш дека беше тоа 17ти, ама малку грешиш. Кога ќе се вратам ќе ти надокнадам ако дозволиш.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
........................ се прашувам зошто кажав се што не треба, а премолчав се што треба?
Зошто ти дозволувам да кажеш се што не треба, а да премолчиш се што треба?
Зошто конечно не те прашам, зошто не дозволам конечно да дознаам?
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Вечерва овде, без тебе, само едно ми е сигурно - знам дека ќе те сонувам пак, како и сношти, и како и вечерта пред неа, и таа пред неа....
А ме сонуваш ли и ти уште?
Или помина тоа чувство и летнаа твоите пеперутки во неповрат?

Утре или задутре ќе те видам пак. Но ќе бидам ли јас некоја вечер пак со тебе?...
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Вечерва овде без тебе,без редовен секс само со порничите што ме задоволуваат.Пробувам да сватам кој сум.Пробувам да сватам дали вреди да си романтичен до толку.И на крај ќе го добиеш одговорот што секогаш си го барал а тоа е не се променувам за ништо.Будала сум можеби,идиот сум можеби,кретен сум и тоа да.Но длабоко во мене има нешто а тоа е дека веќе незнам што треба да бидам.А се правам нешто што не сум веднаш ми доаѓаш(идиот),а се правам Дон Жуан и ти симињам ѕвезди бегаш...А знаеш ли каков вистински сум.Нит сум Дон Жуан нит сум некој идиот да прави да се приближиш до него.Вистинскиот јас е арогатно копиле,што е себичен и се грижи само за себе,не сака да иде на фитнес за да има мускули како Рамбо за да привлече и да легне некоја.Не сака воопшто да си го мести креветот но сепак ќе мора за да биде интересен и да мислат дека сум средена и личност што се грижи.И на крај толку не ми се збори и не ми се прави смешки и хумор за да бидам интересен што ми иде се што правам да го сведам на едно нешто.Да бидам природниот јас,а тоа јас никој вистински не го знае освен мајка ми,што знае дека сум чесен и добар човек и без разлика на се таа моја добрина никој не може да ја има,таа треба да се заслужи.До следниот пат дали со тебе или со некоја друга си кулирам во животот.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Што кога по некое изминато време, по љубовта со која сте делеле се и до ден денес далбоко во себе ја сакате, една вечер, мизерна вечер, врне, вие слушате некоја депримирачка музика и се сеќавате баш на него/неа.И добивте можност да им кажете се...што би било тоа, кога реченицата би почнала...
Вечерва овде, без тебе.......
Вечерва овде, без тебе се чувствувам како и јас да не сум присутна, само физички сум тука а душата ми е уште кај тебе. Се чувствувам изморено и осамено и ми фали мирисот на твојата кожа. Се прашувам дали и тебе ти е така, по некоја логика кога ќе засакаш некој му подаруваш половина срце а тој ти ја дава неговата половинка за да биде изедначено. Толку се навикнав да те имам блиску што ми фали твојата дланка врз рамото доволно за мојата дланка да трне од што не ја чувствувам. Мојот допир сеуште е кај тебе.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
17
Поени од реакции
5
Вечерва овде,без тебе собирам храброст да ти ги честитам овие 2 месеци кој никогаш не ги дочекавме.Со последната солза пролеана за тебе,ти ја пишувам и последнава порака во која ти се заблагодарувам што ме трпеше кога бев напорна,што ова лето ми го направи најубавото до сега.Жалам што завршивме вака,можевме да имаме се.Се трудевме премногу,ама изгледа не ни било судено.Зашто преку ноќ се се смени? Ја бришам последната солза...пораката е испратена,а што е со одговорот кој никогаш не го добив?
 
С

Сатори

Гостин
Те чекам да си дојдеш, треба да „накодошам“ некој. :coffee:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Вечерва овде без тебе, седам во соба, пијам кафе и зјапам во ламбава додека цигарава полека но сигурно догорува, нечепната.Го користам времето без сестра ми за да седнам и да научам нешто за испитов.Ќе продолжам да бидам упорна.Иако ми се мотаат различни мисли во врска со тебе, мене, нас, ќе се обидам да ги баталам, и да направам нешто корисно за себе.
Можам да ти кажам дека сакам сега, да бидеш тука, до мене, но ќе те излажам.
Ќе ми биде добро, само треба повеќе концентрација за други нешта, и отарасувње на овие одвратни мисли.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Вечерва овде без тебе...се обидувам да учам, ама не можам. Проклето многу се прашувам што ќе беше ако продолжевме заедно? Колку долго ќе опстаневме? Дали некогаш ќе прекиневме и ако прекиевме дали после 10 години ќе можевме да се сретнеме и да си кажеме некој збор? Навистина не знам. Изгледа е подобро да не знам.
 
С

Сатори

Гостин
Вечерва овде, без тебе си го отпакувам срцето и сите заборавени емоции затоа што ми е страв дека по нашата разорувачка љубов која што ме втурна во автодеструкција, се што било живо во мене веќе фатило пајажина.Премногу ретко чувствувам среќа, на болката се навикнав исто како што старците живеат само преку своите сеќавања, така и јас постојам во просторот без твоето присуство, ништожно, како сенка и бледа копија на она што бев пред да те запознаам, немав на што друго да се вратам.

Знаеш колку долго се обвинував себе за се?Секој ден кога станувам наутро, секоја вечер кога легнувам да спијам, додека готвам и додека се смеам со пријателите, додека пушам цигари и пијам кафе знам дека ми фалиш и дека нема апсолутно никој друг виновен, како и секогаш нели, освен јас.А игрите за деца секогаш им се позабавни на возрасните, а јас сум толку стара љубов, толку стара и истоштена и преморена од оваа улога во која што сум поставена.Не сакам да бидам негативецот повеќе, не сакам да глумам, не сакам да лажам, не сакам да ја убивам секоја можност за среќа само затоа што не е со тебе.

Зошто ми треба да бидам жива, ми треба да љубам и да бидам љубена, ми треба да дишам и живеам како сите што ги познавам, ми треба да бидам обична, најобичната девојка на светот, да бидам горда на себе и да бидам цврста за оние кои ме сакаат.Ми треба да престанам да се распаѓам, а не можам, зошто ме болиш.ТИ ме болиш!
Тоа што знам дека постоиш ме боли ... уверувањето дека ако не успеа со тебе со кој друг побогу би можело?

Морам да пораснам и да престанам да повредувам, а не можам додека се што чувствувам е болка.Вечерва сум тука и сум без тебе!
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Вечерва овде без тебе сите кучки ми се насобраа со нивните ПМС стомаци и изгледаат дека се трудни,но се желни за нешто друго.Вечерва кога сите кучки си идат на ладново и бараат некој горила со БМВ и Мерцедес мојот јазик е по-оптимизиран и работи на 3000 вртежи во минута.Вечерва кога те видов и само те гледам како пиеш и само бараш внимание од идиотите околу тебе разбрав колку само си лесна девојка.Вечерва се е глума а главниот актер се изнапи Ред Бул и вотка и се потсеќаше на средношколските денови кога сите средношколски кучки го мразеа овој буцко.Вечерва сите сте кучки но да дојдам до тој стадиум до прави дами треба да се опрчам пари давање.Вечерва кучките само пари бараат но вистинските жени се зафатени се прашувам дали некогаш кучките ќе станат вистински дами или само ќе се прават тешки за добивање,но изгледа преку глава ми е од нивните тестирања и самозадоволување на нивното его така да од вечерва баш ми е гајле за женски :P(It wasn't me)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom