Вести од Иран ( тривијална тема )

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Копија или не,се што е на било кој начин поврзано со С-300 е доволно да дигнат паника и во САД и во Израел.Имале или немале фактичката состојба е таа,ова е година 6 та како Ахмадинеџад си го тера своето,а нападот на Иран е само одлична тема со која новинските агенции си го дигаат рејтингот и заработуваат.
И да го отргнуваат вниманието од вистинските проблеми и предизвици на денешниот свет...често во соработка со некои други „агенции“...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Карла е на високо место на Al-Qaida листите на потенцијани VIP - жртви, пишува "Daily Mail".

Стравот за сигурноста на Carla Bruni доаѓа откако Osama bin Laden лично се заканал дека ќе убие Француски државјани, во знак на освета што Франција ја подржала војната во Авганистан, но и поради тоа што донела нов закон за забрана на носење на Burka. Заканата на лидерот на Al-Qaida е снимена на аудио лента и таа гласи:

„Тоа е многу едноставно. Ако вие убивате и ќе бидете убивани“.


http://www.dailymail.co.uk/news/worldnews/article-1327791/Carla-Bruni-priority-target-Al-Qaeda-Security-stepped-First-Lady.html
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Зошто не се заканат на вол стрит и поседниците на компаниите кои ја експлатираат ирачката нафта ?
:raz:
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Св. Валентин се исели од Иран

Св. Валентин се исели од Иран
20.01.2011 | Живот
Властите во Иран го забранија производството и дистрибуцијата на подароците за Св. Валентин, како и било каква друга промоција на 14. февруари како Ден на вљубените.



На овој чекор властите се одлучиле за да го спречат ширењето на западната култура на својата територија, особено затоа што според исламските закони било каква нежност меѓу луѓето кои не се во брак е строго забранета.

Празникот во последните неколку години стана многу популарен во Иран, земја во која 70% од луѓето се помлади од 30 години, пишува Reuters.

Според новите правила на игра, официјално е забрането печатењето и произведувањето на било какви продукти поврзани со Св. Валентин, вклучувајќи ги и постерите, брошурите, писменцата и кутиите со срца, полу-срца, црвени ружи, како и било какви други активности поврзани со промоцијата на овој ден. Овие инструкции стојат во официјалното соопштение од властите, кои предупредуваат дека секој кој ќе ги прекрши новите правила ќе биде казнет.

„Славењето на странски празници е ширење на западната култура, а ние сме древна цивилизација и не ја славиме љубовта и приврзаноста на овој ден“, се вели уште во соопштението по повод новата анти-Св. Валентин регулатива.

http://kajgana.com/zivot/sv-valentin-se-iseli-od-iran
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Валда не се католици, затоа забраниле да се трошат луѓе-икономи. И кај нас премногу се обрнува внимание на овој католички празник...помодарство. Следно би било ден на таткото, ден на мајката...се сами европски или американски празници.
Ние го имаме Свети Трифун
 
V

Vollstandig

Гостин
„Славењето на странски празници е ширење на западната култура, а ние сме древна цивилизација и не ја славиме љубовта и приврзаноста на овој ден“, се вели уште во соопштението по повод новата анти-Св. Валентин регулатива.
Ако беа древна цивилизација, немаше да прифатат ислам ,зашто 1400 години стара религија и онака не е древна.

КАј се изгуби една голема цивилизација викана персија, во водите на исламот и глупавоста шо денеска до тој степен оди шо се им забранува.
Толку се против западот, шо не можат да смислат дека сонцето заоѓа на запад. Да можат ќе го остаат на едно место да стои.
тоа прави религијата, го затупува разумот и центарот за рационален ум.

Пред некое време им забранија фризури да носат некакви, после то им забранија жените да можат без превез на лице да излегуват, зш била причината тоа, шо имало земјотреси во иран , господ го лутеле.

Сеа па поклони им забранија. Шо не ќе им забранат до година, самите ќе се испоубијат.



Шо има веза ако некој си го слави празникот, и роденденот да го славиш не е христијански, или муслимански па го слават луѓето.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Јас би го направила ова и кај нас. Кичерај. Си имаме убав празник ние тој ден.
 
L

Liberation

Гостин
Празникот во последните неколку години стана многу популарен во Иран, земја во која 70% од луѓето се помлади од 30 години, пишува Reuters.

„Славењето на странски празници е ширење на западната култура, а ние сме древна цивилизација и не ја славиме љубовта и приврзаноста на овој ден“.

Нормално дека не ја слават љубовта. Они имаат закон со кој љубовта се шаблонизира, а ако не се вкопувате во шаблонот, тогаш висите на јаже на некој плоштад.
Се прашувам, какви се тие 70% млади Иранци? Како дозволуваат робство?

Оооо, кутрите, Исламот ги направил програмирани роботи без свое ЈАС.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Би требало и од Македонија да им се забрани на Православните.
Никогаш не ми стана јасно зашто го слават Православните Христијани кога тоа е Католички празник...
Ние треба да пиеме!
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Наместо да прат бизнис со поклони,економија да цвета...они забрана.Ах бе Махмуд бе да т’ибам смотанио :/ :pos:
 
L

Liberation

Гостин
Би требало и од Македонија да им се забрани на Православните.
Никогаш не ми стана јасно зашто го слават Православните Христијани кога тоа е Католички празник...
Ние треба да пиеме!
Скај Дог, во Македонија никој ништо не може да забрани, ако нештото не е забрането со Кривичен Законик.

Ја дали сум православен, католик, муслиман, атеист, нерелигиозен, марсовец, тоа нема врска. Љубовта е универзална и заслужува официјален ден за славење. Кој си го сака Трифун пијаницата, нека си го слави, негово право.

Тоа што е убаво и универзално, не е кич. И никакви мерки од типот на иранските, нема да ја убијат човечноста и славењето на тоа прекрасно чуство.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Св. Валентин иако е католички празник, кај многу католици не се слави како религиски празник туку како ден на љубовта, како што се слави 8ми март ден на жената. Барем јас така мислам
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Би требало и од Македонија да им се забрани на Православните.
Никогаш не ми стана јасно зашто го слават Православните Христијани кога тоа е Католички празник...
Ние треба да пиеме!
Па го слават од помодарство. Како инаку ќе разменуваат поклони? А тоа е фактот што ме најмногу нервира.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Пости роденден.
Постои годишнина.
Кој е поголем празник на љубовта од гошницата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom