Вести: Археолошки истражувања во Република Македонија

Член од
2 август 2022
Мислења
192
Поени од реакции
119
На Висока се разоткрива дворецот на Пелагонците

Можеби сме блиску до откривањето една од точките на антиката по кои се трага, а тоа е градот Пелагонија, досега единствен неоткриен во археологијата, вели Дејан Кебакоски, раководител на проектот за истражување на Висока

Истражувањата се водат на тежок начин, бидејќи нема пат, па археолозите со екипата секој ден од логорот поставен во близината се искачуваат на врвот висок 1.472 метри

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НАПРЕДУВА НА СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА

Иако во тешки услови, поради непристапниот терен, археолошката експедиција што годинава го истражува локалитетот Висока, лоциран на врвот на Селечка Планина, добро напредува. Тие се надеваат дека ќе го добијат крунскиот доказ дека на ова место има палата, односно резиденција што му припаѓала на кралот што владеел во античкиот период.
- Можеби сме блиску до откривањето на една од точките на антиката по кои се трага, а тоа е градот Пелагонија, досега единствен неоткриен во археологијата - вели Дејан Кебакоски, раководител на проектот за истражување на Висока.

Истражувањата се водат на тежок начин, бидејќи нема пат, па археолозите со екипата секој ден од логорот поставен во близината се искачуваат на врвот висок 1.472 метри. Тие ќе траат континуирано до крајот на месецов, а по начинот на реализација се први од типот на археолошка експедиција.
- Има дворец со влезна партија. Екипата стигна до самата карпа, но дебелината на слојот на земја е околу еден метар. Девастиран е материјалот, освен последниот од 6 век. Ретки се наодите. Еден ѕид внатрешно на акрополата е раноантички, кој соодветствува со тврдината од 4 век пр.н.е. Монументалноста на градбата укажува на моќник што ја направил - истакна Кебакоски.
Начинот на градбата бил ист со оној на гробницата во подножјето. Тоа во тој период, според експертите, можел да си го дозволи само кралот на Пелагонците, потврден во податоците како Менелај. Засега нема наоди за стопроцентна потврда, но монументалноста укажува на владетел што владеел во тој период.
На локалитетот се пронајдени повеќе монети.
- Има монета на Нерон од 1 век од нашата ера. Има и од 3 век, но најсилни се предметите од 4, 5 и 6 век, што значи дека градот бил ревитализиран. Има репарации на доцниот антички период, односно докази дека градот живеел низ целата антика. Можеби претходно жителите биле спуштени долу, па се искачиле горе. Западната страна на локалитетот Старо Бонче бил долниот град, каде што живееле граѓаните, со површина од 12 хектари, што е импресивно во споредба со други антички градови - додаваат археолозите.

Се очекува со овие капитални истражувања да се потврди претпоставката дека тука се наоѓал центарот на кралството на Пелагонците.
Локалитетот Висока годинава влезе во категоријата археолошки проекти од национален интерес. Локалитетот е составен од два дела, односно од акропол, или палатен дел, и подградие. Акрополот е со површина од 2.600 квадратни метри, додека целиот археолошки локалитет се протега на 19.600 квадратни метри, или речиси два хектара.
На локалитетот Висока се планирани уште три посебни проекти за дигитализација на локалитетот и артефактите до кои ќе се стигне, а со нив се фрла нова светлина на локалитетот, но и се отвора нов правец на археологијата во Македонија.

Автор: Каролина Мицевска

ИЗВОР

Бонче
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Не не бива за ништо... или самите криеме ????
Еве се допишувам со странец кој се заинтересирал за античкото наследство кај нас... 80% линкови не работат, пдф документи неписмено напраени..
Нели 2019 се напраи ИЗЛОЖБА 100години Требениште,
НИКАДЕ нема слики од СИТЕ златни маски и Кратери
За Кратерот што е во музејот во Белград, а бил донесен во Скопје на изложбата ?, најдов само еден асален пдф документ ама од ИТАЛИЈАНЕЦ
Го опишуват кратерот што е во Софија, малку оштетен, ама СЛИКА НЕМА никаде иако и тој бил на изложбата 100години Требениште ???
Симнав документот од изложбата, само 2 ситни слики од некој стаклени витражи, НИШТО не се познава...

А пази сега, за Диво изнесениот кратер од Корешница најдов СЛИКА по Ископувањето и СЛИКА по Реставрацијата во УСА, а кратерот го прикривале ??

истото и за Бонче и Висока, нема разјаснети прикази, описи на наоди а нема слики од копјата, само парчињата од едниот штит а најдени парчиња од 3 штита...
 
Последно уредено:

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297

ако изложбата 100 години Требениште била заедничка на 3 музеи, каде се, кои слики, требенишкиот кратер и маската од музеот од Софија ???
 
Има таму слики од кратерот, медузата е дел од него (сл. 2) . Бр. 10 ако не се лажам, е едната која што е држена во Софискиот музеј, а бр. 5 е таа што е во Белград. Ако отвориш на страната на археолошкиот музеј во Србија можеш да видиш повеќе слики од предмети од Требениште, воедно и златните сандали, шлемови типични за тој период, други златни украси и покривки на телото на починатите и многу други предмети, пред се импорти од тоа време кои се откриени во гробовите.

Инаку изложбата ова лето ќе биде отворена во Белград. Ако патуваш натаму, а не си бил додека беше кај нас, топло препорачувам. Беше добро припремена и вреди да се види.
 
да, оштетената златна маска со ракавица бр.10 е во Софија, а кратеророт бр11 исто е во Софија? (мислам и тој е оштетен ама од него нема покрупна слика..
Се наметнува едно прашање, мислам дека експонатите во Софија се откопани за време на Блгарска окупација на Вардарска Бановина, така да Кралевина СХС можела комотно да си ги бара и земе од Блгарија, посебно по Капитулацијата по ВВ1, исто и ФНРЈ како правен наследник, по капитулацијата на Блгарија по ВВ2 ... а не е јасно и зошто за време на ФНРЈ и СФРЈ СР Македонија не побаралабарем повремено експонатите од Белград да бидат изложени и во музеј во Скопје или Охрид ????
 
Kajgana Shop

На врв Bottom