Верски вести III

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.358
Поени од реакции
21.778
Неверјатно: Ликот на Свети Василиј Острошки се појавил на карпите

Чудо во Црна Гора, ликот на Свети Василиј Острошки се појави на карпите над манастирот Острог рано утринава, пренесе весникот Правда.

Социјалните мрежи се преплавени со оваа вест, а зголемен е и број на посетители во манастирот Острог кои сакаат да го видат ова чудо за кое пренесуваат медиумите.

Според зборовите на очевидците, светецот на кого му е посветен манастриот Острог, се појавил на неколку секудни на карпите над храмот и ликот бил како во магла.

„Беше неверојатно Ликот на Свети Василиј се појави од никаде, личеше на чад, но јасно се виде ликот на светецот на карпите. По десет секунди исчезна, но сигурна сум дека тоа беше Свети Василиј Острошки“, изјавила една верничка, пишува Правда.



http://a1on.mk/wordpress/archives/187339
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.465
Поени од реакции
84.881
Исламист застрелан во Берлин поради напад врз полицајка
17.09.2015 | 20:41
Свет
Прочитано: 177

Припадник на германската полиција денеска во Берлин застрелаа еден маж, суден поради поврзаност со исламистички групи, откако со нож нападнал полицајка.

Како што соопшти портпаролот на берлинската полиција, органите на редот биле информирани дека маж вооужен со нож им се заканувал на минувачите во берлинскиот кварт Шпандау.

Кога двајца полицајци дошле на местото, мажот ја нападнал полицајката нанесувајќи и повреди со ножот, по што нејзиниот колега пукал во него и го застрелал.

Веднаш по инцидентот повредената полицајка е пренесена со хеликоптер во болница.

Полицијата го идентификувала напаѓачот како 41-годишен Ирачанец, кој живее во Германија од 1994 година. Тој бил поврзан со исламистички групи, поради што во 2008 година суд во Штутгард го осудил на затворска казна поради членство во терористичка организација.

По излегувањето од затвор во 2013 година, тој се преселил во Берлин. Тој морал да носи електронска ракавица за негово лоцирање, која ја извадил пред да го изврши денешниот напад.

Мотивите за нападот не се познати.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Верниците знаат зошто денеска треба да се помолат за здравје

Денеска христијаните ги празнуваат чудата на Свети Архангел Михаил.

Легендата вели дека околу 300. година еден безбожник во Лаодикија имал ќерка која била глувонема. Иако неверник, чул за изворот кој го осветил Архангел Михаил, кој наводно му се јавил на сон и му порачал дека ќерката треба да се измие.

Неверникот ја однел ќерката до чудотворниот извор и ги прашал христијаните што треба да направи. Тие му рекоа дека треба доволно искрно да се помоли „во име на отецот, синот и светиот дух“ и дека Архангел Михаил сигурно ќе му помогне.

Човекот се помоли и ја изми ќерката и веднаш почнала да зборува и да слуша. Безбожникот по чудотворниот настан се крстел заедно со ќерката и на местото на изворот и ден денеска се наоѓа црквата на свети Архангел Михаил која ја изградил.

Во христијанството денешниот ден се одбележува и како ден кога треба да се молиме за излекување, но и како добро време за простување на гревовите на оние кои се неверници.

http://sitel.com.mk/vernicite-znaat-zoshto-deneska-treba-da-se-pomolat-za-zdravje

[DOUBLEPOST=1442653959][/DOUBLEPOST]Чудо во манстирот: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак




Секоја втора сабота реката луѓе одат накај Мачва во манастирот Илиње во близина на Шабац каде што неговиот игумен Исаија со молитви ги лекува најсериозните болести и ги истерува демони од опседнатите.

- Ние се молиме, а лекарите лекуваат, а Господ излекува - вели игуменот Исаија во Илиње можат да најдат лек од шизофренија и други душевни болести, како и од ракот.

Во овој манастир низ посебни молитви болните луѓе со осветена вода им се изцртува крст на чело, тоа е дел од обредот за лекување. Во овој манастир спасот го бараат и оние кои веруваат дека жаволот ги опседнал

Погледнете како изледа еден обред во овој манстир



http://www.press24.mk/chudo-vo-manstirot-sveshtenik-so-molitvi-gi-lekuva-lugjeto-od-rak
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://dubai-portal.com.mk/?p=53592[DOUBLEPOST=1442789684][/DOUBLEPOST]http://www.ohridnews.com/vesti/88316

Рожденство на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

Во животот на христијаните, посебно значајно место зазема ликот на Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос. Македонскиот народ секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Света Богородица е заштитничка на леунките. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа овие жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На пример жените од Дримкол оделе во манастирот во Калишта за со прст да ја занишаат минијатурната сребрена лелејка што стоела пред иконата на Богородица.

Родителите на Света Богородица Јоаким и Ана биле меѓу малкуте праведни луѓе во Назарет во тоа време. Биле многу побожни и добри. Ги помагале сиромашните и болните, а ги советувале младите. Но биле многу несреќни затоа што немале деца. Во тоа време се сметало дека бездетството било последица на божја казна за сторен грев, па и за нив се сомневале дека кријат некој голем грев. Јоаким и Ана постојано го молеле Бога да им даде рожба и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат во црквата да служи.

И навистина Бог ги слушнал молитвите на Јоаким и Ана и по ангелот пратил вест дека ќе добијат женско чедо кое ќе се прослави. Така им се родила ќерка која поради тоа што била измолена со многу солзи и ставиле име Марија што значело горчлива вода или солза.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, Богородица, мајката на Исус Христос, христијанската црква го востановила празникот Мала Богородица.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Христијаните се најпрогонетата верска група во светот

Заради прогонство во 105 држави, христијаните се најпрогонетата верска група во светот. Меѓународната хуманитарна организација „Хрисчан Фридам Интернешанал“ објавува дека на секои пет минути со маченичка смрт умира по еден христијанин. Џим Џејкобсон, претседателот на организацијата посочи дека најголемо прогонство врз христијаните вршат милитантите од ИСИС на Блискиот исток.

-Тие ги користат христијанските цркви како простории за мачење каде ги присилуваат христијаните да го прифатат исламот или да ги убијат. Исто така, ги ограбуваат христијанските реликти кои се шверцуваат и се продаваат на западните колекционери и така ги финансираат своите терористички активности- вели Џејкобсон. Џихадистите присилно ги иселуваат и масовно ги убиваат христијаните и другите верски и етнички групи како Језидите, Курдите, Теркмените и Шабаците.
http://republika.mk/?p=484208
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Османлиска џамија во центарот на Москва

Емитување 21.09.2015 Ажурирање 21.09.2015
AA

На 23 септември во среда од страна на претседателот Р. Т. Ердоган свечено ќе биде отворена Централната Московска џамија
Централната Московска џамија свечено ќе биде отворена на 23 септември со учество и на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

На свеченото отворање освен претседателот Ердоган се очекува да чествуваат и рускиот претседател Владимир Путин, палестинскиот претседател Махмуд Абас и лидери од земјите на Заедницата на независните држави.

Внатрешната декорација на џамијата изградена од страна на Верската управа на муслиманите во Русија во главниот град на Москва, е изградена од страна на Управата за верски прашања на Турција и Фондацијата за верски прашања на Турција во класичен османлиски стил.

Во централната Московска џамија чија изградба траеше 7 години во ист момент можат да клањаат 10 илјади лица. Вкупниот покриен простор на џамијата изнесува приближно 19 илјади квадратни метри, куполата (сводот) е висока 46 метри, а пречникот на куполата е 22 метри.

Куполата целосно е обложена со златни листови над бакарни табли.

Должината, односно височината на двете големи минариња на џамијата изнесува 81 метар.

Во централната Московска џамија која се наоѓа во едниот од централните квартови на Москва во петоците и за време на бајрами езанот ќе се пее (чита) од минаре, а во останатите времиња на клањање внатре од џамијатаhttp://www.trt.net.tr/makedonski/култура-и-уметност/2015/09/21/османлиска-џамија-во-центарот-на-москва-335562
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
HODOČAŠĆE POČINJE 22. SEPTEMBRA
Više od milion vjernika stiglo na hadž (FOTO)
Vjernici u Velikoj džamiji u Meki, najvećoj džamiji svijeta, pripremaju se za hodočašće, koje počinje 22. septembra.
































Više od milion muslimanskih vjernika stiglo je do sada u Meku iz cijelog svijeta, kako bi izvršili duhovno putovanje hadž.

Kao jedan od najvećih godišnjih skupova na svijetu i centralni stub islamske vjere, ovo putovanje za cilj ima čišćenje duša vjernika od grijeha i dovođenje ih bliže Bogu.

Mnogi godinama čekaju za šansu da dođu u Meku, bilo da je riječ o prikupljanju potrebnog novca za put, ili o čekanju da dobiju dozvolu pošto su duge liste aplikanata iz cijelog svijeta.

Svaka država ima određeni broj ljudi kojima može odobriti hadž.

Ove sedmice vjernici u Velikoj džamiji u Meki, najvećoj džamiji na svijetu, pripremaju se za hodočašće koje počinje 22. septembra.http://www.info-ks.net/vijesti/vjera/58454/vise-od-milion-vjernika-stiglo-na-hadz-foto[DOUBLEPOST=1442862492][/DOUBLEPOST]Hadžija iz Holandije: To je nešto što osjetite u srcu
21 septembar 2015 Izmijenjeno 18:26 CEST
Ovdje nije bitno odakle ste, ovdje su svi muslimani, kaže za Al Jazeeru Ibrahim Albert Hendrstoop, koji je na islam prešao prije sedam godina.
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://dnevnik.mk/?ItemID=FC35383E4B4FEF498E4F48AF5413A986
http://tocka.com.mk/1/171222/teroristite-ubivaat-po-eden-hristijanin-na-sekoi-pet-minuti



Терористите убиваат по еден христијанин на секои пет минути


Хуманитарната организација Christian Freedom International објави дека по еден христијанин умира со маченичка смрт на секои пет минути.


Како резултат на прогонот од 105 земји во светот, христијаните станаа најпрогонувана верска група. Претседателот на организацијата Џим Џејкобсон изјавил дека најголем прогон на христијаните вршат милитантите на Исламска држава на Блискиот исток.

„Милитантите на Исламска држава ги користат христијанските цркви како простории за мачење, каде ги присилуваат христијаните да го прифатат исламот или да ги убиваат. Исто така и ги ограбуваат христијанските реликвии кои ги криумчарат и продаваат на западните колекционери и така ги финансираат своите терористички активности“, вели Џејкобсон.


Познато е дека милитантите на Исламска држава вршат присилни иселувања и масовни убивања на христијаните и другите верски и етнички групи како што се Јежидите, Курдите, Туркмените и Шабаците. Членовите на оваа терористичка организација објавија дека извршиле голем број на убиства на христијани, вклучувајќи и киднапирање и погубување на 21 коптски христијанин во Либија во јануари 2015 и 30 етипоски христијани во април истата година.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.465
Поени од реакции
84.881
Берлин: Македонски државјанин осомничен дека регрутирал борци за ИСИС

Деветнаесет годишен државјанин на Македонија е осомничен од германската полиција дека во Берлин бил вмешан во регрутирање на припадници на Исламската држава.


Германската полиција утрово спровела осум рации во Берлин против лица за кои се сомнева дека се борат за екстремистичката Исламска држава во Сирија.

Во полициското соопштение се наведува дека македонскиот државјанин не е пронајден и се претпоставува дека тој моментно се наоѓа во Сирија.

Покрај останатите, полицијата извршила проверка и на 51-годишен Мароканец, кој е осомничен дека ги регрутирал џихадистите.

Рациите започнале во 06.30 часот по локално време, пренесе агенцијата АФП.

Една од рациите е спроведена во здружение кое се наоѓа во близина на џамијата во Берлин, во централниот дистрикт Темпелхоф-Шоненберг, се наведува во соопштението на германската полиција.

Германската разузнавачка служба претпоставува дека околу 600 Германци се приклучени кон џихадистичките групи во Сирија и Ирак.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Некогашен поп Атанас од Бугарија поканет на аџилак во Мекка
Sep. 23




http://saff.ba/kralj-selman-ugostio-bivseg-pravoslavnog-popa-atanasa-mihajlova-koji-je-primio-islam/#.VgJzAtKqqko
веќе известивме го прифатил исламот пред неполни 3 години. Михајлов кој сега е муслиман објаснил дека бил во потрага по вистината и дека тоа истражување го натерало да ја прифати вистината. Тоа што овој свештеник го поттикнало на прифаќање на исламот е мноштвото на контрадикторности со кои се сретнал како христијанин и особено неможел да ја прифати боголикоста на Исус и верувањето во тројство. Атанас Михајлов потврдил и дека ги прекинал сите врски со Бугарската Православна црква и дека на 27. ноември 2012 официјално во главната Софиска џамија го прифатил исламот. Таа година му била пресвртница поради болеста која што ја имал, како и смртта на неговата мајка која многу го погодила.

Духовниот лек во тоа време го побарал и кај исламски учени. Еднаш кога бил во посета на еден од тие имами во Бугарија му се сонил еден чуден сон. Тој сонувал дека се наоѓа во некој арапски град полна со арапи, но во сонот забележал особено впечатлив и човек со особено убав изглед кој постојано го гледал. Му било кажано во сонот дека тој човек се вика Ахмед. Сонот му бил уште почуден бидејќи никогаш во својот живот не посетил ниту една арапска земја. Тогаш тој имам во чива посета бил, му објаснил дека името Ахмед е едно од имињата на миленикот Божји Мухаммед عليه السلام. Се заинтересирал за биографијата на Мухаммед عليه السلام и почнал детално да ја исчитува, како и Куранот. Читајќи го поглавјето Ес Сафф се запознал за навестувањето на Исус за доаѓањето на пратеникот Ахмед кој е спомнат и во Новиот завет. Во тој миг решил да го прифати исламот.

Со слушањето на првиот езан почуствувал огромен мир и задоволство, по што го испостил и својот прв рамазан. Како што веќе и спомнавме доживеал голем број потешкотии од бугарските медиуми, но тоа не го спречи да продолжи со својата борба и одлучноста и истрајноста да ги повика своите сограѓани на Вистинскиот пат. Некогашниот Поп Атанас, сега ги повикува сите христијани во ислам на темел на јасни докази и аргументи.



Саффhttp://www.povikkonvistinata.org/?p=5536[DOUBLEPOST=1443001403][/DOUBLEPOST]Saudijska policija spriječila distribuciju 70 hiljada lažnih kopija Kur'ana
Septembar 22nd, 2015






Saudijske vlasti su osujetile pokušaj distribuiranja oko 70.000 lažnih kopija Kur'ana tokom hadža.
Kako javlja Al Arabiya, saudijske vlasti su sve krivotvorene kopije zaplijenili nakon zaustavljanja kamiona koji ih je prevozio. Kamion je zaustavljen u blizini sela Al Jamoom kod Mekke. Nije saopćeno ko stoji iza pokušaja distribuiranja lažnih kopija Kur'anahttp://saff.ba/saudijska-policija-sprijecila-distribuciju-70-hiljada-laznih-kopija-kurana/#.VgJzhNKqqko
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ќе се наплаќа задоволството: Водачот на муслиманската заедница ќе воведе данок на секс

Лидерот на муслиманската заедница во Казахстан Мурат Телибеков дојде до многу необична идеја и предлогот веднаш испратени до властите во неговата земја. Предлогот на Темелков да воведе данок за секс, а поарди оваа неверојатна идеја, секој човек кој ќе се ожени во џамија ќе плаќа по 2 долари, додека оние кои имаат склучено граѓански бракови ќе плаќаат 50 центи поскапо.

Ако сте љубители на „неконвенцијален секс“ во спалната соба и сакате да изведувате егзибиции тоа морате додатно да го платите.

Таков секс би чинел 18 долари, за хомосексуалците 10 долари. Се поставува прашањето како државата ќе знае што правите вие во вашата спална соба, Телибеков и за тоа има решение.

- Би се формирала посебна полициска единица која би имала право да им упаѓа на луѓето по дома и да проверува што тие прават во спалните соби.

Link
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Најмалку 717 загинати во стампедо во Мека

Најмалку 717 верници загинаа и повеќе од 850 се повредени во човечко стампедо што се случи за време на аџилакот во градот Мина, пет километри од Мека за време на еден од ритуалите „каменување на ѓаволот“. Најголем број од жртвите се постари или инвалидизирани лица.

Инцидентот се случил на улица околу која се наоѓаат времени кампови каде во над 160 илјади шатори се сместени аџиите. Како причина за трагедијата се наведува дефект на воз на релација Мека-Медина. Кога возот пристигнал на перонот, вратите не се отвориле и настанала турканица во обидот на аџиите да влезат во возот. Во акцијата за помош на настраданите се вклучени повеќе од 4000 лица.

Според официјалните податоци, оваа година по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам на аџилакот во Мека пристигнале над 2 милиони аџии. Оваа несреќа следува по таа што се случи на 12 септември кога се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека, при што загинаа најмалку 100 верници и се смета за најголема по таа од 1990 година кога во стампедо во тунел во близина на Мека загинаа 1426 аџии.
http://telma.com.mk/vesti/najmalku-717-zaginati-vo-stampedo-vo-meka

 

Kajgana Shop

На врв Bottom