Верски вести III

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Ограбена црквата „Св.Петар и Павле“ во Тресонче

Текст: Макфакс
Црна Хроника | 28 февруари 2013


Непознато лице ја ограбило црквата „Св.Петар и Павле" во селото Тресонче, Ростуше, при што се украдени 29 икони и 2.000 денари.
Крадецот ја отстранил заштитната решетка на прозорецот на црквата, влегол внатре и ги украл иконите и парите.
Полицијата трага по сторителот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Ал-Тани: Геноцидот во Сирија е срам за човештвото





Емирот од Катар шеик Хамад бин Калиф ал-Тани денеска во Виена оцени дека сирискиот режим „врши геноцид“.

Ал-Тани обрајќајќи се на Петтиот Глобален форум на Алијансата на цивилизации на Обединетите нации нагласи дека „еден режим, на кого му недостига легитимност, врши геноцид“.

Тој ја осуди и „колонијалната окупација“ на палестинските територии од страна на Израел.

- Насилството во Сирија и во Израел е „срам за човештвото“, истана Ал-Тани.
http://sitel.com.mk/al-tani-genocidot-vo-sirija-e-sram-za-choveshtvoto?utm_source=daily.mk
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Бангладеш-исламистички лидер осуден на смртна казна


Делавар Хосаин Саједи на судењето

28.02.2013
Лидерот на најголемата исламистичка партија во Бангладеш е осуден на смртна казна за воени злосторства за време на војната за независност против Пакистан во 1971. Судот донесе одлука дека Делавар Хосаин Саједи е виновен за вмешаност во убиства, грабежи, силувања и присилба на Хиндусите да преминат во ислам. Илјадници демонстранти во центарот на Дака ја поздравија пресудата, која исто така предизвика и насилни протести на исламските поддржувачи низ земјата, при што загинаа 4 лица.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
http://mkd-news.com/edvaj-izbegla-od-sekta-me-siluvaa-i-teraa-da-jadam-zhivi-organi-od-zhivotni/

Бјанка Кастро, била дел од сектата „Бранители на Христос“ по хоророт кој го преживеала таму проговори за се што се случувало во сектата.
Ме принудуваа да јадам свежи органи од животни. И знаете што? Кога сте гладни јадете било што, вели Кастро. Исто така раскажала дека за време на девет месеци, колку што поминала во оваа секта се додека не побегнала, била силувана, а потоа и присилена на групен секс, пишува Дејли Мејл.
Хигиената била строго забранета. Не била дозволена ниту основната хигиена, а освен оргиите дел од ритуалот бил и да јадат живи животни. Хоророт траел со месеци а Бјанка вели дека видела многу луѓе од Чиле. Бразил, Америка кои доаѓале со куфери полни со пари.
Претседателот на организацијата „Мрежа за поддршка на жртвите“, Хектор Наваро тврди дека сектата „Бранител на Христос“ е прусутна во 80 земји.





Колку да види берик дека на секој линк има против-линк :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Колку да види берик дека на секој линк има против-линк :)
Ако ти мислиш дека твоево е против-линк, ја немам приговор.:)



И во Бангладеш, како и во Македонија, Муслиманите стапуваат во одбрана на злосторници, само затоа што жртвите се немуслимани, а злосторникот Муслиман.


Жртви на протестите во Бангладеш


Делавар Хосаин Саједи

28.02.2013
Најмалку 15 лица загинале за време на насилните протести во Бангладеш по пресудата на исламистички лидер на смртна казна за воени злосторства за време на војната за независност против Пакистан во 1971. Судот донесе одлука дека Делавар Хосаин Саједи е виновен за вмешаност во убиства, грабежи, силувања и присилба на Хиндусите да преминат во ислам.
Полицијата соопшти дека лицата загинале при судирите на партиските активисти и безбедносните сили.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Девојче осудено на 100 удари со камшик заради предбрачен секс
28.02.2013 | 17:08
Извор: Точка
Прочитано: 1247 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот



Петнаесетгодишно девојче од Малдивите кое неодамна било силувано од нејзиниот очув е осудена на 100 удари со камшик и осум месеци во домашен притвор, бидејќи имала предбрачен секс.

Обвинителството тврди дека е обвинета поради друг инцидент, а не поради силувањето, односно дека и претходно имала секс.

Минатата година полицијата извршила истрага откако било пријавено дека девојчето било силувано од својот очув, и останала бремена. Нејзиното дете било пронајдено закопано на островот Фејду во Шивијани Атол. Сепак, обвиненијата за тинејџерката не се поврзани со случајот на силување.
За време на истрагата, жртвата на силување признала дека имала секс и со друг маж. Овој човек се’ уште не е идентификуван, и не е уапсен или обвинет. Во меѓувреме, нејзиниот очув е обвинет за убиство на бебето и ќе одлежи казна од 25 години во затвор поради осудата за силување и убиство.

Заима Нашид, портпарол на Малолетничкиот суд на Малдивите, ја бранела казната од 100 удари со камшик и осум месеци куќен притвор, тврдејќи дека девојчето признало дека сторило противзаконски акт. Таа ќе ја издржи казната кога ќе наполни 18 години, освен ако самата не побара да се изврши порано.

„Таа нема да биде камшикувана за да и’ се предизвика болка, туку за да го почувствува срамот кој го причинила со тоа што направила нешто што е забрането според религиските норми“ – рекла Заима.

Сепак, групите за одбрана на правата на човекот рекле дека обвиненијата за предбрачен секс се бесмислени и не се доволни за на ова девојче да му се причини толкав срам и болка.

„Девојчето е веќе жртва и е трауматизирано, властите треба да се обидат да ја заштитат, а не да ја казнат“ – вели Минакши Гангули, директор на Јужноазиското здружение за заштита на човековите права. Тој вели дека ова е нечовечна и деградирачка пракса, и дека таков вид на казни не смеат да постојат во правилниците.

Инаку, Малдивите се популарна локација во Индискиот Океан. Иако ова е модерна туристичка дестинација, земјата е критикувана заради исламистичкиот фундаментализам и Шеријатските законите кои се’ уште се практикуваат.

http://tocka.com.mk/1/88543/devojce-osudeno-na-100-udari-so-kamsik-zaradi-predbracen-seks?utm_source=daily.mk
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 20:00 ---
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Сите украдени икони се од преродбеникот Дичо Зограф





Од познатиот Дичо Зограф се сите 32 икони што пред три ноќи беа украдени од црквата „Св. Петар и Павле“, во неговото родно мијачко село Тресонче. Kрадците влегле преку прозорецот, ги исекле железните решетки, ги зеле иконите и ги извлекле по истиот пат. Затаил новиот алармен уред, кој бил поставен во црквата лани во ноември, велат извори за „Дневник“. Сите икони се од времето на преродбата, од втората половина на 19 век.

- Украдени се пет престолни икони, насликани од 1844 до 1845 година, 23 празнични од 1948 до 1949 година, една плаштеница и три целивни икони - објаснува за „Дневник“ тимот што завчера правеше увид во состојбата.

Екипата беше составена од експерти, музејски работници и црковни лица од Дебарско-кичевската епархија.

Поради новата врата, алармните уреди и грижата на жителите во Тресонче иконите останале во оваа црква и не беа дел од евакуацијата која лани во ноември се спроведе во повеќе храмови во Дебарско-кичевската епархија. Во акцијата беа вклучени Македонската православна црква, односно владиката Тимотеј, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид и Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга. Беа дислоцирани иконите од повеќе храмови, претежно дела од 18 и 19 век, инвентаризирани и привремено депонирани на различни локации.

- Имаше одличен заштитен систем во црквата „Св. Петар и Павле“. Затоа оваа црква не беше предложена за дислокација на иконите. Проблем е што алармот воопшто не се активирал кога крадците влегле во црквата - вели претставник на тимот.

Илчо Бојчевски, инспектор за превенција во Управата за заштита на културното наследство, потврдува дека алармни уреди биле поставени во црквата.

- Скоро беше поставен, но не се активирал. Детални информации ќе има во извештајот од тимот што направи увид во состојбата - вели Бојчевски.

На прашањето дали воопшто се пронајдени икони, чии кражби се многу чести во последните години, тој одговара:

- Ништо не е вратено. Освен 28 икони украдени од Kрушево, пред неколку години. Иконите ги најдовме, крадците не. Ги начекавме при обидот да се преземат. Во Прилеп се води процес, но веќе неколкупати пропаѓаат сите обиди да се свика рочиште.

Димитар Kрстев, познат како Дичо Зограф, е еден од најпознатите зографи и фрескоживописци од 19 век на Балканот. Роден е во село Тресонче во 1819 година. Работел на целиот Балкан. Насликал повеќе од 2.000 икони во Македонија, Србија и во Грција. Неговото творештвото означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста.

Весна И. Илиевска
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
Шведска: Полицијата ќе реши дали ќе има молитва преку звучник од џамија




По долготрајна дебата која траеше повеќе од година дена, џамијата во местото Фитја, во близина на Стокхолм конечно доби дозвола да почне со молитви преку звучник поставен на минарето.

Но, последниот збор сепак ќе го даде полицијата, која сега треба да испита дали тоа ќе претставува нарушувачки момент во околината или не.
- Имајќи ја предвид целата ситуација, мислам дека во овој случај би требало да се даде дозвола, вели Јенс Сјостром, потпретседател на Општинскиот совет во Ботширка, каде што се наоѓа спомената џамија.
Ова е првпат на една џамија во Шведска да и биде дозволено да практикува молитви преку звучници, така што овој случај би можело да биде прејудицирање за цела Шведска.
Мнозинството пратеници во Советот за општествена изградба во општина Ботширка пред извесно време ја поништија одредбата зацртана во урабанистичкиот план донесен пред изгрдабата на џамијата во 1994 година, дека не би смеело да се практикуваат никакви молитви со звучници од минарето.
Според Исламското здружение во Ботширка, дозволата се однесува на куси повици од минарето, пред петочните молитви, а не пет пати дневно, што е нормално во муслимански земји.
Во шведскиот Муслимански совет не веруваат дека оваа дозвола за џамијата во Фитја би можела да предизвика поплава од молби од страна на други џамии во Шведска, јави Шведското радио.
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Живот | 6. March 2013 - 9:31
Четири неписмени жени го научиле Куранот наизуст



Четири неписмени Саудијки, на возраст меѓу 46 и 74 години наградени се оваа недела бидејќи го научиле Куранот наизуст, откако во специјализиран центар минале неѓто повеќе од шест години работејќи на тоа.
Жените минувале по неколку часа дневно слушајќи ги другите жени наставнички, кои го учеле Куранот. На тој начин запомнувале поглавје по поглавје и на крајот успеале да ја запомнат целата света книга, објавува арапскиот весник Сабг.
Директорот на центарот шеик Ибрахим ал Баракати пред новинарите изјави дека жените се од саудискиот град Лаит и дека никогаш претходно не оделе во училиште.
Куранот има повеже од 600 странички и 114 поглавја.

П.С/ Денес сме свесни како Благородниот Куран на Арапски јазик го учат и многу малолетни деца. Повелете послушајте дел од едно Куранско поглавје од еден хафиз-личност кој го знае куранот напамет:

--- надополнето: 6 март 2013 во 10:28 ---
Бизарно, но вистинито | 5. March 2013 - 8:49
Цитати од Библијата врз тоалет хартија наидоа на протести на црква



Фински производител на тоалет хартија повлече производи со наводи од Библијата кои биле испечатени на ролни тоалет хартија меѓу кои и зборови на Исус, по протести на лидери на норвешка црква.
– Луѓето сакаат да читаат мали пораки за среќа додека седат на вц-школка, изјави Кристина фон Трамп, портпарол на компанијата Метса Тишју.
– Голем дел од реакциите беа позитивни. Нашата намера беше да шириме љубов и радост, а не верски пораки, додава таа.
Но, бискупи од Протестантската црква во Норвешка сметаат дека пораките од Библијата на тоалет хартија не се забавни.
– Тоа е лош вкус и покажува недостиг на почитување. Пораките од Библијата не се соодветни за на ролни од тоалет хартија, вели Лаили Риксасен Дал, бискуп на таа црква.
На ролни со тоалет хартија на таа компанија што се продаваат во сите нордиски држави, се наоѓаат интересни пораки, поезија или филозофски пораки. Компанијата соопшти дека ќе продолжи со такви производи. но со строга проверка.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
ИВЗ ги осудува насилствата и злоупотребата на верски објекти



И​
сламската верска заедница ги осуди последните насилни протести во Скопје и изрази огорченост за насилството на маскирани хулигани против деца.

Исламската заедница е загрижена од појавата протести да организираат непознати организатори и што во нив се уништува приватен и општествен имот. ИВЗ особено се противи на злоупотребата на верските објекти како место за собирање за протести.
- Апелираме до сите политички партии да не ги злоупотребуваат верските објекти и кампањата да ја водат во мирна и демократска атмосфера, почитувајќи ги демократските правила, без навреди, водејќи сметка да не се нарушуваат, прво меѓучовечите, а потоа и меѓуверските и меѓуетничките односи, се вели во соопштените од кабинетот на поглаварот на ИВЗ Реис ул-Улема Сулејман Ефенди.
ИВЗ, исто така, бара од органите на редот обелоденување на сите случаи на насилство и вистинските сторители да бидат изведени пред правните органи.

Бриф
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Мајка пред суд поради маицата која му ја облекла на синот

Една жена беше изведена пред Суд во јужниот дел на Франција, бидејќи на својот тригодишен син му облекла маица на која пишувало „Јас сум бомба“ и „Роден на 11 септември“.

Триесет и петгодишната Бухра Багур се нашла пред Судот во Авињон под обвинение за потикнување на тероризмот, бидејќи својот син Џихад го испратила во градинка со маица на која се наоѓале овие натписи. Пресудата поврзана за овој случај се очекува на 10 април.

Багур признала пред Судот дека ваквиот негов потег е „нетактичен“, но тврди дека немала намера да провоцира. Таа истакна дека само сакала да го обележи роденденот на нејзиниот син 11 септември, а немала намера со тоа да упатува на нападите во САД што се случија на 11 септември 2001 година.

Со обвинение се соочува и братот на Бухра, Зејад Багур, кој му ја купил маицата на Џихад.

Обвинителите велат дека нема сомнежи во значењето на маицата.

На братот и сестрата Багур им се заканува казна од пет години затвор и парична казна од 45.000 евра.
http://sitel.com.mk/majka-pred-sud-poradi-maicata-koja-mu-ja-oblekla-na-sinot
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Борејќи се против исламот станал муслиман




Како што примањето на исламот на Даниел Штраих(Daniela Streich) одекна во светот кој беше двигател во Швајцарија во борба против изградбата на минарињата, така и неодамнешното прифаќање на исламот на Арноуд Ван Дорн (Arnoud van Doorn) некогашен член на странката ПВВ на чие чело е екстремистот Герт Вилдерс уште повеќе привлече внимание.
Тој што Аллах сака да го упати, Тој срцето негово кон исламот му го расположува, а тој што сака во заблуда да го остави, Тој срцето негово го стегнува и уморно го прави, како кога прави напор на небото да летне. Ете, така Аллах прави шејтанот да ги надвладее тие што не веруваат.(Куран, 6/125)
Веста за прифаќањето на Исламот која ја објави на твитер на 27.02.2013 во Холандија одекна како бомба.
На светската јавност познато и е дека тие двајца(Герт и Арноуд) на светската сцена сееле омраза кон исламот и Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, и на секој начин работеле на стигматизацијата на муслиманите и на одземање на нивните темелни права. Денеска ете Арноуд од лут противник на исламот стана негов пријател и застана во одбрана на неговите вредности. Многумина исламомрзци треба добро да ги согледаат неговите причини и да размислат за неговите докази со кои тој, на ниеден начин неприсилен, се откажува од високо и почесно место кое го имал на овој материјалистички свет, за вечна благосостојба и уживање на Оној свет.
Објаснувајќи како го прифатил исламот тој кажува дека се дружел со муслиман кој бил член на парламентот во Холандија со кого после долги расправи за верата и другите животни теми дошол до одлуката да го прифати исламот.
Тоа го сторил потполно свесно и со слободна воља.
Говорејќи за членувањето во партијата на Вилдерс и антисламското делување тој укажува дека сето тоа било животно искуство и патешествие кое има своја цел и корист. За него ова е нов почеток и го моли Аллах да го зацврсти на Вистинскиот пат. Интересно е што неговото прифаќање на исламот јавно го посведочил во џамијата „Ес Сунне“ во Ден Хаг, која некогаш преставувала мета на Вилдерс и на него самиот а од Холандските власти барале истата да се затвори и притоа имамот да се протера од Холандија.

http://islamstory.com
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Полигамијата се враќа во Либија

Кога во Либија почна востанието против Гадафи, многу жени и самите тргнаа во протести и бараа поголеми слободи, несвесни за тоа дека нивната борба, како што изгледа, ќе им го донесе спротивното.

Претседателката на Либиската женска унија изјави дека Арапската пролет бил најважниот чекор кон остварување на родовата рамноправност во особено патријархалното арапско општество. „Жените ја помогнаа револуцијата и револуцијата им помогна ним. Во владата наскоро ќе седат неколку жени. Мораме да ги задржиме овие наши остварувања и не смееме да дозволиме тие да се узурпираат“, изјави Закја Ал Таиб за РТ.

Меѓутоа, она што изгледаше како пат кон еманципација се претвори во пат што води кон дополнителна депривација на правата на жените, што може да се истакне и од ветувањата на шефот на Националниот преоден совет дека повторно ќе се врати полигамијата. „Правилото што го ограничуваше бројот на сопругите кои мажите смеат да ги имаат се противи на шеријатскиот закон и треба да се укине“, изјави Мустафа Абдел Џалил.
Овој негов предлог може да се смета за обид да се купат и смири моќните либиски паравојски кои објективно владеат со многу делови на земјата. Иако многу Либијци оваа најава на Џалил ја дочекаа со воодушевување, а Либијките останаа збунети бидејќи не се бореа за тоа во револуцијата.

Да потсетиме, во режимот на Гадафи полигамијата беше забранета, па на мажите им беше забрането да ја ограничуваат мобилноста на своите сопруги. До 2006 година повеќе од една четвртина од Либијките беа вработени.
--- надополнето: 9 март 2013 во 00:53 ---
Во Ерусалим се судрија израелската полиција и палестинските верници

Ерусалим, 8 март 2013 (МИА) - Израелската полиција денеска се судри со палестински верници кај џамијата „Ал Акса“ во стариот дел на Ерусалим, испукувајќи шок бомби за да ги растера верниците кои врз нив фрлале ракети, соопшти полицијата.

Повеќе десетици полицајци влегле во политички чувствителното подрачје, едно од најсветите исламски места, откако неколку стотици учесници на протестот фрлале камења и две запалливи бомби врз нив по пладневната молитва, пренесоа британските медиуми.

Бранот насилство на Западниот Брег во текот на изминатите неколку недели ја зголеми загриженоста во Израел дека може да дојде до нов палестински бунт.

Тензиите се зголемуваат пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Ерусалим и Рамала, кон крајот на месецот, и можното нов придвижување на запренеите мировни преговори.
--- надополнето: 9 март 2013 во 01:00 ---
Борејќи се против исламот станал муслиман





http://islamstory.com
а како го доби преводов на македонски пошто јас неможам никаде да најдам
--- надополнето: 9 март 2013 во 01:42 ---
Жените во Авганистан се третираат како животни

Објавено: 17:51, 08/03/2013

Активисти за човекови права по повод Денот на жената, предупредија дека во конзервативното авганистанско општество положбата на жените и понатаму е екстремно лоша.

Речиси 90 проценти од Авганистанките се жртви на физичко, сексуално или психолошко насилство.

Иако по падот на талибанскиот режим од 2001 година е постигнат извесен напредок во ставовите кон жените, сепак правосудскиот систем се уште е слаб, кога се работи за случаи на насилство врз жените.

Шакила (16) беше убиена минатата година, во куќата на богатиот локален лидер во релативно безбедна провинција Бамијан. Нејзиниот брат се уште се обидува убиецот да го одведе пред судот.

Бамијан е единствена авганистаска провинција која има жена гувернер, а во оваа област речиси половина од девојчињата одат на училиште што се смета за голем успех во Авганистан.

Гувернерката Хабиба Сароби истакнува дека положбата на жената е подобрена, а во тоа допринесуваат и медиумите. Но сепак постојат голем број убиства во семејствата и поради чест.

Од друга страна, Латифа Султани од авганистанската независна комисија за човекови права смета дека во одредени подрачја жените се третираат како животни и дека родителите ги тераат да останат дома и да не одат на училиште, дури и да се омажат за тој што тие ќе го изберат.

Бројни меѓународни организации за човековите права до сега укажуваа на тешката положба на жените во Авганистан.

„Human Rights Watch“ минатата година посебно ја критикуваше власта бидејќи затвара жени поради т.н злосторство против моралот, односно затоа што ги напуштаат насилните сопрузи, како и оние кои што се обвинети за вонбрачен секс, дури и кога се силувани.

http://a1on.mk/wordpress/archives/114534

--- надополнето: 9 март 2013 во 01:55 ---
Да се биде лезбејка и Арапка во Израел



http://www.okno.mk/node/25933

timthumb_6.jpg

хомофобни закони со парламентарно мнозинство, во коишто кривично се гонат ЛГБТ луѓето само поради нивната сексуална ориентација. Најпознатите хомофобни земји во моментов несомнено се Уганда и Русија, којашто веќе неколку години се обидува на ЛГБТ луѓето да им го оневозможи остварувањето на правото на видливост, како и самото постоење. Но, ова не е приказна за Уганда, ова не е уште една приказна за Русија. Ова е приказна за тоа како живеат арапските (палестинските) лезбејки во Израел.

Секој месец, лезбејките од сите верски убедувања се сретнуваат на собири во организацијата Aswat, што работи на здружување на палестинските лезбејки, а дејствува веќе една деценија во северниот израелски град Хаифа, недалеку од либанската граница. Овие средби се утеха за многу лезбејки што мислеле дека се единствени лезбејки во тој град, како што изјави Инаам од Aswat: „Мислев дека сум единсвена лезбејка и Арапка на светот. Дури и кога бев млада и кога слушнав за постоењето на лезбејките, мислев дека сепак не може да ги има во нашата заедница“.
Инаам членува во Aswat веќе седма година. Таа се наврати на својата прва средба со постоењето на оваа организација: „Кога слушнав за Aswat, бев шокирана. Тогаш во Aswat членуваа само осум жени, и мислев: ’Зарем постојат осум палестински лезбејки?!’“ Со својата кратка коса и широки панталони би ги активирала сите лезбејски радари во секој град на светот, но сепак, во Хаифа, инаку либерален град во којшто постојат геј клубови, одлучи да биде внимателна и да го заштити својот вистински идентитет. Се чини дека слободата за геј мажите и лезбејките сепак е резервирана за 90% Израелци, а не за 10% арапски ЛГБТ лица. Таа е претпазлива дури и на состаноците на организацијата, сака да знае кој присутвува, од каде доаѓа и ако случајно присуствува некој што го познава надвор од лезбејскиот контекст, признава дека се плаши. „Тоа е палестинскиот процес на излегување од плакарот“, така го опиша нејизината колешка прифаќањето на нови лица во нивната организација како и на нивните средби што се одржуваат во голема тајност и само со внимателно направена листа на гости.

Во тоа и лежи целиот проблем. Израел, што се смета за либерална земја, и покрај тоа е земја во којашто се дискриминираат Арапите поради своето потекло. Освен тоа, во арапската заедница се дискриминираат и ЛГБТ лицата, а ако на тоа се додаде и родовата дискриминација, се доаѓа до загрижувачкиот податок дека арапските лезбејки во Израел се дискриминирани на секој чекор. Од самиот почеток, лезбејките во организацијата Aswat се свесни за сите тие факти и ги негуваат своите односи со лезбејките од Западниот брег и од појасот Газа затоа што се стремат со заеднички напори и сили да го ублажат негативниот став на арапската заедница. Во јавните настапи се дефинираат како „група за палестинските геј жени“, а една од основачките на Aswat, Рауда Моркос, во интервју за канадското ЛГБТ списание Xtra! во 2004 година, истакна: „Не сакаме да се дефинираме. Не сакаме да се дефинираме ни како жени, ни како лезбејки, ни како Палестинки“.

Палестинската заедница е прилично конзервативна, но не може да се рече дека за членките на Aswat е полесно во Израел. Имено, палестинската заедница е одвоена од израелската, па тие не се чувствуваат сигурни на ничија територија. „Ако некое семејство дознае дека некоја жена во него е лезбејка...Може да ја убијат или да се одрекнат од неа“, велат од Aswat. Но, секако дека нештата се подобруваат, иако бавно. Сепак, следниот пат кога безгрижно ќе ги посетувате вашите ЛГБТ пријатели, сетете се дека постојат држави во коишто ЛГБТ лицата се борат за основите права. За правото на постоење.
--- надополнето: 9 март 2013 во 02:25 ---
Вахабистите го сквернават исламот и ги навредуваат чувствата на муслиманите

http://www.mkd.mk/34681/svet/vahabistite-go-skvernavat-islamot-i-gi-navreduvaat-cuvstvata-na-muslimanite
--- надополнето: 9 март 2013 во 02:28 ---
Албанци против исламот

Скривајќи се зад својата вероисповед, за да демонстрираат против полициската акција, Албанците, кои во најголем дел ги сочинуваа митингарите, всушност сами му залепија етикета на исламот. Протестите беа поврзани со убиството кај Смиљковци и во свеста на сите преостанати, сосема нормално, се врежа пораката дека застанувајќи зад исконструираниот револт против МВР и државата, демонстрантите всушност сами создаваа впечаток за врска меѓу тероризмот и муслиманите, иако, наводно, основната цел беше да соопштат дека вистината е токму во спротивното ..............
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5141291288&id=13&setIzdanie=22579

 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Нигериска исламистичка група тврди дека убила седум странски заложници




Радикалната исламистичка група Ансар, која е огранок на бунтовничката групација Боко Харам, соопшти денеска дека ги погубила седумтемина странски заложници, кои ги зароби на 7 февруари.


Заложниците биле вработени во градежната компанија Сетрако во Нигерија.

Групата Ансар издаде соопштение на арапски и англиски јазик на нејзиниот сајт со снимки, за кои тврди дека ги прикажуваат мртвите заложници.

Во соопштението на групата се наведува дека таа одлучила да ги убие заложниците, поради обидите на Велика Британија и Нигерија да ги спасат.
--- надополнето: 9 март 2013 во 23:50 ---
Група муслимани нападнаа христијански кварт во Лахор


Група муслимани нападнаа стотици жители на христијанскиот кварт Бадами Баг во источниот пакистански град Лахор, при што беше ограбен имотот на повеќето локални жители.


Над сто куќи беа опожарени од разлутените муслимани, кој обвинуваат еден жител на квартот дека го осквернил името на пророкот Мухамед, соопшти полицијата.

Богохулството е тешко криминално дело во Пакистан и тоа може да биде казнето со смрт.

Претставникот на полицијата Мултан Хан изјави дека силите за заштита на редот синоќа го задржале обвинетиот христијанин, со цел да ги смират муслиманите, кои се собрале пред неговиот дом. Стотици христијански семејства уште во текот на ноќта го напуштиле квартот.

Локалната полиција соопшти дека неколку лица обвинети за нарушување на јавниот ред и мир веќе се задржани и оти се во тек истрага за инцидентот.
http://sitel.com.mk/grupa-muslimani-napadnaa-hristijanski-kvart-vo-lahor
--- надополнето: 9 март 2013 во 23:55 ---
Конклавaтa, на кoja ќе се избере новиот папа, почнува во вторник, соопшти Ватикан

http://sitel.com.mk/konklavata-na-koja-kje-se-izbere-noviot-papa-pochnuva-vo-vtornik-soopshti-vatikan


Кардиналите на Римокатоличката црква во вторник попладне, на 12 март, ќе ја почнат конклавата за избор на наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти, со деклрација денеска соопшти Ватикан, цитиран од ДПА.


Вкупно 115 кардинали ќе учествуваат во сложениот ритуал, што ќе трае се додека еден кандидат не добие двотретинско мнозинство.

Гласањето следува по минатомесечното изненадувачко повлекување на Бенедикт од Светиот престол.

Нема јасно исфрлен фаворит, кој ќе го преземе кормилото на Црквата, исправена пред мноштво проблеми - од скандали со сексуални напади, до внатрешни непријателства во администрацијата на Ватикан, забележуваат медиумите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Исламистите ликвидираа седум странски државјани


Седуммината странски државјани, градежни работници на привремена работа во Нигерија, кои на седми февруари беа киднапирани, се убиени од страна на радикалната исламистичка група Ансат.

Како што пренесоа светските агенции, ликвидирани се сите седумина работници. Тие беа киднапирани пред еден месец, а во Нигерија работеле како градежници во фирмата „Сетрако“. Вчера биле објавени видео снимки на кои може да се видат убиените. На снимката радикалните исламисти зборувале на арапски јазик.
Како што пренесоа агенциите, причина за нивната егзекуција бил обидот на нигериската и на британската влада да ги спаси од заложништво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom