Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
Горат христијански домови во Пакистан
Над сто домови се запалени поради коментар против пророкот Мухамед
ИСЛАМАБАД – Гневни пакистански христијани викендов излегоа на улиците на Лахоре, протестирајќи поради зголеменото насилство против нивната заедница. Демонстрантите го осудија палењето на повеќе од 100 домови на христијани што се случи во саботата, поттикнато од тврдењата дека христијанин упатил коментар против муслиманскиот пророк Мухамед.
Некои од стотиците демонстранти во неделата фрлаа камења кон полицијата, велејќи дека властите не успеале адекватно да ги заштитат христијаните. Видеоснимката од пожарите помогна да се уапсат повеќе од 150 напаѓачи и против осомничените се поведени обвиненија за тероризам.
Насилството што се рашири низ заедницата Бадами Баг во Лахоре, во саботата, уследи по апсењето на Саван Масих, христијанин обвинет за богохулење. „Нападот е уште еден срамен инцидент против ранливата заедница и дополнителна потврда за движење кон есктремизам во општеството од една страна, и апатија и инертност што стана норма меѓу полицијата од друга“, соопшти комисијата за Пакистан на Хјуман рајтс. Групата ја обвинува полицијата за апсење христијани во инцидентот „додека оние кои дивееја и кои лесно може да се идентификуваат од телевизиските снимки поминаа без казна“.
Пакистанските закони за богохулење беа воведени за да се одржи мирот меѓу религиите. Но тие беа критикувани од борците за човекови права кои наведоа дека законот овозможува правна дискриминација во однос на религиозните малцинства. Имало околу 1.400 случаи за богохулење откако првпат е воведен законот во 1986 година, според Хјуман рајтс воч со седиште во САД. Имаше повеќе од 15 случаи кога луѓе беа осудени на смрт поради богохулење во Пакистан, а повеќе од 50 лица се убиени додека чекале судски процес по обвиненијата. Минатата година пакистанскиот суд ги отфрли обвиненијата за богохулење против тинејџер, христијанин, чиј случај поттикна меѓународен бес. (Си-Ен-Ен)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5C782ECE0BA1E643B3E8E023B0DA83D2