Вегетеријанство

S

Stef Bachatero

Гостин
Повеќе има нетолеранција на лактоза него глутен , сакав да кажам дека ако е во подем не значи дека се прави. Тоа со ензимите и со алкалноста на храната е само комплицикација на работите. Немам ништо против што даваат совети за здрава храна, но до екстреми не треба да се иде. Сепак една од најздравите живот исхрани е медитеранската, во која има животински масти. И не значи дека ако е од животното не е здраво :)
 
Курт Кобејн

Вистинскиот
Член од
25 јануари 2014
Мислења
56
Поени од реакции
73
Значи не ги читав сите страни, така да може ќе повторам нечие мислење, али јебига :D 8 сабајле е...
Од скоро сум веган (1месец бев вегетеријанец, од пред 1недела сум скроз веган), како од здравствени така и од морални причини.
Многу се изначитав за веганство, за психата на животните врз кои секој ден се вршат масакри, за здравјето, критики за веганството и сфатив дека луѓето повеќе го критикуваат она што е поздраво, отколку она што ги убива.
Гледав во еден документарец (направен од доктор нобеловец), за тоа како делува јадењето на некои си рецептори за задоволство во организмот. Истото дејство што го има дрогата, го има и јадењето, само што јадењето ни е секојдневие и никој не го гледа на тој начин. Тоа значи дека колку е тешко да се откажеш од дрога, толку е тешко да се откажеш и од мевце, а ако не си доволно силен да се откажеш, ќе ги критикуваш оние што можат со муабети, месото е здраво, млекото е добро за коските и такви амерички пропаганди од 60-тите. Долгогодишни истражувања во земјите каде што месото не е главен продукт во исхраната покажуваат дека преку јадење растенија се надополнува се она што го содржи месото, кое во себе покрај здравите работи содржи и масти и други штетни состојки. Башка протеинот што се внесува преку млекото и месото е канцероген, не многу, ама со оглед на тоа колку месо и млеко јадеме после 30години кога ќе почне да се развива канцер во човечкото тело, баш тој протеин му помага да се развие.
Така да ако не можете да сфатите како некој може така, не го осудувајте затоа што сака да живее.
А за муабетите дека боље да живееш 40години како човек итн... ако животот ти е сведен на јадење, не гледам зошто да живееш и 40.
 
O

Orion.

1.На кој начин ги повредуваш животните кога пиеш млеко и јадеш јајца?
2.Зошто во светот постојат еднаков број на вегани заболени од канцер?
 
Курт Кобејн

Вистинскиот
Член од
25 јануари 2014
Мислења
56
Поени од реакции
73
1.На кој начин ги повредуваш животните кога пиеш млеко и јадеш јајца?
2.Зошто во светот постојат еднаков број на вегани заболени од канцер?
Информацијава ја сонуваше или?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Тоа е како да кажеш се што е растително е добро нема канцер,а пестицидите и разните хемикалии што ги бутаат во растенијата не се.
Не можеш да го гледаш светот црно бело и да викаш дека месото е штетно кога новите истражувања кажуваат спротивно.
Маргаринот е штетен,за разлика од путерот кој има полезни дејства исто и свинската маст.
Тоа што е штетно од месата се сувомеснатите производи кој треба да се ограничат,а месата како риба,пилешко и секое чисто месо не предизвикуваат и не се директни причинители на кардиоваскуларни болести.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Јас сум карни - вегетарјанец . Тоа е нешто како вегетарјанец ама плус јаде месо и месни производи.
ептен досетливо, еве да го исполирам медалот и ќе го примиш
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Откако се накркав месо, ред е моето лицемерие да дојде до израз и да почнам да серињам по форумов. :icon_lol:

Acid, на некоја оваква тема ја имаше ставено првата слика. Убаво се сеќавам. Еве ти доцна реплика :)

Прегледај го приврзокот 58751
Човекот не е единствениот примат што е сештојад. Шимпанзата - нашите еволуциски братучеди ловат животни понекогаш , и јадат термините. Баш пред некој ден читав дека одредени групи на шимпанза јадат околу 1 тон годишно месо.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
2 април 2014
Мислења
22
Поени од реакции
17
Ја разлистувам темава и воопшто не ми се допаѓа тоа што се препирате и надмудрувате во коментари со доза на иронија.Претпоставувам дека целта на форумов е да се размени своето мислење (лична вистина) а не да се наложи личното како поверодостојно. Јас лично сум вегетеријанец и ќе бидам до крајот на животот. Непроповедам вегетеријанство пошо мислам дека секој сам треба да ја свати еднаквоста и поврзаноста на секое живо битие на планетава.Разликата зашто не го јадеш кучето што го чуваш дома а ни коњот , а ги јадеш пилето и телето е смешна.Исто така мислам дека нашата ментална свест што е на повисоко ниво од животните, не ти дава право нив да ги користиш како храна.Боженството што го има во тебе го има и во животните, ако не ми веруваш погледни во очите на било кое животно.(не сум религиозен и не се пронаоѓам во ниедна религија) Докажано е дека човечкото тело постојано се обновува и се градат нови клетки од материјалот кој ние му го нудиме,сакам да кажам ШТО ЈАДЕШ СТАНУВА ДЕЛ ОД ТЕБЕ. Тие што се мислат да станат вегетеријанци но се плашат за личното здравје им советувам да истражат подлабоко природата што нуди надвор од општествените верувања, и храбро да пробаат со цел да се стане најдобра верзија од себе.. секогаш ќе може да се вратат на старото.Мир
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Not so fast dude.
Overall, vegetarians were found to be in a poorer state of health compared to other dietary groups. Vegetarians reported higher levels of impairment from disorders, chronic diseases, and “suffer significantly more often from anxiety/depression.”

Subjects who consumed lower amounts of animal fat were also linked to poor health care practices, such as avoidance of vaccinations and a lack of preventive care.
http://atlanta.cbslocal.com/2014/04/01/study-vegetarians-less-healthy-lower-quality-of-life-than-meat-eaters/
From a ex vegan point.
Глупо е да се ограничуваш и да кажеш дека месото е штетно и непотребно.
За да конзумираш истите калории од месо треба да јадеш 10 пати повеќе зеленчук и овошје.
Повеќе калории не значи подобро за околината...
 
Член од
29 март 2014
Мислења
99
Поени од реакции
32
Едне време пробав да станам вегетеријанка ама многу тешко ми одеше затоа што едноставно го обожувам месото и кога престанав да го јадам по одредено време почнав да се чувствувам многу лошо и едноставно мислам дека вегетеријанството не е замене.Потоа од како повторно го внесов месото во мојата исхрана повторно ја добив енергијата која ја имав предходно и од тогаш се чувствувам одлично. Поентата ми беше дека не секој организам може да се носи со таа исхрана и начин на живот.Немам против вегетеријанците ништо и всушност на крај треба да оставиме секој да си одлучи за себе дали ќе биде или нема да биде вегетеријанец. :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Човечката анатомија и физиологија не е променета 15000 години,така да нема причина да верувам во заблудите на вегетаријанците.
 
Член од
2 април 2014
Мислења
22
Поени од реакции
17
Хаха , oк твоето мислење се прифаќа без разлика кој и да си .. Но тоа е твоја теорија , мене неможеш да ми докажуваш зашто јас некогаш бев голем месојадец и скоро секој оброк ми беше на база на месо..Сега ми е многу подобро и напротив.. Баш сега се осеќам неограничен !
Како и дае темава е почната од тазе вегетеријанец кој бара рецепти и совети од вегетеријанци , стварно несваќам што се форсира месото на место каде што неприпаѓа , од луѓе кои не се пронаоѓаат во темава. Мир
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Јас сум нов во вегетаријанството, поточно сум ОВО-ЛАКТО ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ. Ако може некој да ми каже каде би можел да купам книга со вегетаријански рецепти? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom