@Lurtz , човече читајќи ги твоите последни 3-4 мислења, толку се реални и точни и темелни што јас веќе немам овде потреба некого да реплицирам...
Жалосно што група млади луѓе, ај да не ги викам секташи, наместо да погледнат во реалноста се потпираат на линкови од интернет со сомнително потекло најверојатно креирани од одредени бизнис заедници...
И арно што ме потсети за Жан Митрев, којшто многу пати го имам гледано како се уклучува live од неговиот ресторан во болницата и готви...А, што готви великанот во кардиохирургијата? - Готви зајачко месо и го засилува со екстра мрсна сланина, зеленчук пропржува на свинска маст итн...Истиот тој нема грам сало на него, спортува и изгледа топ...Се сеќаваш кога гостуваа со д-р Угриновски во една емисија и кажуваа како јадат по пола кило сланина дури планинарат и искачуваат врвови?
Туку батали ги тие хирурзи , кажуваат анегдоти и врска немаат од модерната наука...
Btw - што е Psyside по професија?