Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Според ова што го кажуваш изгледа дека проблемот е до мкхост. До сега сум немал ваков проблем, но би ти дал насоки како да пробаш да го решиш проблемот. Провери ги пермисите (CMOD) на index.php, кај mkhost серверите да не се подесени сами да ги сетираат на некој мод кој не би функционирал, незнам пробај со 755, 744, 755 итн. Или пак таа скрипта да не бара php5 подршка од хостот а мкхост на не овозможуваат само php4 или 3, провери го тоа. Се надевам дека ова ќе ти биде некаква појдовна точка за решавање на проблемот што го имаш.
Поздрав
Можеш преку FTP клиент да го смениш chmod или Change Permission (мислам дека така ги пишува) преку cpanel-от. Кликни десен клик на фајлот и ќе најдеш.
Огромна благодарност и до двајцата. Испадна дека токму тоа е проблемот, направив некои промени и се работи како што треба. Фала уште еднаш :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Некој со позитивно искуство за .NET хостинг и најбитно отворен MS SQL сервер за пристап од надвор?
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Некоја страна со добри туторијали за Дримвивер и за Фотошоп. Фала однапред! :)
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
За оваа задача е препорачливо да се користат библиотеки како JQuery, но не е
задолжително.

1. (25%) Да се креира страна zadaca1.html која содржи две копчиња („Почеток“) и
„Крај“. Кога ќе изберете „Почеток“ кликате во различни точки на екранот се додека
не кликнете на копчето на кое пишува „Крај“. На крај како резултат на страната
треба да добиете порака во која е напишана должината на искршената линија
определена со вашите кликања како и координатите на секоја кликната точка.

2. (25%) Да се креира страна zadaca2.html во која ќе има табела со две редици и три
колони. Во првата редица во секоја од ќелиите има текст, во првата ќелија со
зелена сенка, во втората со сина сенка, а во третата со црвена сенка. Во втората
редица во секоја од ќелиите има по едно копче. Со кликање на секое копче се
менува бојата и насоката на текстот кој се наоѓа во ќелијата над соодветното копче.
Кога курсорот се наоѓа над некое копче текстот на тоа копче треба да биде „Над
копче X”, а кога курсорот не е над копчето неговиот текст треба да биде „Надвор од
копче X”, каде Х е бројот на копчето кој може да биде 1, 2 или 3 соодветно.



Некој фин да ми направи една од овие две (или двете ако е расположен или веќе ги има готови пошо ми е колега). Би си ги напраил сам, ама појма неам jQuery, на факултет на научија дека е полесна верзија на јаваскрипт и volia задачи па снаоѓајте се. Тенкз :)
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
ми треба помош некој да ми конвертира .cdr фајл од корел 6 на корел 5 верзија. ИТНО.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Нема ли опција да се снима шо ќе го отвара и постара верзија ?
не, на работа почнав едно лого, и сега дома да го довршам ама тамо работам на 6ка, а дома имам 5ка, и заборавив да ја ставам на 5ка а си ја пратив по мејл. Али средив со една колешка на фејс.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Дечки, едно прашање. Како да се изработат side елементи на веб страната, а без да се користат тагови за табели, значи само со div тагот... Неможам ништо да направам без да користам табели, а морам без нив да ги направам.. Белки ќе ме разбере некој што сакам да кажам... Фала. :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Дечки, едно прашање. Како да се изработат side елементи на веб страната, а без да се користат тагови за табели, значи само со div тагот... Неможам ништо да направам без да користам табели, а морам без нив да ги направам.. Белки ќе ме разбере некој што сакам да кажам... Фала. :)
Научи како функционираат float и clear.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Код:
<html>
<head>
<script>
function copylnk()
{
var lnk = document.getElementById(link).value
document.getElementById("lnk1").innerHTML=lnk;
var ttl2 = document.getElementById(title).value
document.getElementById("ttl1").innerHTML=ttl;
}
 
</script>
</head>
<body>
Link <input type="text" name="link" id="link"/><br>
Title <input type="text" name="title" id="title"/><br>
<button type="button" onclick="copylink()">Click Me!</button>
<h4 id="ttl"> </h4> <h4 id="lnk"> </h4>
</body>
</html>

може некој да ми каже каде грешам? Треба скриптава да ископира тоа шо е во текст полињата и да го пејстне у ttl, lnk. Арно ама, нејќит. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom