Ваш омилен фотограф?

Член од
11 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
19
Здраво на сите кои ја сакаат фотографијата. Ме интересира кои се вашите омилени фотографи? Дали посакувате некогаш да ја научите техниката која ја користат за создавање на нивните дела? Дали сте пробале да го копирате нивниот стил или пак едноставно само ве инспирираат да се бавите со фотографија. Мои омилени фотографи се Joel Grimes и Dave Hill, фотографи коишто работат со композитна фотографија и би сакал еден ден да можам да го достигнам тоа ниво коешто го имаат тие :) или барем приближно. Сеуште сум заглавен на теоретскиот дел и светлото. Погледнете ги линковите за да ви стане јасно што всушност е "композитна" фотографија и како изгледа целиот процес на создавање. Задолжително е да ги погледнете Behind the scenes секциите.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
FotoVesna во Велес :P
Озбилен сум, а и има најдобра опрема во Велес, како што кажуваат.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
19
Не знам, искрено опремата е релативна работа. Секој што има пари може да купи добра опрема. Не значи дека ако има добра опрема има и добра фотографија. Секој може да слика snapshots дури и со обичен дигитален апарат и еден блиц како што работат поголем дел од нашите фотографи. Темата е за стилот и техниката на фотографирање гледано од артистички аспект. Значи кога ќе погледнеш некоја фотографија којашто нема лого или потпис да кажеш -Ова е фотографија сликана од Горан или Петко или Јанко. Тоа е препознатливост на стил или одредена техника. Секој може да слика свадбена фотографија или портрети и што уште не ама сето тоа треба да биде уникатно изработено и убаво за око.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
19
Начо Каменов – Кубето
Мојата омилена колекција е body geometry.
Интересна колекција морам да признаам. Иако не сум фан на nude photo сепак морам да признаам дека светлото е одлично на фотографиите, секако и моделите се супер :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom