Вашиот одраз во огледало лажна или вистинска нарцисоидност?

Член од
6 ноември 2008
Мислења
11
Поени од реакции
1
Дали некогаш сте размислувале што всушност гледате во огледалото кога стоите пред него?

Дали тоа што го гледате ви се чини туѓо, како да ве гледа странец од спротивната страна? Можеби спаѓате во онаа категорија на луѓе која ужива додека се дотерува пред огледалото и и се додворува на сопствената слика? Или пак додека ги читате овие редови станувате свесни дека всушност со ужас го свртувате погледот кон огледалото?

Поимот нарцизам може да се дефинира на различни начини. Во лаичка смисла тој е скоро идентичен со насоченоста кон себе, или преокупираноста со себе. Со овој поим најприкладно се опишуваат оние личности кои скоро секоја реченица ја започнуваат со личната заменка "Јас".

Многу современи сваќања за нарцизмот можат во почетноио облик да се најдат во класичниот мит за Нарцис, по кој е наречен овој синдром. Имено, легендата вели дека Нарцис еден ден страсно се вљубил во својот лик откако го здогледал одразот на своето лице во водата на шумскиот кладенец. Меѓутоа колку повеќе се обидувал да се прегрне себеси т.е одразот на својот во водата на шумскиот кладенец, се повеќе и повеќе се разочарувал. Ја оплакувал својата судбина. Одвоен од својата љубов, за прв пат доживеал губиток и тага. Тогаш тој сватил дека мора да умре, и во тој момент се претворил во преубав цвет-нарцис.

Нарцисот всушност не е вљубен во себе, туку во сопствениот одраз. Нарцистичната личност не е опседната и воодушевена од себе туку е воодушевена од преставата за себе. Не е опседната од она што е, туку од она што би сакала да биде и каква всушност се прикажува пред другите луѓе. Не од своето битие, туку од својот одраз. На тој начин целиот нејзин живот е еден театар во кој таа е главна актерка.

Да бидете опседната со својот изглед значи да се занемарите себеси, да се оддалечите од вистинското ваше битие. Значи, постојано да талкате во потрага по недостижното совршенство што цврсто сте си го врежале во главата.

Спротивно на ова, постојат и личности кај кои се јавува "негативен нарцизам". Овие личности, што е парадоксално, не се така непоправливо задоволни со себе, туку се континуирано во состојба на незадоволство. Нарцизмот кај ваквите личности се состои во тоа што тие се исто така преокупирани со себе, но тие се заробеници во омразата спрема себе, а не во љубовта.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728

Воопшто не се согласувам со тебе...Како можеш да кажеш дека нарцисот е вљубен во својот одраз...Па нели огледалото не прикажува онакви какви што навистина сме???? Неможеш ти да застанеш пред огледало и да се замислиш каков или каква си...Едноставно твојот лик е она што се појавува пред тебе, и колку и да сакаш да побегнеш од тоа и да создадеш еден нов свет каде ќе се заљубиш во себеси, огледалото секогаш е тука да те врати во реалноста... Според мене нарцисизмот е само една преокупација со себе поради тоа што на таа одредена личност другите не и обрнуваат многу внимание...Се чуствуваш омаловажено и чувствуваш потреба некој да те почитува и сака онаков/онаква каков/каква што си...И бидејќи нема кој друг, таа љубов ја задоволуваш сам/а од себе...А негативниот нарцисизам е комплекс на помала вредност од кој страдаат многу луѓе, поради некои си причини и критериуми кои светот ги има наложено како правилни....
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Пред бодата која ја одразува неговата слика Нарцис чуствува дека неговта убавина ТРАЕ, додека не е ДОВРШЕНА, туку дека треба да се ДОВРШИ за да биде ПОСОВРШЕНА. ВОДАТА е ЖИВА и ПРИРОДНА, иста како што е и ТОЈ загледан во НЕА, за разлика од СТАКЛЕНОТО ОГЛЕДАЛО со СИЛНА или СЛАБА собна СВЕТЛИНА.
Пророштвото гласи:НАРЦИС ЌЕ ДОЖИВЕЕ ДЛАБОКА СТАРОТ ПОД УСЛОВ ДА НЕ СЕ СПОЗНАЕ СЕБЕСИ.
човекот за да ја совлада тешко подносливата, продолжена состојба на сомнежи, создава за себе престава на ГОЛЕМИНА и МОЌ.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
11
Поени од реакции
1
Напишано од gladius

Воопшто не се согласувам со тебе...Како можеш да кажеш дека нарцисот е вљубен во својот одраз...Па нели огледалото не прикажува онакви какви што навистина сме???? Неможеш ти да застанеш пред огледало и да се замислиш каков или каква си...Едноставно твојот лик е она што се појавува пред тебе, и колку и да сакаш да побегнеш од тоа и да создадеш еден нов свет каде ќе се заљубиш во себеси, огледалото секогаш е тука да те врати во реалноста... Според мене нарцисизмот е само една преокупација со себе поради тоа што на таа одредена личност другите не и обрнуваат многу внимание...Се чуствуваш омаловажено и чувствуваш потреба некој да те почитува и сака онаков/онаква каков/каква што си...И бидејќи нема кој друг, таа љубов ја задоволуваш сам/а од себе...А негативниот нарцисизам е комплекс на помала вредност од кој страдаат многу луѓе, поради некои си причини и критериуми кои светот ги има наложено како правилни....
Нарцисите се личности преокупирани со сопствениот изглед.

"Нарцисот е вљубен во сопствениот одраз" означува дека тој всушност не е вљубен во себе како личност, туку во својот изглед. Тој е преоптоварен со својот изглед.

Кога станува збор за реалноста,точно дека огледалото не прикажува такви какви што сме, меѓутоа можеби некоја личност тебе не ти е привлечна, а истата за себе смета дека е најубава. Значи реалноста е индивидуална. Таа личност за себе смета дека е најубава и тоа за нејзе претставува реалност. Ти сметаш дека истата личност воопшто не е привлечна, тоа за тебе претставува реалност.

Како што напоменав има и друг тип на нарцистични личности за кои што е карактеристично тоа што тие се континуирано во состојба на незадоволство. Нарцизмот на овие нарциси се состои во тоа што тие се исто така преокупирани со себе, но тие се заробеници на омразата спрема себе, а не во љубовта.

Точно е дека огледалото не прикажува такви какви што сме, меѓутоа можеби некоја личност која ни изгледа привлечно, за себе смета дека воопшто не е привлечна.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ако сама за себе смета дека не е привлечна, тука е тој што ја смета за прилечна да и го покаже тоа...Затоа реков дека тоа се луѓе на кои никој не им кажува дека се привлечни и слично....
 
Член од
13 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
1
Vecen narcis sum i toa i ke ostanam.. lugeto koi se negativno raspolozeni sprema sebe samite po sebe zracat so taa negativna energija koja gi odbiva drugite okolu niv ili barem mene..narcisoidnosta ja smetam za pozitivna osobina se dodeka e vo ramkite na normalnite granici..se sto e premnogu e usileno i nevkusno taka da, da-sum narcisoidna no onolku kolku sto e normalno i kolku sto smetam deka sekoj covek treba da bide zatoa mnogu e vazno ako ne i presudno da se sakame sebesi za da moze da ostavime prostor da ne sakaat i drugite..

Дали некогаш сте размислувале што всушност гледате во огледалото кога стоите пред него?

Дали тоа што го гледате ви се чини туѓо, како да ве гледа странец од спротивната страна? Можеби спаѓате во онаа категорија на луѓе која ужива додека се дотерува пред огледалото и и се додворува на сопствената слика? Или пак додека ги читате овие редови станувате свесни дека всушност со ужас го свртувате погледот кон огледалото?

Поимот нарцизам може да се дефинира на различни начини. Во лаичка смисла тој е скоро идентичен со насоченоста кон себе, или преокупираноста со себе. Со овој поим најприкладно се опишуваат оние личности кои скоро секоја реченица ја започнуваат со личната заменка "Јас".

Многу современи сваќања за нарцизмот можат во почетноио облик да се најдат во класичниот мит за Нарцис, по кој е наречен овој синдром. Имено, легендата вели дека Нарцис еден ден страсно се вљубил во својот лик откако го здогледал одразот на своето лице во водата на шумскиот кладенец. Меѓутоа колку повеќе се обидувал да се прегрне себеси т.е одразот на својот во водата на шумскиот кладенец, се повеќе и повеќе се разочарувал. Ја оплакувал својата судбина. Одвоен од својата љубов, за прв пат доживеал губиток и тага. Тогаш тој сватил дека мора да умре, и во тој момент се претворил во преубав цвет-нарцис.

Нарцисот всушност не е вљубен во себе, туку во сопствениот одраз. Нарцистичната личност не е опседната и воодушевена од себе туку е воодушевена од преставата за себе. Не е опседната од она што е, туку од она што би сакала да биде и каква всушност се прикажува пред другите луѓе. Не од своето битие, туку од својот одраз. На тој начин целиот нејзин живот е еден театар во кој таа е главна актерка.

Да бидете опседната со својот изглед значи да се занемарите себеси, да се оддалечите од вистинското ваше битие. Значи, постојано да талкате во потрага по недостижното совршенство што цврсто сте си го врежале во главата.

.
Воопшто не се согласувам со тебе..Она што нарцисот го гледа во огледалото не може да го чувствува како да е некој друг, како што велиш странец затоа што самото тоа што е нарцис кажува дека се сака себеси а не дека не е уверен во своите квалитети..Исто така како може опседнатоста со изгледот да значи дека личноста се занемарува себеси или дека е во потрага по недостижно совршенство? Мислам дека ти најпрво не сфаќаш што значи да се биде нарцис..Тоа е кога се сакаш себеси и си самоуверен во својот изглед, а не да немаш самодоверба и да се гледаш себеси во огледало и да не можеш да се изначудиш како што ти опиша, или пак да се занемариш себеси.напротив, нарцисите си се најмногу посветени на себеси и тоа не само на својот изглед туку и на однесувањето и се позитивно за себе што би можело да и го прикаже на околината. . .
 
Eliza

EliXiR
Член од
10 ноември 2008
Мислења
129
Поени од реакции
3
Дали некогаш сте размислувале што всушност гледате во огледалото кога стоите пред него?

Дали тоа што го гледате ви се чини туѓо, како да ве гледа странец од спротивната страна? Можеби спаѓате во онаа категорија на луѓе која ужива додека се дотерува пред огледалото и и се додворува на сопствената слика? Или пак додека ги читате овие редови станувате свесни дека всушност со ужас го свртувате погледот кон огледалото?
Само човек кој што се има осознаено самиот себе може вистински да се погледне во огледалото.

п.с. ми се допаѓа темава
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Мојот одраз во огледалото е вистинска слика на мојата душевна состојба во тој момент. Колку пати кога сум се погледала беспрекорно нашминкана средена , не сум се бендисала бидејки сум била тажна или лута. додека друг пат не нашминкана не средена сум зрачела со убавина затоа што во тој момент сум била среќна.по мене ако имаш храброст вистински да се погледнеш во огледало ќе ја добиеш вистинската слика за себе .
 
С

Сатори

Гостин
За среќа јас и огледалото сме во длабока љубовна врска, мислам дека егоцентризмот е нашата најголема алатка за вечна меѓусебна афекција.

Сериозно сега, си го сакам одразот во огледалото, понекогаш ми влева самодоверба која што вреска од секоја моја пора, meeeee, додека има денови кога прави да не сакам да излезам на улица, како и да е, претежно ми ги покажува последиците од емоционалната и физичката исцрпеност или исполнетост.

Огледалце огледалце, кој е најубав на светот?:pipi:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Но никогаш не си цврстно убедена во тоа дека си најубава...Поточно твојата врска со огледалото е длабока, но сигурно ти не си заљубена во својот одраз, туку едноставно ти се допаѓа она што си...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Еднаш еден пријател ми рече дека кога станал едно сабајле се погледнал во огледало и му се слошило:pos2:.Јас лично се гледам во огледало само кога ќе се бричам мијам заби и лице и не му придаван некое филозовско значење на тоа.Имам малку размислувано кога се гледам во огледало ама не од типот дали јас не сум јас што се гледам во огледало туку што барам сега јас тука.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Погледот во огледало ме прави тажен затоа што јас не сум друг па да можам да се гледам себе си од страна и да се восхитувам на убавината, стројноста и личнотијата моја. Среќни се оние кои не се јас и можат да уживаат во таа глетка.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Кога се гледаш во огледало,тогаш ја гледаш твојата вистинска нарцисоиднсот,доколки си мислиш дека си таква каква што си замислуваш,кога би погледнала длабоко во себе,тогаш можеби би се видела лажната нарцисоидност..Затоа што додека се огледуваме,се гледаме себеси,така како ние што мислиме за нас,а не тоа што навистина сме..Се додека го гледаме одразот,тогаш кога го гледаме ликот се работи за вистинската нарцисоидност,без разлика дали истата таа кога би гледале повеќе внатре во себе би била лажна..Знаеш луѓето гледаат,како што сакаат тие,а не како што навистина е...
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Кога се шминкам воопшто не размислувам за себе, но има моменти кога ми е понекогаш тешко и тогаш ќе застанам пред огледало и некако повеќе се гледам псхички да се пронајдам во сопствениот лик...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom