Вашиот одраз во огледало лажна или вистинска нарцисоидност?

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Дали некогаш сте размислувале што всушност гледате во огледалото кога стоите пред него?

Дали тоа што го гледате ви се чини туѓо, како да ве гледа странец од спротивната страна? Можеби спаѓате во онаа категорија на луѓе која ужива додека се дотерува пред огледалото и и се додворува на сопствената слика? Или пак додека ги читате овие редови станувате свесни дека всушност со ужас го свртувате погледот кон огледалото?

Поимот нарцизам може да се дефинира на различни начини. Во лаичка смисла тој е скоро идентичен со насоченоста кон себе, или преокупираноста со себе. Со овој поим најприкладно се опишуваат оние личности кои скоро секоја реченица ја започнуваат со личната заменка "Јас".

Многу современи сваќања за нарцизмот можат во почетноио облик да се најдат во класичниот мит за Нарцис, по кој е наречен овој синдром. Имено, легендата вели дека Нарцис еден ден страсно се вљубил во својот лик откако го здогледал одразот на своето лице во водата на шумскиот кладенец. Меѓутоа колку повеќе се обидувал да се прегрне себеси т.е одразот на својот во водата на шумскиот кладенец, се повеќе и повеќе се разочарувал. Ја оплакувал својата судбина. Одвоен од својата љубов, за прв пат доживеал губиток и тага. Тогаш тој сватил дека мора да умре, и во тој момент се претворил во преубав цвет-нарцис.

Нарцисот всушност не е вљубен во себе, туку во сопствениот одраз. Нарцистичната личност не е опседната и воодушевена од себе туку е воодушевена од преставата за себе. Не е опседната од она што е, туку од она што би сакала да биде и каква всушност се прикажува пред другите луѓе. Не од своето битие, туку од својот одраз. На тој начин целиот нејзин живот е еден театар во кој таа е главна актерка.

Да бидете опседната со својот изглед значи да се занемарите себеси, да се оддалечите од вистинското ваше битие. Значи, постојано да талкате во потрага по недостижното совршенство што цврсто сте си го врежале во главата.

Спротивно на ова, постојат и личности кај кои се јавува "негативен нарцизам". Овие личности, што е парадоксално, не се така непоправливо задоволни со себе, туку се континуирано во состојба на незадоволство. Нарцизмот кај ваквите личности се состои во тоа што тие се исто така преокупирани со себе, но тие се заробеници во омразата спрема себе, а не во љубовта.
Она што гогледам во огледалото сум јас и свесна сум за тоа и неможе да го гледам како да е некој странец.Како може да е странец? Ако себеси се гледам во огледалото а притоа се чувствувам како странец тогаш не само што не сум нарцис, туку и се омаловажувам себеси, таквите личности се тие кои патат од комплекс на ниска вредност. Јас сум јас и сум доволно свесна за своите квалитети и како нарцис пред огледало можам истите само да ги истакнувам а не да се чудам на самата себе или да се гледам како друга личност.Тоа е апсурдно.Се прашувам дали ти воопшто знаеш што е нарцис? Нарцисите не се мразат себеси, напротив се обожуваат,и тоа многу повеќе од другите.А тоа е основен услов за да се придобијат другите-кога некој се сака себеси тој зрачи од позитивна енергија и е магнет за другите, исто така е преполн со самодоверба која ја стекнува токму поради тоа што го гледа во огледалото, и се сака себеси токму поради задоволството што го гледа во огледалото но и воопшто во своето однесување.Нарцисот не талка во потрага по недостижното совршенство токму од причина што смета дека го постигнал/а тоа совршенство и токму тоа сознание и го прави нарцис!!!!!!!!:smir:
 

The_DaRKeR

~Мрчатор~
Член од
26 јули 2008
Мислења
110
Поени од реакции
8
Сметам дека нарцисоидноста е позитивна работа доколку е умерена. Тргнете од тоа ако јас за себе не мислам дека сум убав како другите ке мислат. А и не само тоа, познавам многу млади луѓе кои едноставно не сакаат да се гледаат во огледало затоа што сметаат дека не се доволно убави и сл. Точно е тоа дека има моменти коа се гледам во огледало ми се гади сам од себе,а има моменти и коа уживам да се гледам, но во секој случај мислам дека сум убав и цел свет нека ми каже дека не е така, битно ми е како јас се доживувам и како го прифаќам и каков впечаток ми остава мојот одраз. оф топик битно е чоколатцето унатре опаковката се фрла у ѓубре:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom