Вашиот дедо

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.661
Поени од реакции
14.532
Веќе немам дедовци од денес, си отиде и другиот...
И подобро... се мачеше 2-3 месеци. Некако и станав свесен дека ќе го снема, беше прашање на време.

Нека почива во мир, тоа и заслужува.

Ќе се видиме некогаш

Те сакам
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Веќе немам дедовци од денес, си отиде и другиот...
И подобро... се мачеше 2-3 месеци. Некако и станав свесен дека ќе го снема, беше прашање на време.

Нека почива во мир, тоа и заслужува.

Ќе се видиме некогаш

Те сакам
Bog da go prosti..lesna mu zemja,neka odi po red,a ti i tvojte doma ke se sekavate na nego...:(
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Веќе немам дедовци од денес, си отиде и другиот...
И подобро... се мачеше 2-3 месеци. Некако и станав свесен дека ќе го снема, беше прашање на време.

Нека почива во мир, тоа и заслужува.

Ќе се видиме некогаш

Те сакам
Нека почива во мир друже.
На колку години умре?
Ја имам баба еве 77 години е уште се држе, господ да и даде здравје уште малку барем...
 

Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
Едниот дедо е жив, господ да му даде здравје, со едната страна од телото е фатен но сеуште се движи со бастум пу пу да не го урочам. Душа од човек, живее во близина на моето школо па секогаш кога сум слободен одам да го видам затоа што гледам кога ќе ги види внуците е премногу среќен а со тоа и јас сум среќен. :) Другиот дедо почина пред 9 години. :( Си гледаше само за фамилијата друго ништо не го интересираше, работеше како директор во ОХИС, кога ќе го виделе работниците сите викале: бегајте директорот иде! :D Кога бев мал ќе направев некоја беља па доаѓаа комшии на врата да се жалат од мене а ја и да бев и да не бев крив дедоми ме бранеше. Заедно гледавме Премиер лига, јас јадев млеко со кекси а он попара затоа што беше стар и болен. Уживаше да гледа бокс. Беше поштен човек, еднаш ќе се степаше со еден комшија затоа што го крадел во шах, едвај ги раздвоиле. :pos: Имаше 2 браќа и 5 сестри, еднаш кога му беа на гости браќата беа да купат скара, едно 5 кила купија како што се сеќавам, но во скарата не им ставиле кромид. Кога му се вратија на тој го тераа пола вреќичка да чисти и да сецка. :pos: Едниот беше кумановец а другиот галичанец (починатиот), пеколна комбинација сум јас. :) Тоа ми оставило најмногу впечаток од галичанецот.
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
34
Поени од реакции
62
Едниот дедо(од мајка ми татко) воо пшто не сум го видла бидејќи прерано починал а другиот дедо(од татко ми татко) живее со нас и го сакам нјамногу на свет.Тој ме носеше во забавиште.Со него сум го поминала детството.Премногу е вреден,паметен,разбирлив едноставно голем човек.До неговите 75 години возеше точак одеше на пазар но поради пореметување на средното уво поретко излегува надвор од дворот.Сега има 80 години и е цврст човек но со голем срце.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Хммм....

Едниот не го имам видено, починал уште пред да се родам....

Другиот....не сум го видел веќе неколку години....немам лошо мислење, уствари не знам...
Последен пат кога ми дојде дома, дојде со некаква прича околу наследување на имот, кој рака на срце нема некоја којзнае каква вредност(т.е може има, ама не ми е многу гајле). Не очекувам никакво наследство, баш ме заболе....и сега сум во состојба да се откажам од се' од таа страна. Единствено што ми текнува е дека ме излажа за некоја си изјава на мајка ми (која е одамна почината) дека нешто таа отстапила, а ако нешто ми убаво ми текнува е нивниот договор пред да почине кутрата. И без тоа се имаше откажано од све и свашта....
Знам дека не е убаво да не се простува, ама не можам да си дозволам така, остана така работата....не се скаравме, ама од тогаш не сме се виделе - има добри 4-5 години. Сме имале некој формален телефонски разговор и тоа е тоа....
Имам и впечаток дека и не му е баш гајле....од време на време контактира со брат ми, кој во најтешко време на осамостојување, опремување стан исл. од истиот не доби ни една вазна најбезвезна, а има услови да му го опреми истиот. Оваа страна не ја коментирам многу, пошо не сум материјалист т.е. сум, ама сакам сам да си заработам...
....и да фатам да се објаснувам, знам дека нема да се објаснам - катастрофа блиска фамилија така кога ќе ти напраи...ситни души....
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Беше цар, со куп занаети и мајстор за шах.

Штета после баба ми и он почина.

Не сум достоен да пишувам за него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom