ај да се изјаснам и јас
првин да напоменам дека уживам во јадењето , сходно на тоа сакм и да има ``здрава `` атмосфера за јадење..според мене тоа би било на некој конак при посвежичко време и дискретна староградска музика во позадина, и инвентар староградски со вклучува дрвен и глинен прибор, пепито чаршав класика .
мезе- преферирам похован кашкавал или печурки со по нешто зелечук
ручек- гравче тавче , лути пиперки, свински ребра подржани со домашен чаден колбас со праз
десерт-баклава или кадаиф плус кафе и капак цигара
пијалок со мезе 2-3 чаши ``атика`` ракија
пијалок со ручек кригла Лашко