Најомилено јадење кога ќе ме прашале секогаш сум викала пица,сега излитено ми е тоа некако и не ја јадам толку!Сега имам повеќе омилени јадења што ги јадам на различни места :kez:
Најомилено јадење у периодов ми е печени компири со микс од грашок,пченка и морков
најубав вкус,најубаво се` и уз тоа салата било каква...и на крај секако супа!
Омилено јадење на сите времиња ми е пинџур,значи кога го јадам се заборавам (мајка ми го прави најубаво без семки)
Омилено јадење кога одам кај баба ми и дедо ми на ручек ми е скара со помфрит и салата!
Мајка ми кога прави манџурии, најомилено ми е грашак,боранија и спанаќ!:baeh:И да се пополни местото на крајот од сите овие јадења....(кога собира уште)палачинка со џем од сливи,бонжита (што ја прави мајка ми) или нешто чоколадирано.
И така се кога ќе собереш и одземеш голем гурман сум и сакам да пробувам нови вкусови!