Ауф серверов...
Ја знам ја видоф темата меѓу Ацид и принц играњето и се ставивме со Принц на aim мапите.
Сакаше да ме банира и мене како Кенгур ама пошо бев модератор на кајгана се извадив
После не знам шо како играв ептен у вечерни часови и по сабајлечки...Луѓето мислеа дека сум админ на серверот дека овде модератор.
И цело време на мсн ме аднуваа и ме замараа за серверот...
И на Тони му скурчи и ме стаи и мене админ...дугаачко време дур не бев тргнат ради неактивност (со право)
После дојде првиот турнир каде освоивме прво место (Јас,Ацид,Ѕоне и Бамаргера) иако тимот на Тон беше фаворит...
Ќе останам во записите како првиот играч што дал нож на Кајгана турнирите (на бушав на de_inferno)
На крајот знам се јадевме со круша у убиства ама последните две рунди направив 7( од можни 8) убиства и си ја земав титулата МВП на турнир.
Понатака знам серверот се повеќе се ширеше,па дојде време коа пробавме пасови да ставаме...
Ми текнува и колку сме се јаделе со Шорти и Скорпио на тоа awp_dust по сабајлечки 2в1 или 2в2
Па ги лажев луѓето (ВМД мислам) дека КПБ е уствари клан и го нервирав Кенгур
После дојде и вториот КГН турнир (малце неуспешен со многу откажувања)
Па sXe клиент, па тргај го заради брат му на алак со Виста...
И како може да ја заборавам мапата каде редовно игравме тенис со гранатите
Морам да му дадам специјален поздрав на Хорормен кој на Arabic доби нож и ме слејуваше
Е тоа беа времињата отприлика....
После се преселив во Чаир,немав нет се досеа и сервериве цело време се фул иначе би влегол малце да се распуцаме