Ваша поезија!

А

Антоние

Гостин
Петро, моја Петро, каде ли отиде?
Нит светло, нит звук, нит траги во снег се виде
да ме доведеш дотебе, ох каде ли отиде?
Ти ја гледам нит косата, нит здивот, нит фустанот
Го гледам нит отсјајот од твојата светла кожа
низ улиците покриени низ пејсажите урбани
Нити пак гледам патека некаква за излез!

Петро, моја Петро, зошто си отиде?
Бегањето неможе краткорочен мир да биде
од живеењето вечно заедно пред мојот камин,
слика која ќе остане засекогаш незбрчкана,
нит старост, нит сомнеж, а секогаш кроз време,
кон милите очи гледам како што тие гледаат кон мене!

Петро, моја Петро, легни си до мене
ќе легнеме на плажата и ќе ја чекаме плимата
да ни ги исчисти телата, спокојни и чисти,
исчистени од гревови, ох моја Петро,
засекогаш си чиста, и отсега овие мои раце
ја бранат твојата убавина од проклетите бои на времето!

Петро, моја Петро, бакни ме уште еднаш
вкусот на моето вино, овој тоник ти го позајмам'
да те замрзне во младоста, очите да ти ги отвори
за да ти каже зошто никогаш, не смее да згасне
воздухот на твојата милост, сјајот од твоето лице,
заспиј сега бесконечно на рачно сплетено перниче.

Заспиј во мојата градина, испод дрвото мое,
И јас ќе спијам тука вечер, шепотејќи кон лицето твое:
"Сега си совршена, сега и за навек,
совршена ќе те чувам, нека е тоа мојот завет,
Ќе ти отсликам портрет, вечна дваесетка,
Никогаш ќе остариш, ох Петро моја."
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Оваа ромска елегија сосем случајно ја најдов во лавиринтските фолдери.


Делиријанти ки депресанти

Дик о Демир о делиријанти
џамбас брко -- апла фолиранти
шансо лепо друштво уникатно
само странцо ки највероватно.

Дисоцијанти опоручинела
осавстоикусур грама шмркавела
плус за сваки случај депресанти
со мангеа скупо ресторанти!

Делириум пружинела странцо
депресивно чординела ланцо
ексик Демир ки делиријанти
сиктер Шутка затвор азиланти.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Синхронос

За грам чоколада на лицето
за љубовта кон Косили шампонот
за малите конфети меланхолија
што те фаќаат
на првиот шанк
после тешка пловидба,
раскин,
нечие заминување,
тагување.

Тргнуваш, кон реката луѓе
секој со свои побуди
ранлив свет од порази
и победи.
Чувствителна улица офарбана
со светлечки реклами
и лажни сонови
Пловите, заедно
во времето што минува
создава приказна.

Што јас, којзнае зошто
милувам да ја раскажувам
Оти во сите Нас
си постојам.
Во мигот на преминување
од овде до таму
од некогаш до засекогаш
Во капачето сон истурам
малку од шампонот
и заиграв.
Меурчиња радост.
Се најдовме, сите.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Дедо

Сега си некаде горе
на небесно море
пееш.
Можеби, јадеш алва
со поглед некаде вперен
во далечината
Знам, кога е топло
можам да те гледам
во дамките на Месечината.

95 лета
храброст
"дај еден рачун да ти кажам"
"кој е најголем ѕвер на светот?"
Приказни за кума Лиса
во себе си ги тажам.
Дедо, од тебе
можам да зачувам дел
како цвет во книга
да ме потсетува
дека сме долговечни
само кога во нас
живее младоста.

За дедо
1917 - 2012
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Во самотија...
плачот одекнува...
насобрани солзи пролеаа...
градина полејаа...

Тугинец во ноќта...
краде погледи вперени,
чудно загледани со сомнеж
облеани...
Одејќи по каливите улици...
во градот на потиснати стравови...
од прозорците на некогаш златните одаи...
продираат мрачните очи на сенки безвредни...
Но тој...
пораснат во весели прегратки и разиграни селанки...
се потсети на танцот врежан во срцето негово...

Оставајќи тишината да завладее...
весело се насмеа...
Ја пробуди смрта која во градот царува...
ја повика на двобој...
на искосената пољанка...
Таму каде што стапна...
низ просторот во вид на капка...
и даде живот на земјата...
Го засади семето со својата рака...

Со шепто заусти тивка мелодија...
а смрта се поклони и послуша...
за повторно раѓање ти си ми потребна...
за семето да умре од својата заштита...
да се прелее во земја богата...
незнаејќи светлина ќе побара...

И селаните со Тугинецот оро заиграа...

Во самотија...
тој насмеан остана...
и во радост неговото срце престана...
а Мелодијата негова во празнини исчезна...
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Тоа ти е фаличен сум јас, остај ме ти мене да си се лажам себе си...
Ми нема спас... ѓаолот ме вика со целиот глас... затоа и ги сакам росл ројсовите и авионите...
Си ја продадов душата ко робовите...
Посебно ги сакам јахтите... танцуваат девојки разголени... во океанските води пространи...
екстази и сочни мириси... ме опиваат тие девојќи...
Може ми нема спас, но битен е овој час...
Момент во момент ко последен... животот малку поразличен...
распеан и екстатичен...
Прекрасно е да се биде бунтовен... ко лав грациозен и самостоен...
И да бидеш безгрижен... ко дете невино, небесно сино и црвено...
Изгрејсонце хоризонтално...
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Конфузија...

Без причинско создадени зборови...
навестуваат празни одговори...
Низ црно-бели ходници, небитни разговори ...
прашини не исчистени, зарѓани кваки железни...
оковани раце нежни, озлогласени...

Движења брзи, очи в немир, загрижени...
Погледот тешко се фокусира...
хаотични мисли...
мозокот тешко се организира, неврони дестабилизира...

Ретроперспеткива на мината меморија, детализира...
Отфрлајќи бит по бит...
системски ребут на цел организам...
електричен дисбаланс...
Реобнова на цел функционализам...

И повторно...
ехо во ходници...
од шупливи зборови и мисли избледени...
Од стари навиќи, тежини насобрани...
пелќите свиткани... на желби навлечени...
Саги неизживеани...
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
The hills of above

I feel bored, dragging oneself into dead for sure...
in this beg of bones and flesh...
I find myself in imprisonment...
Everything is old and scraped...
No joy in laughing, nor in crying...
Walking or running, dancing as well...
eating and sleeping, falseness in talking...
nothing is new under this sky...
Of broken promises and ugly lies...

But wait... this is just a dark mask that i happend to wear...
Tossing it away, a new one shines thru...
as bright as a day...

Seeing the newness in every single thing...
falling in the vision, for the eyes are thirsty...
Young are the rivers, young are the birds...
fresh are the colors of the growing trees...
youthness in the bees...

But wait... regardless of differences...
darkish or bright, fear or delight...
one thing, all things, a mask is a mask...

So i stand, unattached and alone...
Watching it all, from the hills of above...
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Дури сега случајно видов дека во спотот на песната има луѓе со маски, без да знам го ставив линкот од песната, а не го ни гледав спотот... :icon_lol: Така да ако ви се допадна поезијата видете го и спотот... интересна "коинциденција"...:)
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Незнајни јунаци...

Чекорам бавно и уморно...
по магливиот стрмен пат...
од радосна вест заборавен...
непознат на окото орлово...
будно следејки го...
татнежот на секоја следна стапка...
повлечена од силата...
на една мала тажна капка...

Крвав е патот по кој одам...
пролеан од незнајни јунаци...
на бесцелни борби изгубени...
души во заборав однесени...

Ми се кинат градиве исполнети...
со горчини од празните чувства и мисли неискажани...
одишки во мачните моменти...
Очајнички обиди на потсмев осудени...
од кловнови неспокојни, во успеси маскирани...

Те ранува прострелно...
копје на пријател од душата прифатен...
Омраза и надеж на срце тетовирани...
Горд на своите постапки, своето бедно срце логично го користи...
Омразата рани отвара, а надежта отров дотура...
со илузорна помисла дека лекува...

Чекорејќи по овие патеки...
некогаш од радосни деца одени...
во игри растрчани...
Се гледам само себе си...
во одблесокот на скршените фантазии...

Се потсетив на тие игри безгрижни...
кога бевме вистински пријатели...
но сега сме само...
јунаци Незнајни...
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Неколку мои стихови, препеви и текстови за песни, како најава за збирката под наслов „Constant in" што ќе биде издадена на крајот на септември, како и ЦД-то наречено „Посакај".

1. Јас отидов
2. Како ноќен дожд
3. Кој сум? Што сум? (препев)
4. Куфер, небо...
5. Не ја криј душата (препев)
6. Ладна и лизгава
7. Посакај
8. Дали доволно е?
9. Truth
10. Solitude
11. To un-erase my soul
12. Вистина
13. Шумски афери (Дива коалиција)

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Пресрет


Сакам
од иднава меланхолија
што ќе надоаѓа
во бранови
заедно со кренатите кранови
промени
и со студот задржан за здивовите
благо насмевнати по излозите
Потпорите за гугутките
да го отспијат својот есенски сон
Ти и Јас
да заѕвониме ко песна
со ракавици и мразулци
од мрсули во носињата.
Да те видам во огледалото на есента
младоженец
со бело палто
ко на оние слики од Југославија
(кај што сите младоженци се во бело)
И да пееме со уши
да слушаме со усни.
Облици зборови
облаци дождови.


Сакам, да ја задржам
љубовта во песнава
блесокот на летото
песокот на истото
сеќавањето
дека ништо веќе не е исто
Ама е подобро.
Од било кога.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Помеѓу два дожда

Како кутре накиснато
стоиш пред вратата
со облак наместо стреа.
Гледаш надолу
чиниш чергата ја оценуваш
од кога не е истресена.
Светот онеме
или јас оглувев,
или Господ го исклучил тонот
оти сме здодевни.
Сега демек треба да се сетам
дека нешто требаше да дадам,
но времето ми изеде се`
а ова срце износено
веќе никому за ништо нема да му послужи.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Остани

Животот поминува
и вознемирува трепети.
И си спомнуваш:
(Од оние сум што
би цртале на песок
срциња, такви некои
клишеа кога ти е ладно.)
Трчање по дожд
шишање коса во ПМС
заборавен спомен во џеб од фармерка.
Глад и шворц.
Љубење без мерка.

Се заробувам дома
во влечки
пижами
гледам серии
и плачам на драми.
и ќе си помислам.

Немој. Остани.
Тука, да ми го чуваш срцето
како во саксија со цвеќе
не треба вода
ами милни зборови
галење и сонување
за да не бидам веќе
Сама.
Со себе.
И нашето ќебе.

Странци на поминување
автобуси на заминување
капки дожд
а речиси солзи
летови полни страв
торби со ајвар и грав.

Животот минува.
Ама Љубовта не.
Остани.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Самоубиства и умирања




станот ми е депресивен
како да влегувам во мрачна гробница
колку убаво кажано
не се сеќавам каде слушнав
си ја местиш насмевката со антидепресив
не знам зошто пишувам
кога луѓето се идолопоклоници
и не можат да допрат до суштината
на крајот од краиштата
и нејќам да ме читаат
оние кои не ги поднесувам како луѓе
злурадоста нивна ми оди на нерви
стојам пред твојот гроб
таму ти не си сигурно
ама таму го спуштија телото твое
во длабоката дупка
од страна гледам ископани гробови
кои чекаат на смртниците
ми помина ваква мисла
и јас ќе бидам закопан
телото кое го љубеше
телото кое ти пружаше задоволства и радости
долу ќе се распаѓа во земјата
мрачно ама што да гледам освен она што може да се види
и што да мислам освен она што е мисливо
реалноста брутална продира
секој ден умираат оптимисти
мрачен темен депресивен ми е станот
јас поим немам зошто всушност живеам
и згледа оти немам храброст како соседниот гроб
1993-2012 е тој имал храброст...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom