Ваша поезија!

S

smart ass

Гостин
Навистина значи тоа е!!
Вашиот генетски профил само го успорува човековиот развој..вие наместо кон свест,го водите во замаглените резултати од вашиот ген и притоа претставено како уживање односно склоност кон задоволства-не кон свест,разум!!!!

Верувајте ми ќе дојде ден кога генетски профил на уметник или на што и да е непродуктивно и гејовито и метросексуално,педераштија ќе биде редок.

Знаете фантазијата е поважна од знаењето во некои клучни моменти,односно фантазијата почнува причинско последичен однос односно таа води кон инспирација а инспирацијата секогаш остава резултат во реалниот свет и најчесто позитивни,креативни кои го олеснуваат човечкиот живот...
А вашата фантазија......хмм инспирација и негативен ефект кажав водејќи го читателот кон задоволства..емоции ако и негативни тоа!!!!

Јасно е ќе се направи со помош на генетски модификации човек свесен,совесен,способен да контролира дури и темперамент(и тоа генетски)

.....оттогаш започнува нова историја нема,канцер или генетски наследно болести,нема потреба од дефектолози бидејќи дефекти нема.

НИЕ ја имаме привилегијата дадена од природата ТОА Е СВЕТИОТ ГРАЛ(малце поетично)
Значи ние ја имаме привилегијата да ја насочиме еволуцијата во извесна мера.


аналајз дет:toe:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Дечко, си утнал тема.

Еве една Неделна

Кога си играме
со моментите...

Болат стапалата потоа.
А јас само сакав да си кажам
Дека си го продадов животот
и поим немам каде ми е фискалната...


Мислам дека ја фрлив
А може и ја изедов!

Вкусно е да се има сопствената цена.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Пронаоѓање....


Маж, со намќорест поглед,
се загуби во непозната димензија,
со валкани дождливи чевли,
и веќе скинатиот ѓон низ кој дуваше промаја.
Разочарен од женската популација,
од секоја весела курва на која наседнал,
имаше гладна потреба од нежност.
Бесен ко рането куче,
бараше да биде одмазден
за сите оние кои му го дробеле животот
ко леб во супа.
А каде одеше?!?
Се бараше самиот себе во погрешни одаи.
По долго време седејќи на студениот камен,
со прстот на глава,
одлучи да го слече своето минато од сопствената кожа,
да стане пепел, да воскресне од неа
за овој пат сам да се насладува на своето “чоколадо”.
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Се загледав во твоите очи,
а таму, небиднина.
Велат, чудак сум бил,
а јас долго живеам на ова место
и немам пријатели.
Да го знаев говорот на глувонемите,
ќе ја кажев молитвата на моето тело,
зашто го барам својот глас
слеан со тишината.
Погледнав кон галебот над мојата глава
и реков: " Кажи ми небо, ти недостасува ли светлина?
Еве ти го моето Црно Сонце"
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Ти...

Под твојата кожа се крие друга
онаа вистинската...
Позади твоите очи
се кријат солзи
спремни за плачење...

Еден ден ќе се сетиш ти
дека срцето твое живее
во вистинските мигови
Позади твојот мрак
се крие сонце, кое
еден ден повторно ќе те огрее
ќе ги тргне сите сенки што
се бесат над тебе

И еве повторно за тебе
пишувам уше една поезија
кога немам веќе што друго
повторно пеам нова песна
кога немам што друго...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Јагне

Јагне,
носиш плод во стомакот.
Племенит.
Неговото архе сум јас.

Јагне,
породи се!
Ако не излезе ќе умре во тебе.

Јагне,
и јас имам тоа што имаш ти.
Носам ембрион.

Две нешта споени чинат целина.
Раздвоени-се мртовци без започнат живот.

Јагне,
разбери...!
Спој ги!
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Животот наопаку...

Го отварам прозорецот
гледам над сонцето
висат многу проблеми
пливајќи низ улиците зборувајќи за тебе
минувајќи низ дождот и пеам нова песна
играјќи ги твоите карти, користејќи ги
твоите љубовни пораки
боите го обојуваат кровот на осаменоста
пратив порака до месечината и таа одговори со НЕ!

Животот наопаку, гледаш како е
и додека јас те имам во мојата глава
секогаш мислам за тебе, броејќи до три
и никогаш не знам што ќе се случи
Животот наопаку мислам за твоите дланки
и додека танцувам со идеите
се смеам за тебе...во опасност...
Животот наназад...наназад

Ја повикувам твојата куќа и твојот дом
кој никогаш не беше...
Гледам во огледалото и таму сум јас
разговарам повторно сам на карпата
и праќам порака до езерото
Заспан наопаку висам
и во летото започнува да врне снег
и секогаш со тебе во умот на еден луд свет
да видиш...

Животот наопаку ќе видам што е
и додека те имам во главата
секогаш мислам на тебе, броејќи до три
и никогаш не знаејќи што се случува
Животот наопаку мислам со дланката
и додека танцувам со идеите
се смеам за тебе, а плачот во неволја го гледам
животот наопаку...наназад...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ода на есента

Кога е есен
пиперките се претвораат
во урбани шетачи.
Ги среќавам секаде.
Паднати во автобус
(се скинала пустата торба со уште 1000 нејзини другарки полна)
на тротоар
(случајно скокнала да остави црвена трага)
по детски устиња
(оти таму најубаво се чувствува)
И ете така.
Пиперката е дом
на нашата гордост
Ајвар и мерак за уште една кришка
Без грам витамин, ама сто кила лезет!

Пиперка, по пиперка...
Црвени раце есенска смрт...
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Разделени

Се, потполно се е важно
јас пропаднав во собата
секој забележува што недостасува
и сето тоа недостасува недостасува
Секоја важна реченица...
Ние сега се однесуваме како роботи
Барем ги зачувавме спомените и кај двајцата
Дали е сега ова важно?!
Но понекогаш се паѓа и се гасне
Мислеќи дека другите ноќи
а ние оделени со ноќи...
Денес кога ќе пристигнеш во мугрите
и денес без проговорен збор
бакнат сум на лицето...
и сега само гестовите на провокација останаа
се беше тивко и добро...
но сега кој се грижи!?
Сега само оразата е еден чекор пред
она што некогаш беше љубовта.
И денес без проговорен збор
и последната работа на која што се сеќавам
Беше твојот шепот...
Од таа вечер ќе мора работите да одат побрзо
И денес без проговорен збор...
Јас се преправам дека не сакам
да ти слушнам глас...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ваша поезија

Емоции ваши на парче лист ставате,
разголени чуства за џабе ги давате.
Воајери колку сакате, во листот што гледат,
но заспани мачки се, ко пред ќумбе што си предат.
Ниту знаат што е, тоа што го гледат,
ама прават фаци, да си мислиш дека следат.
Лице само прават, лажна надеж дават
секој ваш неуспех, ти силно си го слават.
Ама вие добро, тоа си го знаете,
сепак морате пред сите, лице да им правите.
Така сите заедно, на крајот сте задоволни,
примате и давате, се, оцени поволни.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Псст.

Сакам да чкрабам
За моментот.
Овој кога го испишувам
Ова.
О - В - А.
За сите што во моментов прскаат од бес
од задоволство
лупат компири
местат завеси
или накит на изложбени простори.
Зошто ете, имаме што немаме.
Сегашност што е веднаш иднина.
Минато со конец закачено на млечните заби.
А тие одамна ни паднаа.
Ако ако, ќе ни паднат и овие.
Кога ова се’ ќе стане минато.
Сакам да чкрабам.
За моментот.
Она што се сетува заборава и остава.
Како валкани чевли во претсобјето.
Траги од надвор, оставени внатре
Од’ што радосно подскокнувал.
Сега е мртва тишина.
Така и животот.
Скокајте што повисоко.
Оти тишината е неизбежна.
Псст.
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
:pipi:Планета Земја:pipi:

Имаме мала планета,
домаќини сме јас и ти, сами.
Го сакам мирисот на дождовната шума
и мајмунчињата кои скокаат околу мене.

Имаме мала шума,
двајцата трчкаме заедно,
со срните и антилопите,
среќни се ладиме во потоците.

Имаме мала фарма,
двајцата работиме заедно на неа,
свежо млеко од кравите и козите,
се поиме секое утро,
среќно спиеме заедно
во постела од слама.

Имаме мала куќа,
низ неа ги гледаме
сите четири страни на светот,
низ прозорците од стакло,
среќни на топлината
и благодарни на храната
од малата фарма
сместена во малата шума
која е дел на нашата
мала планета.... Земја.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Пад


Пад.
Од небо и од дрво.
Вертикала на вечната есен.
Ох, што сакам така
кога си играм со бои на меланхолија.
Си играме момче и девојка.
Празен свод.
И пад,
на под...
Дај ми од небесното синило
да го допрам
и да ми остане на дланки прав од вечното.
(Со раце те обликувам)
За тебе напишав песна
Штом се разбудив.
Пад.
Од креветот.
 
Член од
12 октомври 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
It wasn't the colours,
that, brings out the automn in your eyes...
putting the sight on me,
on, and on...
I must have realized...

It wasn't the softness,
of your welwetish skin on mu body...
touching me gently, handlike
non stop...
I must have realized...

It wasn't the sensuality,
nor, richness of your breasts...
that I felt upon mines, too
neverending...
I must have realized...

It wasn't the waterfalls,
oh, no...your long, milklike smelling...
hair on my face, dancing...like a slow flame
contuniously...
I must have realized...

It wasn't your lips,
with a passionate curves and colours...
full with, gentle words and tremble
rememberable...
I must have realised...

It was, your brave and beautiful soul...too.
 
Член од
27 април 2007
Мислења
26
Поени од реакции
4
Хоризонт

Во Гевгелија ноќва е топла.
Седите надвор.
В Прага не.
Но месечината е иста.
Голема, светла, полна.
И за мене и за тебе.

Цело лето го гледав небото и го чекав дваесетти август,
мислејќи на тебе
и чекајќи ги ѕвездите паѓачки.

Се сеќаваш кога седевме
на аголот на нашата улица
и гледавме ѕвезди
кои паѓаа?
Паѓаа...

Сакав и летоска да ги гледам,
да те почувствувам поблиску.

Ама околу дваесетти запаливме
Оган во каминот.
Беше облачно,
а ѕвездите паѓаа

за некој друг.

Нема врска.
Не ќе зависев од едни ѕвезди, белки,
за да бидам со тебе.

Еве сум
Еве те
Еве не’.

Ајде да молчиме заедно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom