magii
*
- Член од
- 6 јули 2008
- Мислења
- 141
- Поени од реакции
- 10
Те прегрнав и реков: умрев
Сјај. Ѕвезден сјај и еден камен
Скршен од болка се вие под нашето небо.
Плачат за нас.
Плачат ѕвездите. Плаче каменот.
Црна наметка и крвави стапала.
Боса, доаѓам во твојот сон и те будам:
Еј, застани, дојди ми во преграткиве
Како тогаш, и засекогаш да останеме заедно
Ме погледна. Без зборови ми рече:
Исчезни, скриј се во длабочината
Ти си мртва, ти си болка, ти си само спомен.
*
* *
Лебдам над неговото небо
Го кршам. Го болам.
Да, јас сум негова болка
Да, негов вечен неспокој.
Сјај. Ѕвезден сјај и еден камен
Скршен од болка се вие под нашето небо.
Плачат за нас.
Плачат ѕвездите. Плаче каменот.
Црна наметка и крвави стапала.
Боса, доаѓам во твојот сон и те будам:
Еј, застани, дојди ми во преграткиве
Како тогаш, и засекогаш да останеме заедно
Ме погледна. Без зборови ми рече:
Исчезни, скриј се во длабочината
Ти си мртва, ти си болка, ти си само спомен.
*
* *
Лебдам над неговото небо
Го кршам. Го болам.
Да, јас сум негова болка
Да, негов вечен неспокој.