Ваша поезија!

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Љубовен контраст

Се појави кога никоја во мојот живот не очекував
Ме насмеа кога солзи од претходната љубов пресушував
Ме освои кога несовладлива твдина пред мене изградив
Ме стопли во прегратка кога веќе за другите оладив.

Ме залечи со бакнеж кога лузни ме болеа
Ме спушташе на земја кога слики од минатото ме гореа
Разбуди мечти кои во мене никогаш не постоеја
Кои моето сиво секојдневие го обоија.

Ме топеше во моменти на студови бесконечни
Правеше моментите со тебе да ги посакувам за вечни.
Скриени страсти кога спиев ти во мене разбуди
А и најнормалните ситници со тебе изгледаа луди.

Правеше да заспијам и кога очи не склопував
Да бидам мирен и кога во себе војував
Да плачам кога гледав солзи твои
А твоите среќни моменти да бидат и среќни мои.

Но на крајот...

Ме замрзна кога во твојата прегратка се стоплував
Ме порази кога твоја љубовна победа над мене прославував
Ме расплака кога насмевка за тебе извлекував
И исчезна кога ти беше се' што очекував...
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Таблети

Мојата полна фиока таблети
одамна се полни-празни.
Тие црвено-бели, со ладна чаша вода,
голта по голта ми ја ледат душата.
Го чувствувам уморот од самарот на мојот мозок,
совеста ме гризе а јас ја грицкам устата,
болката ме совладува а јас ја нанесувам на друг,
црнилото ме обвива а јас му отварам пат за длабоко.
Си го допирам непцето со јазикот,
а не го чуствувам.
Посегнувам по фиоката до креветот,
го правам тоа забавено
белки некој ќе ме спречи…
Некој???
Но веќе никој,
димот од цигарите ги уништиле и бубачките
што се криеја во мојот паркет,
и ја гризеа квалитетната гарнитура
на баба ми...
Ги ставив на јазик, 2,3,4,5 секунди...
Јас веќе бев подобра, се исплазив на креветот
како стар паразит,
како станар чија неплатена ќирија
и милион сметки го удараат по веќе изнемоштената снага.
Без многу зборови, старото ќебе ме прегрна а јас му дозволив....
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Flower the moon
Water the sky
Move with the eyes
She sings me a lullaby
Wave to the sailor
With a shiny tassell
Burried by a castle

Fasten your life
Darken the light
Gaze at his life
Ticking a world fight

S.O.S
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Метла во глата

Кога си тажен
и се’ ти е црно
купи пиво ѕидарско
измети се во глата.

Мислиш дека сите те мразат
и дека си посвоен
седни со друштво големо
изметете се во глата.

Метла ептен
катаден
чунки кондиција е пресудна
за добро метење.

Во глата.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Внатрешна борба...

Знаеш дека твојот нежен збор и најдлабоки рани ми лечи
Но и дека молкот твој како остар меч во срцево сечи
А потоа јас сум подлежен и оставен на непозната болка нова
А со тоа и на твоите сенки кои злобно во ноќта ме ловат.

Газам чекор напред, ти ме враќаш два чекори назад
Уште ми одекнуваат твоите болни зборови, кои како морници ме лазат
Се борам со мрежа од невистини, и лаги кои безмилосно толчат
Замижувам пред сите злобни погледи, кои во темнината молчат.

Ќе ми речеш:"Ќе го пребродиш и ова, те знам како вечен борец
Кој трага по своето совршенство, и на својата љубов е творец."
Но чекај малку мила, забораваш ли дека и јас имам чувства свои
И дека секоја твоја постапка директно ми влијае, нив ми ги крои?

Но ок е, велат дека само благословените знаат и умеат да простат
И да ги срушат сите негативни последици, да постават нови, поцврсти моста
А јас веќе благословен сум знам, со тоа што те запознав тебе
Нешто што ќе ми помогне да ја добијам оваа војна која се води во мене.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Јулска секвенца

Јас немам штикли со ѓаволска потпетица,
немам потреба да бодам нечија суштина.
Сакам да готвам
со престилка (во мотиви од море, брод и некој зеленчук)
да пишувам заредена поезија.
Нешто што ме исполнува.

И можам да бидам другарка.
Некогаш и космонаут, со папочна врвца од овде до Месечината.
Или едноставно, змеј во сенка
што само со здивот оддава присуство.
Музичка делница без тоналитет
несмасност од моето неискуство.

Јас немам возило што ме прави брза,
не сакам да ја загадувам околината.
Сакам да сонувам
во пижами (со мотиви со срциња, идиотски пораки и некое мече)
да лежам во ненаместени приказни.
Нешто што ме исполнува.

И можам да те видам. Кога не ме гледаш.
Секако, оти така е интересно.
И да го исклучам сопствениот потенциометар.
Електрично празнење.
Секако, ова е само јулска секвенца.
 
V

[vladimir]

Гостин
................

Се задоволи и ги задоволи своите страсти.
Се повлече тивко и незабележително,
оставајќи ме на тишината.
Почнувам да сфаќам дека и во тишината не сум сам
се слушаат крици и лелеци некаде блиску,
но не гледаш...
Завиткан во сопствената тишина,
молиш за вистина,
а добиваш нови удари и понижувачко смеење...
Само за миг..шетоп,
скоро нечујно накој тивко кажа:
Толку беше од нас.
Сега гласовите одекнуваат насекаде
создаваат таква жешка и неподнослива
мозочна тензија, правејки го простотот се потесен
за сите тие гласови кои во еден хор викаа:
Зарем не сфати?
Зарем не разбра?
Зарем не виде дека како
искра пред очи помина и изчезна...
Ти проклет слепецу...
Сам го создаде ова.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Плава девојка.

Га видов.
Конечно.

Беше како од солза
беше како роза
беше мила ко свила
на која сите и се одушевуваја.

Не беше како што зборуваја
не беше каква што ја замислуваја
не беше таја одбивната
се излажаја сите.
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
:pipi:Кралица на летото:pipi:

Мирис на диња и летно ветре,
ме опкружува и опива,
го сакам мирисот на летото.

Станувам меланхолична
и тромава, малку заоблена
но среќна,
живеам под зраците.

Ветрето си поигрува
со прамените, додека
уживам излежувајќи се
и ладејќи се,
како старите кралеви.

Да, јас сум кралица,
кралица на нечие срце,
заоблена и весела,
среќна и мирисна.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Додека вратите чкрипат

Безживотно се шуткам наоколу,
Од база во база - се` подосадно.
А вратите се отвораат - затвораат,
безмилосно, бесконечно.

Низ етерот се пренесува,
чудно, интересно, чкрипење,
кое станува неподносливо
по предолго консумирање.

Сепак, немоќна сум да го спречам,
те гледам и ти се вознемируваш.
Посакувам да исчезнам.
Ќе снема ли струја некогаш?
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Живот

Јас сум никој
Ме нема никаде
Чекорам по сни
Со нозе од бајки исплетени.

Се дружам со смртта
И пеам со животот
Не ме запира ништо
Освен самиот Бог.:smir::smir:
 
С

Сатори

Гостин
Тага
(Елегија за тебе)

Будно затворена во себеси
тривијално се пакувам,
скитник заборавен со непозната работа,
секоја вечер ја слушам молитвата.

Пролог на почеток на книгата
и необјасниво тежок очај
што не можам исто повторно да прочитам,
па се спуштам ко грешник на колена
за да ги запрам мислите
и пулсирањето во рамената.
Се сеќавам како фигурина во магична кутија
колку далеку допирало чувството
каде на депресија, каде на фрустрација,
тага во самата чистина на формата.
Го отварам умот за да ја примам светлината,
но ми вели дечкото горе дека грешам,
дека требало да ја отворам душата,
а ја немам.

Се колнам во сите уништени животи
си ја сакам слободата,
трнливите патеки и болката на тагата
сите пиуни стојат на масата,
а пак не ми е задоволена сатисфакцијата.
Тогаш како низ магла се сеќавам на имињата,
секое со нов мирис, вкус,
смел за да го лизне јазикот по должината,
на површината,
мазна.

Се заминува во неповрат,
никој не може да го спречи доаѓањето на тагата.

Контемплирам, се преценувам и легнувам
со болки во утробата додека се сеќавам
на редовите што некогаш сум ги напишала.
Анималистички израз на лицето кога ја гледам тагата
и со секоја свесност што е луцидна
како наркоман смртта ја посакувам,
а и не знам да пишувам љубовни песни
колку и да ми е силна љубомората.

Елегично се муртам врз воспевањето,
вечна инспирација
се удавила во коритото на реката,
ќе се удавам и јас како Пепелашка,
кога конечно ќе разберам дека не треба ништо да посакувам,
желбите се коцки на судбината,
Лукреција е одамна мртва,
а Настасја измислена,
тагата е вечна, како музика,
таа ме движи, ја охрабрувам,
тагата што ќе ме удави
додека дишам бел прав низ устата.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Кодови

Како на глава камени,
тешки и ко олово жешки,
така во умот кодови
легнале, та пренатежнале и преседнале.

Кодови ли се кодови...
програмерски маки огромни...

Легни си наутро во 03:30...
стани си в зори во 04:30...
доцна уморен легни си...
рано неспиен стани си...

наутро кошмар понеси,
навечер во малите саати зачмаен дома дојди си...

Ај пуст да е... пуст да би останал живот девелоперски...

За туѓи големи компании и бизниси,
ѓозлуци диоптер 5-ка стави си.

За себе само ’ргај си...
за себе кодови куцај си...

Нижи си софтвери кобасици
нижи си огромни UML документации.

Нижи си синџир челичен,
околу тебе и компјутерот извртен
начелото тоа е...
засекогаш откажи се од надеж:nenene:
дека од компјутерот ќе бидеш ослободен. :nesvest:


(обработка на песната “Денови“ на Кочо Рацин :smir:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom