Ваша поезија!

С

Сатори

Гостин
Некој да ме однесе далеку... (ЗА СКАЈ ДОГ т.е. МИЛАН)

Далеку да стигнам во свилена облека
без чевлички од злато
и дијамантски дијадеми.
Да се потпрам врз некој што го сакам,
да ме чува и да ме штити
кога светот е малку посуров
а љубовта си го зема својот дел,
некој што може да ме почувствува како своја додека надвор врне.
Да бара делови од мозаици заедно со мене,
дури и кога деловите се погрешни
а луѓето знаат да си заминат.
Некој да ме оденесе далеку од сите нив ...


* За еден од моите најдобри пријатели...секогаш ме правиш среќна...БЛАГОДАРАМ.:back:
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Убиец

Четири прсти
на едната рака
показалецот пресечен
му беше.
Зајачка уста
и лузна на вратот
на челото знак
мирис на древен Грев.

Потопени срца в мед
го излижа од нив сиот
та посипа коскос
во истиот миг
светна острицата
сечило ладно
го осветли
блатото алги.

Закопани глави
пресечени мисли
за кого дува ветрот
чија крв ја коби?
Презрени хромозоми
соништа набодени
на колот
замолкнати петли
и облаци удавени
в црвено море.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ох моја мила маријана каде си сега
на кого ли му велиш добро утро по илијадити пат
Има денови кога посакувам да сум твојата дебела кожа
низ колку ли само гревови ме протера

Сите умираат поради твојата уста.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Where's the good ol' Stevo? :(
Твојата насмевка​
Земи го лебот ако сакаш,​
Земи го воздухот што го дишам​
Но никогаш не ми ја одземај твојата насмевка​
Не ја одземај розата​
Убиственот цвеќе што го вадиш​
Водата што случајно​
Пред тебе извира од радост​
И неочекуваниот бран​
На среброто родено во тебе​
Мојот опстанок е тежок и кога ќе дојдам назад​
Со очи уморени​
Од што ја гледаат земјата што не се променува​
Но кога твојата насмевка ќе блесне во моите очи​
Се воздига во небото и ме бара мене​
И ги отвара сите врати на мојот живот​
Моја љубов,во најтемните часови твојата насмевка блеска​
И ако случајно ја видиш мојата крв пролиена​
Околу улицата​
Насмеј се​
Затоа што твојата насмевка​
За моите раце ќе биде​
Како свежо кован меч​
До морето во пролет​
Твојата насмевка мора да никне​
Нејзината блескавост и свежина​
Е како пролета на цвеќињата што им дава​
Будење од зимскиот сон​
Те сакам таква​
И даваш радост и среќа​
На мојата земја​
Смеј се на ноќта,на денот,на месечината​
Смеј се на искривените улици на мојот остров​
Смеј се на ова мрзеливо момче кое те сака​
Но кога ги отварам очите и ги затворам​
Кога моите стапки идат​
И кога се враќаат​
Забрани ми леб,воздух,светлина,пролет​
Но никогаш не ми ја одземај твојата насмевка​
Затоа што ќе умрам​
Стево се врати,али сепак сакаше многу се изнервира и се враќа со оваа песна и поезија
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
For a Woman

I too once had the same obsession
of writing out a words at night
but her stillnes made me shiver
i would have preferred to listen to her high
laughter, as she sat, under yellow shining lamps
or carelessly, disrobed of her whispers
in her armchair, slowly combing
her long, milk-smelling hair.

My ears full of love, her voice
a worm raptor with slow digestion
and never satisfied-the song never ending
like her life, a melody consumed just for my own sake

And she used to say to me...


...please...take me away...I'll show you my way...
take me away from here...
to a place I want to be...
...oooh, take me away with your words, smiles, kisses... and that sweet poetry...

...and listen to me , just feel me


For attractive lips...speak words of kindness
For my lovely eyes...seek out the good in people
For beautiful hair of mine...let a child run his or her little fingers through it once a day
For my slim figure...share your food with the hungry

...and never forget this final words... i say...

...the beauty of the woman must be seen from her eyes,
because that is the doorway to her heart...
...the place that love resides.
 
С

Сатори

Гостин
Да се вратам повторно кај тебе ...

Виолината на старото место,
копнеж и смирувачки звуци од пијано,
кога местото за тебе
се решив,
да му го подарам на друг.

Неколку монети на подот,
молк после траскав ѕвон,
бука или мелодија,
за твоето доаѓање дома,
за моето враќање кај тебе.

Сонови на брачен кревет кој е напола празен,
завеси во млечено бела благо треперат,
Месечева светлина,
црвено неглиже за контраст на бела кожа,
повторно исчекување,
повторно тапа болка длабоко во мене.

Соната за нечиј лик,
за нешто што почива во секој часовник кој ќе го погледнам,
време кое не се купува,
а лесно се продава,
ниту мое,
ниту негово,
топла прегратка.

Просветли ме,
твојот допир,
на мене за да ја најдам силата,
да почивам со неа
додека тебе те нема,
додека те посакувам,
сонувам секоја вечер,
одново и одново за твојата насмевка која полека ја заборавам.

Местото за нас
во мене,
врати се побргу,
имам потреба
да се вратам пак кај тебе
со размачкан креон
и спокојна насмевка.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Твоите стапала



Кога неможам да го погледнам твоето лице
Ги гледам твоите стапала
Твоите стапала од искривени коски
Твоите мали тврди стапала
Знам дека те подржуваат
И дека твојата тежина на нив се оклонува
Твојата рака и твоите гради
Двете сцрвенати брадавици
Твоите крупни очи
Кои штотуку летнаа некаде
Твојата овошна уста
Твоите црвени локни
Мојот мал замок
Но ги сакам твоите стапала
Затоа што шетаа по земјата,по ветарот и по водата
И на крајот ме пронајдоа мене
 
С

Сатори

Гостин
Твоите стапала



Кога неможам да го погледнам твоето лице
Ги гледам твоите стапала
Твоите стапала од искривени коски
Твоите мали тврди стапала
Знам дека те подржуваат
И дека твојата тежина на нив се оклонува
Твојата рака и твоите гради
Двете сцрвенати брадавици
Твоите крупни очи
Кои штотуку летнаа некаде
Твојата овошна уста
Твоите црвени локни
Мојот мал замок
Но ги сакам твоите стапала
Затоа што шетаа по земјата,по ветарот и по водата
И на крајот ме пронајдоа мене

Ова веќе ми се допаѓа. :smir:
 

THC

Член од
11 септември 2007
Мислења
6
Поени од реакции
0
ГЛАСКИ (експериментална поезија)

во секај збор кој име повеќа од две сомогласки ќе изменуме едно со праизвелна друге
во секј збор кој ма повќе од две самгласки ќе тфрлиме по едн
в ској збр ќ отфлим п дна смогласка
ва сакај збар ќа га зAманама сата сAмаглAска са А
ве сEкеј збер ќE ге земEнемE сетE семеглеске се Е
ви сикиј збир ќи гИ зиминИми сИти симиглискИ си И
вО сокОј збОр ќо го зомономо сото сомОглоско сО О
ву сукуј збур ќу гу зумунуму суту сумуглуску су У
а да ги отфрлме сте смглски што не се на пчтк или крјт на збрвте?
с.т. с.м.гл.ск. г. з.м.н.в.м. с. .
ситезборовигипишувамеедендодруг
с.т.зб.р.в.с..тфрл.н.с.м.гл.ск.г.п.ш.в.м..д.нд.др.г
н н трб „.“, н ј пшвм пвќ
ннтрбтпвќсмглск
 
M

_MACA_

Гостин
Чекори,твои чекори...
во темината...некаде далеку...
но сепак толку блиску.
Туѓа рака на твојата,
и чекори...
негови,нејзини...мои.
Плачлив глас од очите,
бледа сенка на патот
и малку глума...
Тонам во ништото...
Тонам полека,бавно...
болка во градите,
толку длабока и силна,
ме уништува,
ме измачува...
Само темнило и гласна тишина
околу мене...а,јас
а, јас тонам во ништото
во ништото...без дно.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Ноќи исполнети со алкохол...
црвено вино
бело вино
и се е полесно
се е толку убаво
лажно волшебно.
Моментен заборав на се...
Какво залажување...
Мислите тогаш кај што
најмалку треба да бидат се
а мислиш алкохолот
болката ќе ја однесе.
Заробена помеѓу новото и старото...
Старото само уште повеќе
ме разочарува,
новото пак во секој поглед
пријатно изненадува.
Во срцето се е спремно
да се роди нова илузија,
само што разумот
тоа повеќе да се случи
не дозволува.
Страв, претпазливост, сомнителност...
Така ноќта ја пречекувам,
со неродената илузија
утрото го дочекувам
со насмевка на лицето
и барем за миг
исполнето срце
тогаш во сон потонувам
чекајќи мракот повторно да ме оживее
низ ноќта повторно да патувам...

П.С. 600 пост... посветен на неродената илузија:pipi:
 
С

Сатори

Гостин
Девојката на барот

Мирис на ванила,
кокос и некоја музика без значење во позадина,
еуфорија која наплаќа за сите изминати години,
илузиите,
сите поминати барови,
различно деколте и боја секоја вечер,
од сино до зелено,
перипетии за некои што не заслужуваат приказна.

Молчаливи кревети,
бучни извици од лажно задоволство,
допири по тело кое е туѓо,
дух надвор од себе,
припаѓање,
проклети барови, полни со наркомани и лесни дроги за купување.

Звуци,
клавир,
дирки кои некогаш имале сосема друго преносно значење,
девојката на барот вечерва е плавуша облечена во црвено.

Хедонизам.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Студенило...
И повторно острите
шилци на мразевите
го параат моето срце.
Сепак во мене оган...
Земја...
Ја гледам после долго твојата насмевка,
го чувствувам твојот здив
твоите усни за миг толку блиску до моите...
добро познатиот парфем раздвижува се во мене...
Ноќ...
Проклета да си!
Воздух...
Па и во сон ми дојде...
Она малку што го сакам од тебе
таму за миг се толку реално пројде...
Паѓам ли пак?
Оган...
Во твоите прегратки
како за последен пат,
силно те прегрнувам,
да те пуштам никогаш не сакам,
но знам дека ќе морам,
со тоа малку да се задоволам
и вечно од немоќ да горам...
Те оставам, преболувам, заборавам...
Цврста сум и издржлива,
а се претворам во слабак, кукавица
во присуство твое...
Уште еден пораз од тебе...
Уште една солза за тебе...
Уште една направена глупост...
До кога?
Паѓам пред тебе...
И покрај се и после се,
како отфрлено верно кученце,
на кој господарот му значел се,
а ти сепак ми велиш
дека не сум заслужила
да ти кажам ни збор, НЕ?​
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дојди вечерва

Дојди вечерва и насмевни се
твојата насмевка е моето разбудување од сон
и мое апче за спиење
Дојди вечерва но не ме мрази
животот е тежок,и секој грешник се кае за своите гревови
а се каам што те изгубив
кога ми рече те мразам
заплакав и се околу мене стана бледа слика
која е фотографија на твојата омраза кон мене
Таа вечер пролеав солзи колку еден монсун
беф фуриозен и кршев се пред себе
создадов бура која ја пролеа болката кон тебе
Зашто ме затвори?
Овој сокол сака да лета слободно
А не да седи во овој љубовен кафез
кој само ти можеш да го отклучиш
ослободи ме љубов
и остај ме да летам слободно кон небесниот шир
Дојди вечерва иако е за последен пат
не сакам да ја заборавам твојата насмевка,
твоите очи беа моите ѕвезди
Каде си сега заводничке
кој го заведуваш во твојата подла игра?
Дојди сакана моја
иако љубовта е еден стар орман полн со прашина
најди го дневникот во кои се запишани
сите моменти поминати со тебе
исчисти го
и пронајди го моето проклето срце
закопано и магепсано од твоите раце
во еден храм кадешто ја нудиш
мојата душа на боговите
како жртва за умрената љубов
што замре како згасната ѕвезда
Дојди вечерва..
Но не ми ја барај душата
таа е проколната од тебе
дојди..
но не потонувај во поплавата
од леење солзи
Сонце мое згаснато
љубовта не е ништо
освен цвеќе што не е дораснато
нека моиве зборови се твоја среќа
зашто утре ќе се смееш
кога ти беше во моите
прегратки се топеше како свеќа

 

Kajgana Shop

На врв Bottom