Каде си?
by Inquisitor & Лејди Сатори & Серпико
Стојам на дождот
Сам...
Есенско лисје и ти...
Мирисот на тебе...
Сеуште живее во мене...
Длабоко во мене...
Ти...
Што стана со нас?
Каде се сите оние непреспани ноќи?
Каде е цветот во твојата коса?
Каде изчезна ти?
Каде изчезнав јас?
Не остана ништо...
Само прав, тага и мирисот на есенски дожд...
Бледи сеќавања и ти...
Сенка која вечно ме следи...
Љубов која вечно ќе гори...
А ти?
Каде си?...
-------------------------------------
Ниту на допирот се сеќава,
ниту есенскиот дожд и е познат,
тага,
мртвило,
и парализирање на секој дел од душата,
се од неа,
умртвено,
паднато на земја,
како да не е важно,
прекриено со лисја.
Зошто ја остави?
-------------------------------------
Зарем не беше таа
Воздухот кој го дишеш?
Ветерот кој те гали?
Мирисот кој те плени?
Не беше таа причината за твоето постоење....
Причината за твојата пропаст?
Блеснува и првиот сончев зрак...
Умира дождот..
Умираш ти...
Останаа само сеќавања...
Останав сам..
Каде си?...
----------------------------------------
Зарем таа заслужува да биде ветер?
Да биде шум,
и да биде крвта низ твоето срце,
да ги полни кратерите,
да ти ја плени душата?
Зошто ако вредеше,
ако сакаше,
ќе беше тука,
а ти немаше да ја бркаш,
да ја бараш,
да ја молиш
и да ја колнеш.
Зошто ја остави?
----------------------------------------
Животот е суров...
Можеби и јас бев суров...
Како парче стакло што сече вена...
Како сол на отворена рана...
Како постоење без причина...
Дали бевме создадени еден за друг?
Дали љубовта воопшто постои?
Дали се заврше каде што почна?
Од ништо..Во ништо!
Повторно сам.
Солзите нема да те вратат!
Те повикувам во мртвата тишина...
Каде си?...
-------------------------------------
Јасминот размирисува во утробата
на далечните копнежи.
Остануваат само зборови
да талкаат немо, немоќно,
сеуште барајќи ја магијата
на привидното, а присутно,
привремено и предвремено
вечно лудило.
Понекогаш...
Само понекогаш, ќе одѕвонат од некој камен
ладен како непомислата на јас и ти.
Ќе се чуе плачот на братот ветер
и само два збора:
"Каде си?"
-----------------------------------------------
Кога ќе ја видиш твојата девојка како трча,
паѓа,
и пак станува,
го кине фустанот,
ја крши штиклата
но сепак трча,
трча кон тебе и кон твојата душа.
Таа трча и плаче,
се моли длабоко во себе,
а тешко и е,
зошто не знае зошто,
и не разбира,
како си ја оставил да умре,
зарем не ја сакаш?
Зошто да даде толку години од себе
и од се што беше?
Сепак трча,
и го остава англискиот чај недопиен
за тебе,
болка.
Зошто ја остави?
-----------------------------------------------
Зошто плачеш?
Зошто трчаш?
Зошто се жртвуваш?
За мене?...Прашав...
Воздивна...
Не сум оној што бев...
Закопај ме во заборав...
Јас сум само привид..
Одсјај од она што некогаш бев...
Јас сум дух...
Безвреден...
Мизерен...
Понижен...
Не оди!
Врати се!
Извикав со плач и се извив од болка...
Каде си?...
-------------------------------------------
Како да те закопам
кога јас сум влажната земја
што ќе те милува
и после смртта,
Како да верувам дека си привидение
кога секоја вечер
ги слушам
твоите чекори
во мојата соба на запушениот таван.
Како да верувам дека си мизерен
кога мизеријата сака друштво.
Не плачи,
не вреди...
ја слушнав фантазијата
како ги спакува куферите...
не рече збогум.