Dark Angel
Unfaithfull to life...
- Член од
- 14 јули 2006
- Мислења
- 1.081
- Поени од реакции
- 6
Гласна тишина
Зар и во соништата ме мразиш,
кога сеќавањето раѓа пискот во ушите.
Моите зборови исто звучат, секогаш,
a ти постојано ја грешаваш висината,
по илјадити пат!
Само ритамот на говорот се менува,
опаѓа до степен на шепот.
Кога веќе неможам да мислам,
неможам да љубам, а ти гледаш немо,
и очекуваш.
Ќе почнам да пишувам да ч’кртам,
менувам начини и зборови, грешавам.
За на крај пак да го фрлам листот.
И се’ да си остане исто, како и пред мене,
пред сите идеали.
Ме тераш да бегам некаде во снегот,
каде се’ е бело и мирно, спокојно.
А во главата пак ми пишти вина,
за тоа што сум го оставила недовршено,
што не сум можела...
Кога вистина боев, се’ лажно си беше,
а што сега кога и плачот без солзи е.
При секој допир трештат мисли недокажани,
а потоа срцето немо е за да убие самотија.
Доаѓам и заминувам, за ден и ноќ,
да се родам и пак да умрам,
кога чуствувам дека спиеш мирно,
а се’ е толку проклето гласно.
Зар и во соништата ме мразиш,
кога сеќавањето раѓа пискот во ушите.
Моите зборови исто звучат, секогаш,
a ти постојано ја грешаваш висината,
по илјадити пат!
Само ритамот на говорот се менува,
опаѓа до степен на шепот.
Кога веќе неможам да мислам,
неможам да љубам, а ти гледаш немо,
и очекуваш.
Ќе почнам да пишувам да ч’кртам,
менувам начини и зборови, грешавам.
За на крај пак да го фрлам листот.
И се’ да си остане исто, како и пред мене,
пред сите идеали.
Ме тераш да бегам некаде во снегот,
каде се’ е бело и мирно, спокојно.
А во главата пак ми пишти вина,
за тоа што сум го оставила недовршено,
што не сум можела...
Кога вистина боев, се’ лажно си беше,
а што сега кога и плачот без солзи е.
При секој допир трештат мисли недокажани,
а потоа срцето немо е за да убие самотија.
Доаѓам и заминувам, за ден и ноќ,
да се родам и пак да умрам,
кога чуствувам дека спиеш мирно,
а се’ е толку проклето гласно.