Ваша поезија!

L

Ligeia

Гостин
Мементо

Во моментот на загрижувачка меланхонија,
тешка е супериорната објективизација,
да растуриш молекул за да бидеш душа е само залудна
и бесмислена илустрација.
Ако ја парафризирам љубовта
би умрела од студ,затоа и молчам,
притаена во сенките се тетовирам под срцето,
но залудно...гавранот на моите гради е гласен и
не замолкнува и понатаму.

Каква е таа резултанта од нас љубов?
И љубомора и самоуништување и злокобни мисли
удрени со вжештена идила,
ја пијам кантарелата која ми ја нудиш одново и одново,
стравувам,но сакам да те задоволам
од нејзината јачина и шишето во кое стои напукнува,
но забораваш меѓу занесот и задоволството,
дека со премногу отров во вените...животот гасне и умира.

Какво е тоа сценарио кога доминираат
два лика во една улога,
кога биполарноста е умерена
а приказната на еден Тартиф досадна?
Да бев опонент на носталгијата можеби ќе бев роб
на естетиката,но јас сум само обичен
лицемер кога станува збор за
туѓата,дадаистичка граматика.

Тешка е нашата компарација љубов,
костенливите црти со кои прогледав ги заслепи твоето
небесно синило,но верувај
уште потешка е меѓусебната фасцинација
кога галанцијата помеѓу нас само со
ножот на импулсивноста се изострува.
Да растуриш душа за да бидеш тело е
бесмислена но мирна инспирација,
затоа сети се кога ќе го оплакуваш поетот...
јас и ти бевме само уште една куклена илустрација.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
СМРТТА Е ТВОЈА СУДБИНА



Добро е што старееш
што ти паѓа цената
што се повеќе
имаш конкуренција
но ти си пак истата
затоа ќе завршиш
во геријатрија
сама осамена напуштена
и со омраза кон себе
никој од сите што те пробале
нема да биде со тебе.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Сето Зло е од Господ




Јас нејќам и нејќум и не сакам
ама кој сум јас
имаш поим кого да обвиниш
м. м. е.ам кој прв почна?
ете тој ОН БОГ!
Тој прв почна
Тој ги уби
праќајќи ја смртта
баба ти и дедо ти!
Тој те раздели од Хани и Кичо
Тој ти ја создава сета тага и депресија
сето Зло е од Господ!!!!!!!!
А она малку добро
тоа е од тебе
то ест од мене!



Мизантроп,
не поднесувам никого!!!!!
Не ми е по кеиф оваа реалност
Како беше она?
Животот е убав
само пушти ме да спијам...
Ептен убаво кажано.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
@nihilista Извини вака ама ова твоево е далеку од поезија барем на едно место да имаше рима :Ѕ
Извинето но ова моево не е далеку од поезија бидејќи римата е надмината и отфрлена уште во 19 век, очигледно немаш читано многу поезија бидејќи вака како мене во начинот пишувале великани на поезијата, цели правци ја отфрлиле римата дури и метафората, имаш поезија и поезија како во музиката разни стилови, читај ги Битниците, Ален Гинзберг, Назим Хикмет... да не набројувам сега у моментов не можам да се сетам и ќе видиш дека во поезијата цели правци ја отфрлија веќе одамна римата, ритмиката дури и метафората.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
И после се
пак те сонувам тебе
колку и да си згрешила
се би ти простила
да си ти тука до мене
Твоето срце нема лице
твоето срце би му дал крилја до мене да долета
и од тој страв во себе што го имаш
тоа полека ќе го снема
и како гулаб во небото ќе полета
И како да те тргнам од мисливе
кога во секој момент некој те спомнува
моите емоции полудуваат
по твоите бакнежи гладуваат
и моето срце како твоето греши
сака пак да те види
но овој пат знам дека воопшто моето срце нема да згреши
прави како чувстуваш ти велеше така
но на крај љубовта е таа што самата ќе реши
твој сум и нема да бидам како мало дете
кој на мали грешки се љути
а сега се смешка кога во други прегратки се теши
Твоето срце нема лице
твоето срце би му дал крилја до мене да долета
и од тој страв во себе што го имаш
тоа полека ќе го снема
и како гулаб во небото ќе полета
Никој не е перфектен па ни јас
се би дал да ти го чујам твојот нежен глас
и би долетал во твоите прегратки
зашто во нив го гледам мојот спас
што би направил само да бидеме ти и јас
дур моите емоции се наклонети кон тебе
ќе се молам за нас
Твоето срце нема лице
твоето срце би му дал крилја до мене да долета
и од тој страв во себе што го имаш
тоа полека ќе го снема
и како гулаб во небото ќе полета
Твоето срце нема лице
затоа се ти простувам
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
И после се
пак те сонувам тебе
колку и да си згрешила
се би ти простила
Стеф, супер е песната.​
Болдираново малку ме буни. Ова ти е во контекст на алегоријата која се провејува низ целата песна, на таа трагедија во која авторот се обидува да го обликува срцето на неговата љубов, да му даде форма и да го отклучи, за на крај да се изгуби себеси и сопствениот идентитет, со што го жртвува своето битие во име на љубовта?​
 
L

Ligeia

Гостин
Стеф, супер е песната.​
Болдираново малку ме буни. Ова ти е во контекст на алегоријата која се провејува низ целата песна, на таа трагедија во која авторот се обидува да го обликува срцето на неговата љубов, да му даде форма и да го отклучи, за на крај да се изгуби себеси и сопствениот идентитет, со што го жртвува своето битие во име на љубовта?​
Не е модерно веќе да се има само еден индетитет во денешната литература Raziel.Комплексноста на поемата на Стеф бара пристап и од женски аспект и наметнат дуализам за да може да се носи со внатрешноста на поетот.Како Стеф и Ангел.Кастор и Полукс.Само Стеф тука го користи контрастот на Артемида и Аполон.Ако ме разбираш... :D
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Стеф, супер е песната.​
Болдираново малку ме буни. Ова ти е во контекст на алегоријата која се провејува низ целата песна, на таа трагедија во која авторот се обидува да го обликува срцето на неговата љубов, да му даде форма и да го отклучи, за на крај да се изгуби себеси и сопствениот идентитет, со што го жртвува своето битие во име на љубовта?​
Незнам кога ја пишував мислев на неа бев емоционално врзан со моето срце.Многу бев гневен и разочаран од нејзините постапки.Но на крај разбрав дека јас сум кривецот што самите мои постапки ме натераа да го видам тоа што мојот здрав разум го знаеше а моите емоции не сакаа да прифатат.Ја видов случајно девојката ме штрекна срце и чукаше 100 на саат,се поздравив но сакаше да ме гушне и јас се тргнав и реков чао.Се чувстував моќен после тоа али веќе ништо не ми е важно искрено морав да ја спуштам малку на земја да размисли што малце губи во животот.Понекогаш ја мислам искрено и ми недостига но секогаш гледам на другата страна,дека има и подобра шанса во животот кога не очекуваш :)
 
L

Ligeia

Гостин
Асиметрија на утробата

Насекаде создава живот.
Убива.Воскреснува.
Возвишен идол во далечните предели на небото,
каде сите народи се обединети.
Иштар,Геја или Сибила.
Дивината во неа сите три ги разединува
кога последната маска на светлоста со темнина ја заменува
и моќ и илузија таа обединува,
молчат и живите,молчат и мртвите додека таа
смртта ја потчинува.

Преку неа,полињата и жетвите им припаѓаат на кланот
а во неа-само плодноста на стравот.
Бара и жртви таа за да биде задоволена,
но само јас меѓу нив ја имам дарбата
да ја издржам доволно болката
нудејќи и' ја покорно својата љубов на колена.

Поминува таа а земјата се отвора,
на местото сум и јас,
виното се насмевнува и ги облива моите
суви усни како река низ карпеста клисура,
гордо исправена но со телото обесправена
ме погледнува и занемува.
Душата моја притаена е во најголемата длабочина,
посака да ја поседува но не разбрав никогаш,
во недостиг на нејзината,
дали сега и' е потребна мојата умствена широчина.

Со еднаквост во перцепцијата сме родени,
со иста страст кон суштината и гнилото.
Но за моја несреќа...таа ги познава сите нијанси на сивото.
Се будам.
Од далечината на соништата само хорот на трагедијата
го слушам.
Заборавив да ги отпоздравам сите на пирот со длабок поклон,
ја заборавив и неа,
збрзнав да се напијам од реалноста,
каде секогаш векува страдалноста.

За момент се потсетив дека сум само смртник,
поклоник на идеите и не сум ништо помалку
од сатиричен крвник.
Во животот слепа волја ме води а не напишана повест,
колку и да глумам бел гулаб,
гавранот e секогаш мојата совест.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Нихилистичка песна



Утре што знам што ќе биде?
Треба да идам на џоб
пошто сум роб
викам треба не мора
пошто мора само да се умре
за пуста виделина
ама чим си се родил
ти влегла чивијата.
И што после?
У петок сум слободен
у субота пак 24 часа дрвење
ѓаолот ми праи друштво
пошто нема кој
одувек знаев дека све е срање
али сеа ептен го осеќам тоа.
 

KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Убиство на совеста

Страдам од лекот
или од болеста?
Јас сум оригиналот
или копијата?

Од мраморен преплет
испарува негација...
По сето време расплет,
преболена кулминација.

Златни лушпи од древен бол,
ко срушен пагански храм,
ко врисок на електричен стол,
ко заборавен срам.

И пак - од нокти траги
што на душата сомнеж ги оставил...
Што ако расплетов е лаги
што во очај умот ги составил?
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 03:02 ---
Професорот

Ридови. Врвови како српови
ја косат мовта на сонцето.
Временски процепи
кои ги вдишувам кога натаму чекорам.

Дом на чудни истории,
живи везови во златни оквири.
Лавиринт од библиотеки
и лити килими.

Онаму, камени огради, коцка улици,
и сиви железници.
Изглодани патеки
низ кривини што силуваат.

Сон за овој тажен град
и професорот - боже, невистина!!!
Долго пролевани солзи,
солзи за долго време.

Бршлени. Впиваат темнини од плочи мермерни
Цедат светлини од густите промаи.
Овде, во вечниот дом
во, еднаш, милиот град,
јас веќе не стапнувам.

Тој не е овде. Му ги слушам чекорите.
Дома е. Чекори, книга бара,
пишува, бележи,
кове зборови.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Будење...


Во далечината, вечнотот ехо се слуша, на тивкиот глас на будноста...
Ноќта е полна со месечина, а светлината изгледа како да се смрзнала на небесниот свод заледувајќи го млечниот пат да трепери на него...
Гласот во ехото се претвори во топла мелодија тивко ечејки низ простор-времето, топејки го мразот во длабочината...
Езерото замолкна во чудење, се отвори еден лотус во ноќта...
Целиот свет запра, зар е можно, да се отвориш во ноќта мал мој цвету го запраша гласот на будноста милувајќи го со мелодичниот звук...
Во многу тишини сум прошол, но дојде моментот на моето ослободување, затоа не прашувај ме ништо само пиј ја мојата убавина и вдиши го мирисот на мојата тишина во ноќта...
Зошто до изгреј сонцето има вечност прет тебе, а јас ги надминав законите твој, надмини се и ти гласу мој...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Осамени волци ја демнат Европа!



Се отвораат портите на викендот
а јас ноќен чувар
живо пиле нема
само некоја мачка не у смисла риба
него баш мачка ќе помине
и така цела ноќ
Дипломирав магистрирав
за да работам ко чувар
а курви по институции
по министерства
али јеби га, неправда
затоа еден ден сетете се
Осамени волци ја демнат Европа!
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Мисли во празен ум...

Носејќи се себе си како труп пцовисан
низ пустини пакосни, мирис на цветови свенати,
Од лево надесно, опојни мисли
гушнати в моите прегратки,
градите празни, воздухот блед
притискајќи ме однедогле
ме загушува мојот мртов свет
Ноќи не преспани, денови заспани
колку ли сум слеп,
со очи, а негледаш,
со уши, а неслушаш
со уста да не збориш
со мисли да одлеташ
Ете таков е овој лажен свет...
--- надополнето: 2 јули 2012 во 08:44 ---
Модерно хаику...


Сонцето огреа, сонцето зајде
Вечноста пројде, а памет никако да ми дојде
Истите грешки,
Исти сомнежи,
Истите мисли,
Исти емоции,
Пороци и гревови насобрани за во пекол спакувани,
Но рајот замене е на земјава, оваа моја земја богата
Игри без граници, крајно забегани
Сериозноста овде е непознат поим
Добредојдовте ако сте храбри
ризикот е неизбежен
часовите одбројани...
тик так, тик так....
Мрак...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom